bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Judges 3
Judges 3
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 4 →
1
Еве ги народите, кои не знаеја за сите ханански војни,
2
само за да знаат и да се учат на војна подоцнежните поколенија на Израилевите синови, кои порано не ја знаеја:
3
шест филистејски војводства, сите Хананејци, Сидонци и Евејци, кои живееја во гората Вал-Ермон до Емат.
4
Тие беа оставени, за да биде преку нив искушан Израилот, и да се дознае, дали се покоруваат на заповедите Господови, кои Он ги беше заповедал на татковците нивни преку Мојсеја.
5
И живееја Израилевите синови меѓу Хананејците, Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Евејците, Гергесејците и Јевусејците,
6
и ги земаа ќерките нивни за жени, и им ги даваа ќерките свои на синовите нивни, и им служеа на нивните богови.
7
Синовите Израилеви извршија зло пред очите на Господа, и Го заборавија својот Господ Бог, и им служеа на Ваал и на Дубрави.
8
Тогаш Господ се разгневи силно против Израилот, и ги предаде во рацете ѝ Хусарсатем, царот на Сириска Месопотамија, и синовите Израилеви му робуваа на Хусарсатем осум години.
9
Потоа синовите Израилеви повикаа кон Господа, и издигнаа за синовите Израилеви спасител, кој ги избави, – Кенезовиот син Готониил, помалиот брат на Халев.
10
Врз него беше Духот Господов, и тој беше судија на Израилот. Тој објави војна против Хусарсатем, и Господ го предаде во рацете негови сирискиот цар Хусарсатем и раката негов се зацврсти над Хусарсатема.
11
И земјата беше спокојна четириесет години, Потоа умре Готониил, Кенезовиот син.
12
Синовите Израилеви почнаа пак да вршат зло пред Господа, и Господ му даде сила на моавскиот цар Еглон против Израилот, поради тоа што тие правеа зло пред Господа.
13
Тој ги собра при себеси синовите Амонитски и Амаликови, па тргна и го порази Израилот, и го завладеја градот на палмите.
14
И синовите Израилеви му робуваа на моавскиот цар Еглон осумнаесет години.
15
Тогаш синовите Израилеви пак повикаа кон Господа, и Господ им го избра за спасител Аода, синот на Гира, Еминиев син, кој беше левак. И синовите Израилеви му испратија по него дарови на моавскиот цар Еглон.
16
Аод си направи меч со две сечила, долг еден лакот, и го препаша под облеката своја на десното бедро,
17
и однесе дарови на моавскиот цар Еглон, а Еглон беше човек многу дебел.
18
Кога Аод ги поднесе сите дарови и ги испрати луѓето, што ги донесоа даровите,
19
сам се врати од идолите, што се во Галгал, и рече: »Царе, имам тајна за теба.« Тој рече: »Потивко!« И излегоа сите, што стоеја при него.
20
Аод влезе при него: тој седеше во летната горна соба, што ја имаше одделено. И рече Аод: »Имам Божја порака за тебе.« Еглон стана од престолот.
21
Кога тој стана, Аод ја подаде својата лева рака, и го зеде мечот од десното бедро и го заби во стомахот негов,
22
така што по сечилото влезе и дршката, и дебелината го покри сечилото; бидејќи Аод не го извади мечот од трбухот негов и излезе нечистотија.
23
Аод потоа излезе од собата, ја затвори вратата и ја заклучи.
24
Откако излезе, слугите на Еглон дојдоа и гледаа, ете, вратата на собата е заклучена, и си рекоа: – сигурно тој е надвор по потреба до летната соба
25
Чекаа доста долго, но откако видоа дека никој не ја отвора вратата од собата, зедоа клуч и отклучија, а таму господарот нивни лежи на земјата мртов.
26
Додека се чудеа, Аод избега, и никој на него не мислеше, мина покрај идолите и се спаси во Сетирот.
27
А штом пристигна во земјата Израилева, Аод затруби со труба во Ефремовата гора, и слегоа со него синовите Израилеви од гората, и тој тргна пред нив.
28
И им рече: »Одете по мене, зашто Господ Бог ги предаде непријателите ваши, Моавците, во ваши раце.« И тргнаа по него, презедоа моавски бродови на Јордан, и не пуштија никој да премине.
29
Тогаш убија околу десет илјади Моавци, сѐ здрави и силни, и никој не избега.
30
Така се смирија во оној ден Моавците пред Израилот, и земјата беше спокојна осумдесет години. И Аод беше нивни судија до својата смрт.
31
По него дојде Семегар, син Анатов, кој уби шестотини души Филистејци со воловски остен; и тој исто така го избави Израилот.
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21