bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Judges 4
Judges 4
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 5 →
1
Кога умре Аод, Израилевите синови пак почнаа да прават зло пред Господа.
2
И Господ ги предаде во рацете на хананскиот цар Јавин, кој царуваше во Асор, и на неговиот војвода Сисар, кој живееше во Арисот.
3
И повикаа Израилевите синови кон Господа; зашто Јавин имаше деветстотини железни коли и ги притискаше Израилевите синови дваесет години.
4
Во тоа време судија на Израилот беше пророчицата Девора, жената Лафидотова;
5
таа живееше под палма, меѓу Рама и Ветил, во Ефремовата гора и одеа кај неа Израилевите синови на суд.
6
Девора испрати по Варака, синот на Авинеема од Кедес Нефталимов, и му рече: »Зар не ти заповеда Господ, Бог Ираилев: – иди, собери народ на гората Тавор и земи со себеси десет илјади души од Нефталимовите синови и од Завулоновите синови;
7
Јас пак, ќе го доведам при тебе, кај потокот Кисон, Јавиновиот војвода Сисар, и колите негови и многуилјадната војска негова, и ќе ти го предадам во твои раце.«
8
Варак ѝ одговори: »Ако дојдеш со мене, ќе отидам; ако не дојдеш со мене, нема да отидам, зашто не го знам денот, во кој Господ ќе го испрати Ангелот со мене.«
9
Таа му рече: »Добро, ќе дојдам со тебе; само знај, дека нема да биде славата твоја по патот, по кој ќе одиш; зашто во женска рака ќе го предаде Господ Сисара.« И Девора стана и тргна со Варака за Кедес.
10
И Варак ги повика Завулоновците и Нефталимовците во Кедес, и по него тргнаа десет илјади души, и Девора појде со него.
11
Тогаш Кенеецот Хавер се оддели од Кенејците, синови на Овав, Мојсеев роднина, и го постави шаторот свој кај дабот, блузу до Кедес.
12
И му јавија на Сисара дека Авинеемовиот син Варак излегол на гората Тавор.
13
Сисар ги собра сите коли, деветстотини железни коли, и сиот народ, што беше со него, од Арисот незнабожечки кај потокот Кисон.
14
И Девора му рече на Варака: »Стани, бидејќи денес е денот, во кој Господ ќе го предаде Сисара во рацете твои; Сам Господ ќе тргне пред тебе.« И Варак слезе од гората Тавор, и по него – десет илјади души.
15
Тогаш Господ го доведе во забуна Сисара и сите негови коли и целиот народ негов пред Вараковиот меч, и Сисар слезе од колата своја и избега пеш.
16
Варак ги подгони колите негови и народот до дубравата незнабожечка и целиот народ Сисаров падна од остар меч, та не остана ниеден.
17
А Сисар побегна пеш до шаторот на Јаил, жената на Кенеецот Хавер, зашто меѓу асорскиот цар Јавин и домот на Кенеецот Хавер имаше мир.
18
Тогаш излезе Јаил и му рече на Сисара: »Влези господару мој, влези при мене, не плаши се!« Тој влезе при неа во шаторот, и таа го покри со наметката своја.
19
Сисар ѝ рече: »Дај ми малку вода да пијам, жеден сум.« Таа одврза мев со млеко, му даде да пие и пак го покри.
20
Сисар повторно ѝ рече: »Стој при влезот на шаторот и, ако некој додје и те праша: ‚нема ли некој тука?‘ а ти одговори – ‚нема‘«.
21
Јаил, Хаверовата жена, зеде еден колец од шаторот, зеде и чекан во раката своја, и отиде тивко при него, та му го заби колецот во слепоочниците негови, така што тој допре до земјата; а тој уморен спиеше, – и издивна.
22
И ете, Варак, трчаше по Сисара. Јаил го пречека и му рече: »Влези, јас ќе ти го покажам човекот, што го бараш.« Тој влезе при неа, и ете, Сисар лежи мртов, и колецот во слепоочниците негови.
23
Така го покори Господ Бог во тој ден хананскиот цар Јавин пред синовите Израилеви.
24
Раката на синовите Израилеви се засилуваше сѐ повеќе и повеќе над хананскиот цар Јавин, додека тие најпосле не го истребија.
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 5 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21