bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Judges 7
Judges 7
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 8 →
1
И порани Јеровоам, односно Гедеон, утрината и сиот народ, што беше со него, и се сместија при изворот Арад; мадијамскиот, пак, логор беше на север од него, кај ридот Море, во долината.
2
И Господ му рече на Гедеона: »Со тебе има многу народ, не можам да ги предадам Мадијамците во негови раце, за да не се возгордее Израилот пред Мене и да каже: ‚мојата рака ме спаси‘.
3
Затоа разгласи да чуе народот, и кажи: ‚Кој се бои и е плашлив, нека се врати и веднаш нека оди на гората Галад‘«. И се вратија од народот дваесет и две илјади души, а десет илјади останаа.
4
И му рече Господ на Гедеона: »Народ сѐ уште има многу; одведи ги кај водата, таму ќе ти ги одберам; за кого ќе речам: ‚да оди со тебе‘, нека оди со тебе; а за кого ќе ти кажам: ‚не треба да оди со тебе‘, нека не оди.«
5
Тој го одведе народот кај водата. И му рече Господ на Гедеона: »Кој лока вода со јазикот свој, како што лока куче, него стави го настрана, исто така и сите оние, што клекнуваат за да пијат вода.«
6
И бројот на оние, што локаа со уста од рака, беше триста души; а сиот друг народ коленичеше, за да пие вода.
7
И му рече Господ на Гедеона: »Со тие триста, што локаа, ќе ве спасам и ќе ви ги предадам Мадијамците во рацете ваши, а сите други нека си одат секој во своето место«.
8
И тие ја зедоа храната од народот за себе и трубите нивни, и Гедеон ги распушти сите Израилци по шаторите, а задржа кај себе триста души. Мадијамскиот логор, пак, беше подолу од него – во долината.
9
Во онаа ноќ Господ му рече: »Стани, слези во логорот, зашто ти го предадов во твои раце.
10
Ако, пак, се плашиш да слезеш сам, оди во логорот со Фара, слугата свој;
11
и ќе чуеш што зборуваат, и тогаш ќе се зацврстат рацете твои, и ќе слезеш во логорот«. И слезе тој и Фара, слугата негов, до војниците, што беа во логорот.
12
А Мадијамците и Амаликовците и сите жители од исток се беа сместиле по долината во големо множество, како скакулци; камилите нивни беа безброј, беа многу – како песокот на морскиот брег.
13
Гедеон дојде. И ете, еден му го раскажува сонот на друг и вели: »Сонив дека еден тркалезен јачменов леб се тркала по мадијамскиот логор и откако се отркала до шаторот, удри во него така, што тој падна, го собори, и шаторот се растури.«
14
Другиот му одговори: »Тоа не е ништо друго, туку мечот на Гедеона, Јоасовиот син, Израилецот; Бог ги предал во рацете негови Мадијамците и целиот логор.«
15
Откако го чу прикажувањето за сонот и толкувањето негово, Гедеон Му се поклони на Господа, се врати во Израилскиот логор и рече: »Станувајте! Господ го предаде во рацете ваши мадијамскиот логор.«
16
И ги распореди тристоте души на три чети и на сите им даде по една труба и празни стомни и во стомните свеќи.
17
И им рече: »Гледајте ме мене и правете го истото; ете, ќе се доближам до логорот, и што ќе правам јас, тоа правете го и вие.
18
Кога јас и тие, што се со мене ќе затрубиме со труба, трубете и вие со вашите труби околу целиот логор и викајте: ‚Меч Господов и Гедеонов!‘«
19
И дојде Гедеон и сто души со него до крајот на логорот, во почетокот на средната стража, ги разбудија стражарите, затрубија со трубите и ги скршија стомните, што беа во рацете нивни.
20
И затрубија сите три чети со труби, и ги скршија стомните, и ги држеа во левата рака свеќите, а во десната рака трубите, трубеа и викаа: »Меч Господов и Гедеонов!«
21
И секој стоеше на местото свое околу логорот; тогаш во целиот логор се растрчаа, развикаа и почнаа да бегаат.
22
Дедека тие триста души трубеа со труби, Господ го сврте мечот на секого притив другарот негов по целиот стан, и војската бегаше до Бетшита кај Царер, до пределите на Авелмехол, близу до Табата.
23
Тогаш Израилците од племето Нефталимово, Асирово и од целото племе Манасиево беа повикани и се впуштија по Мадијамците.
24
А Гедеон испрати пратеници по целата гора Ефремова да кажат: »Излезете им во пресрет на Мадијамците и заземете им ги бродовите во водите на Ветир и Јордан.« И беа повикани сите Ефремовци, и ги зазедоа бродовите во водите на Ветир и Јордан;
25
И ги фатија двајцата мадијамски кнезови: Орива и Зива; Орива го убија во Сур, а Зива – во Јакевзив, и ги гонеа Мадијамците; главите, пак, на Орива и Зива му ги однесоа на Гедеон од онаа страна на Јордан.
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 8 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21