bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Numbers 26
Numbers 26
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 25
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 27 →
1
По тој пораз Господ му рече на Мојсеј и на свештеникот Елеазар, син Аронов, велејќи:
2
„Преброј го целото општество на синовите израилски од дваесет години нагоре, според семејствата нивни, сите способни за војување во Израил.“
3
И им рекоа Мојсеј и свештеникот Елеазар во рамнините моавски кај Јордан, спроти Ерихон, велејќи:
4
„Пребројте ги сите од дваесет години и нагоре, како што заповеда Господ на Мојсеј и на синовите израилски, кога излегоа од египетската земја:
5
Рувим, првороден син Израилев. Рувимови потомци: од Анох – родот Аноховци, од Палу – родот Палуовци,
6
од Есром – родот Есромовци, од Карми – родот Кармиевци;
7
тоа се Рувимовите родови: на број тие беа четириесет и три илјади седумстотини и триесет.
8
Палуовите потомци: Елијав,
9
и Елијавовите синови: Немуел, Датан и Авирон. Тоа се оние Датан и Авирон, претставници во Соборот, кои предизвикаа смут против Мојсеј и Арон заедно со групата на Кореј, кога тие предизвикаа бунт против Господ;
10
па земјата ја отвори устата своја и ги голтна заедно со Кореј: заедно со нив умреа и соучесниците нивни, кога оган изгоре двесте и педесет човека, и тие станаа за пример;
11
но синовите на Кореј не умреа.
12
Симеоновите потомци според поколенијата нивни: од Немуел – Немуеловото поколение, од Јамин – Јаминовото поколение, од Јахин – Јахиновото поколение,
13
од Зерах – Зераховото поколение, од Саул – Сауловото поколение;
14
тоа се Симеоновите родови (од нивното пребројување): дваесет и две илјади и двесте.
15
Јудините потомци: Ер и Онан, Ер и Онан умреа во хананската земја;
16
Јудините синови според поколенијата нивни беа: од Сала – Салаовото поколение, од Фарес – Фаресовото поколение, од Зерах – Зераховото поколение.
17
Фаресови синови беа: од Есром – Есромовото поколение, од Хамул – Хамуловото поколение;
18
тоа се Јудините родови според пребројувањето нивно: седумдесет и шест илјади и петстотини.
19
Исахарови потомци според поколенијата нивни: од Тола – Толовото поколение, од Пуа – Пуиното поколение,
20
од Јашув – Јашувовото поколение, од Шимрон – Шимроновото поколение;
21
тоа се Исахаровите родови, според пребројувањето нивно: шеесет и четири илјади и триста.
22
Завулонови потомци според родовите нивни: од Серед – родот Середиев, од Елон – родот Елонов, од Јахлеел – родот Јахлеелов.
23
Тоа се Завулоновите родови, според пребројувањето нивно: шеесет илјади и петстотини.
24
Гадови потомци според родовите нивни: од Цефон – родот Цефоновци, од Хагиј – родот Хагиевци, од Шуниј – родот Шуниевци,
25
од Озниј – родот Озниевци, од Ериј – родот Ериовци,
26
од Арод – родот Ародовци, од Арелиј – родот Арелиевци.
27
Тоа се родовите на Гадовите потомци, според пребројувањето нивно: четириесет илјади и петстотини.
28
Асирови потомци според поколението нивно: од Јимна – Јимнаовото поколение, од Јишви – Јишвиевото поколение, од Берија – Бериевото поколение.
29
Од Бериевите синови, од Хевер – Хеверовото поколение, од Малхиил – Малхииловото поколение.
30
Името на Асировата ќерка беше Зара.
31
Тоа се поколенијата на Асировите потомци според пребројувањето нивно: педесет и три илјади и четиристотини.
32
Јосифови потомци според поколенијата нивни: Манасија и Ефрем.
33
Манасиеви потомци: од Махир – Махирово поколение, од Махир се роди Галаад, од Галаад – Галаадово поколение.
