bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Judges 2
Judges 2
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 3 →
1
Дојде Ангел Господов од Галгал во Вохим и рече: »Јас ве изведов од Египет и ве воведов во земјата, за која им се заколнав на татковците ваши; и реков: – нема да ги нарушам Мојот завет со вас засекогаш;
2
вие, пак, не влегувајте во сојуз со жителите на оваа земја; на боговите нивни не им се клањајте, идолите нивни скршете ги, жртвениците нивни урнете ги. Но вие не го послушавте гласот Мој. Зошто постапивте така?
3
Затоа велам: нема повеќе да ги преселувам тие луѓе, што сакав да ги истерам, нема да ги истерам од вас, и тие ќе бидат трње за вас, а боговите нивни ќе ви бидат соблазна.«
4
Кога Ангелот Господов ги кажа тие зборови пред сите синови Израилеви, народот крена голем пискот и заплака.
5
Поради тоа и го нарекуваат тоа место Вохим. Таму тие принесоа жртва на Господа.
6
Откако Исус го распушти народот, и синовите Израилеви заминаа, секој во домот свој и секој во својот дел, за да добие во наследство земја.
7
Народот Му служеше на Господа преку сите денови на Исуса и преку сите денови на старешините, чиј живот продолжи по Исуса, и кога ги беа виделе сите големи дела на Господа, какви што Он му направи на Израилот.
8
А кога умре Исус, синот Навинов, раб Господов, на сто и десет години,
9
го погребаа во пределите на неговиот дел во Тамнатарес, во Ефремовата гора, на север од гората Гаас;
10
и кога целиот тој народ се прибра кај татковците свои, и настана по нив друг род, кој не Го знаеше Господа и делата Негови, какви што му беше направил на Израилот, –
11
тогаш Израилевите синови почнаа да прават зло пред Господа и да му служат на Ваал;
12
го оставија Господа, Бога на татковците нивни, Кој ги беше извел од земјата Египетска, и се обрнаа кон други богови, кон боговите на тамошните околини, и почнаа да им се клањаат, и Го разгневија Господа;
13
Го отравија Господа и почнаа да му служат на Ваал и на разни Астарти.
14
Тогаш Господ силно се разгневи против Израилците и ги предаде во рацете на грабачи, кои ги ограбуваа; и ги предаде во рацете на околните непријатели таму, и не можеа повеќе да одолеат пред непријателите свои.
15
Насекаде, каде и да отидеа тие, раката Господова беше против нив на зло, како што им беше говорел Господ и како што им се беше заколнал Господ. И тие беа на голема мака.
16
Тогаш Господ им постави судии, кои ги спасуваа од рацете на оние што ги пленеа.
17
Но тие и нив не ги слушаа, туку блудствуваа со други богови и ним им се клањаа, па Го разгневија Господа, а потоа скршнаа од патот, по кој одеа татковците нивни, покорувајќи им се на заповедите од Гопода. Тие не правеа така.
18
Но кога Господ им поставуваше судии, Сам Господ беше со судијата и ги спасуваше од непријателите нивни преку сите дни на судијата, зашто Господ ги сожалуваше, слушајќи ги офкањата нивни од оние, што ги угнетуваа и потискаа.
19
Но штом ќе умреше судијата, тие одново почнуваа да живеат полошо од татковците свои, одејќи по други богови, да им служат и да им се клањаат. И не отстапуваа од делата свои жестоки и од лошиот пат свој.
20
Тогаш Господ силно се разгневи против Израилот и рече: »Поради тоа што овој народ отстапи од заветот Мој, што го поставив со татковците нивни, и не го послушаа гласот Мој,
21
ни Јас нема повеќе да протерувам пред нив ниеден од народите, што ги остави Исус, кога умираше, –
22
за да го испитам Израилот; ќе почнат ли да се држат до патот Господов и да одат по него, како што се држеа татковците нивни, или не?«
23
И Господ ги остави тие народи и не ги протера веднаш и не ги предаде во рацете на Исуса.
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21