bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Numbers 14
Numbers 14
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 15 →
1
Тогаш целиот народ почна да вика и плачеше (целата) онаа ноќ;
2
и сите синови израилски негодуваа против Мојсеј и Арон, и целиот народ им велеше: „О, да бевме умреле во египетската земја, или да бевме изумреле во оваа пустина!
3
И зошто Господ нѐ води во таа земја, за да паднеме во борба! Жените наши и децата наши ќе станат плен; не е ли подобро да се вратиме во Египет!“
4
Па си велеа едни на други: „Да си избереме старешина, и да се вратиме во Египет.“
5
Тогаш Мојсеј и Арон паднаа ничкум пред целото општество на синовите израилски.
6
Тогаш Исус, синот Навинов, и Халев, Синот Јефунеов, кои беа од оние, што ја беа разгледале земјата, ги раскинаа облеките свои
7
и им рекоа на сите собрани синови израилски: „Земјата, што ја изодивме, за да ја разгледаме, е многу, многу добра.
8
Ако Господ нѐ сака, ќе нѐ воведе во неа и ќе ни ја даде – таа земја, каде што тече мед и млеко;
9
само не бунтувајте се против Господ и не плашете се од народот на таа земја: тој е мал залак за нас; тие немаат заштита, а со нас е Господ; не плашете се од нив.“
10
И сиот народ рече: „Да ги убиеме со камења!“ Но славата Господова се јави (во облак) над скинијата на собранието пред сите синови израилски.
11
И му рече Господ на Мојсеј: „До кога ќе Ме огорчува овој народ, и до кога нема да Ми верува и покрај сите знаци, што ги извршив Јас меѓу него?
12
Ќе го казнам со смрт, ќе го уништам, и ќе создадам од тебе (и од домот на твојот татко) народ помногуброен и посилен од овој.“
13
Но Мојсеј Му рече на Господ: „Ќе чујат Египќаните, од чија средина Ти со силата Своја го изведе овој народ,
14
и ќе им кажат на жителите на таа земја, кои слушнале дека Ти, Господи, си меѓу овој народ, и дека Ти, Господи, им се јавуваш како лице во лице, и Твојот облак стои над нив, и Ти одиш пред нив дење во облаков столб, а ноќе во огнен столб;
15
па, ако Ти го уништиш овој народ до последен човек, тогаш сите оние што слушнале за славата Твоја, ќе речат:
16
‚Господ, не можејќи да го воведе овој народ во земјата, што со клетва му ја вети, го погуби во пустината.‘
17
И така, нека се возвеличи силата Твоја, Господи, како што рече, велејќи:
18
‚Господ е долготрпелив и многумилостив (и вистинит), Кој ги простува беззаконијата и престапите (и гревовите), и не остава без казна, туку за беззаконијата на предците ги казнува потомците дури до третото и четвртото колено.‘
19
Прости им го гревот на овие луѓе поради Твојата преголема милосрдност, како што си му простувал на овој народ од Египет до тука.“
20
И рече Господ: „Простувам според зборот твој;
21
но жив сум Јас (и секогаш ќе живее името Мое), и целата земја е полна со славата Господова:
22
затоа сите оние, што ја видоа славата Моја и делата Мои, што ги извршив во Египет и во пустината, и Ме искушуваа веќе десетпати, и не го послушаа гласот Мој,
23
нема да ја видат земјата, што со клетва им ја ветив на предците нивни; сите оние што Ме огорчуваа, нема да ја видат; (само на децата нивни, кои се тука со Мене, кои не знаат што е добро, што е лошо, на сите малолетни, кои ништо не разбираат, ним ќе им ја дадам земјата);
24
но Мојот слуга Халев, поради тоа што во него имаше друг дух, и затоа што Ми беше наполно верен, него ќе го воведам во земјата, во која тој отиде, и неговото потомство ќе ја наследи.
25
Амаликијците и Хананците живеат во долината; затоа утре вратете се и одете во пустината кон Црвеното Море!“
26
И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:
27
„До кога овој лош народ ќе негодува против Мене? Јас го слушам негодувањето на синовите израилски, што го упатуваат против Мене.
28
Кажи им: Жив сум Јас, вели Господ – како што вие Ми говоревте во ушите Мои, така ќе ви направам и Јас вам;
29
во оваа пустина ќе паднат телата ваши, и сите вие преброени, колку што сте на број, од дваесет години и нагоре, што се буните против Мене,
30
нема да влезете во земјата, во која Јас со крената рака решив да ве населам, освен Халев, Јефунеовиот син, и Исус, Навиновиот син;
31
децата ваши, за кои велевте дека ќе станат плен, ќе ги воведам таму, и тие ќе ја познаат земјата, што вие ја презревте;
32
а вашите трупови ќе паднат во оваа пустина;
33
синовите ваши, пак, ќе скитаат по пустината четириесет години и ќе страдаат, носејќи го вашиот грев сѐ додека не загинат телата ваши во пустинава;
34
според бројот на четириесетте дена, во кои ја разгледувавте земјата, вие ќе страдате за гревовите ваши четириесет години, година за ден, па да разберете што значи да бидете напуштени од Мене.
35
Јас, Господ, ви велам дека така и ќе постапам со сиов овој народ, востанат против Мене: во оваа пустина сите ќе изгинат и ќе изумрат.“
36
И оние, кои Мојсеј ги испрати да ја разгледаат земјата и, кои по враќањето свое, се побунија пред сиов овој народ против него, ширејќи лоши гласови за земјата,
37
оние, што ширеа лоши гласови за земјата, умреа, казнети пред Господ;
38
само Исус, синот Навинов, и Халев, синот Јефунеов, останаа живи од оние мажи, кои беа отишле да ја разгледаат земјата.
39
И ги кажа Мојсеј тие зборови пред сите синови израилски, а народот многу се разжалости.
40
И кога станаа рано утредента, се искачија на врвот од планината, велејќи: „Ете, ќе отидеме на она место, за кое Господ рече, бидејќи згрешивме.“
41
Но Мојсеј рече: „Зошто ја пренебрегнувате заповедта Господова? Нема да успеете:
42
не одете горе, бидејќи Господ не е меѓу вас; и ќе паднете од непријателите ваши,
43
зашто таму пред нас се Амаликијците и Хананците, и ќе паднете од нож, зашто не Му се покоривте на Господ, и Господ нема да биде со вас.“
44
Но тие решија и се искачија на врвот од планината; а ковчегот на заветот Господов и Мојсеј не се одделија од логорот.
45
И слегоа Амаликијците и Хананците, што живееја на онаа планина, ги разбија и ги гонеа дури до Хорма (и се вратија во логорот).
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36