34
Еве ги Галаадовите потомци: од Иезер – Иезеровото поколение, од Хелек – Хелековото поколение,
35
од Азриил – Азрииловото поколение, од Сихем – Сихемовото поколение,
36
од Шемида – Шемидаовото поколение, од Хефер – Хеферовото поколение.
37
Салпаад, син Хеферов, немаше синови, туку само ќерки; имињата на Салпаадовите ќерки беа: Махла, Ноа, Хогла, Милка и Тирца.
38
Тоа се Манасиевите поколенија; а на број тие беа педесет и две илјади и седумстотини.
39
Еве ги Ефремовите потомци според родовите нивни: од Шутелах – Шутелаховиот род, од Бехер – Бехеровиот род, од Тахан – Тахановиот род.
40
А еве ги Шутелаховите потомци: од Еран – Ерановиот род.
41
Тоа се родовите на Ефремовите потомци, според пребројувањето нивно: триесет и две илјади и петстотини. Тоа се Јосифовите потомци според поколенијата нивни.
42
Венијаминовите потомци според поколенијата нивни: од Бела – Белаовото поколение, од Ашбел – Ашбеловото поколение, од Ахирам – Ахирамовото поколение;
43
од Шефуфам – Шефуфамовото поколение; од Хуфам – Хуфамовото поколение.
44
Синови на Бела беа: Ард и Нааман: од Ард – Ардово поколение, од Нааман – Наамановото поколение;
45
тоа се Венијаминовите потомци според поколенијата нивни; а на број тие беа четириесет и пет илјади и шестотини.
46
Еве ги Дановите потомци според родовите нивни: од Шухам – Шухамовиот род; тоа се родовите Данови според поколенијата нивни.
47
А сите Шухамови родови според пребројувањето нивно беа: шеесет и четири илјади и четиристотини.
48
Нефталимови потомци според родовите нивни: од Јахцеел – Јахцееловиот род, од Гуниј – Гуниевиот род;
49
од Јецер – Јецеровиот род, од Шилем – Шилемовиот род;
50
тоа се Нефталимовите родови според пребројувањето нивно: а на број тие беа четириесет и пет илјади и четиристотини.
51
Тоа се влезените во пребројувањето синови израилски: шестотини и една илјада седумстотини и триесет.“
52
И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
53
„Ним да им се подели земјата во наследство, според бројот на имињата;
54
на помногубројните дај им поголем дел, а на помалубројните дај им помал дел: секому треба да му се даде дел сразмерно со бројот на влезените во пребројувањето;
55
земјата треба да се подели со ждрепка; тие треба да добијат наследство според имињата на нивните родови;
56
со ждрепка да им се поделат нивните делови – како на многубројните, така и на малубројните.“
57
А тоа се Левиевите родови, што влегоа во пребројувањето според поколенијата свои: од Гирсон – Гирсоновото поколение, од Каат – Каатовото поколение, од Мерариј – Мерариевото поколение.
58
Ова се Левиевите родови: родот Ливниев, родот Хеврониев, родот Махлиев, родот Мушиев, родот Кореов. Од Каат се роди Амрам.
59
Името на Амрамовата жена беше Јохевед, ќерка Левиева, која е родена од Левиевата жена во Египет, а таа му ги роди на Амрам Арон, Мојсеј и Мирјам, нивната сестра.
60
На Арон му се родија Надав и Авиу, Елеазар и Итамар;
61
но Надав и Авиу умреа, кога принесоа туѓ оган пред Господ.
62
Сите од машки пол, од еден месец и нагоре, беа преброени дваесет и три илјади; тие не беа преброени заедно со синовите израилски, зашто не им беше даден дел меѓу синовите на Израил.
63
Тоа се преброените од Мојсеј и свештеникот Елеазар, кои ги преброија синовите израилски во рамнините моавски кај Јордан, спроти Ерихон;
64
меѓу нив немаше ни еден од оние, кои Мојсеј и свештеникот Арон ги преброија, кога ги пребројуваа синовите израилски во Синајската Пустина;
65
зашто Господ им беше рекол дека тие ќе изумрат во пустината. И никој од нив не остана, освен Јефунеовиот син Халев и Навиновиот син Исус.
← Chapter 25
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 27 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36