bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Numbers 15
Numbers 15
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 16 →
1
И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
2
„Кажи им на синовите израилски и речи им: кога ќе влезете во земјата, во која ќе живеете и која ви ја давам,
3
и почнете да принесувате на Господ жртви сепаленици, или жртви заклани, поради завет, или од сесрдност, или во текот на празниците ваши, за да направите пријатен мирис пред Господ, од крупниот или од ситниот добиток,
4
тогаш оној, кој ја принесува жртвата на Господ, треба да принесе и лебен принос на Господ од една десетина ефа пченично брашно, измешано со четврт ин маслиново масло;
5
и вино за прелив принесувај по четврт ин за сепаленица, како и за друга жртва, ако таа жртва е едно јагне (за благопријатен мирис пред Господ).
6
И овен кога принесувате, принесувајте и лебен принос две десетини од ефа пченично брашно, измешано со една третина ин маслиново масло;
7
и вино за прелив принеси една третина ин за благопријатен мирис пред Господ.
8
Ако принесувате сепаленица од говедата, или колена жртва, поради завет или како жртва за мир,
9
тогаш заедно со јунецот принесете и лебен принос три десетини од ефа пченично брашно, измешано со половина ин маслиново масло,
10
и вино за прелив принесете половина ин како жртва, за благопријатен мирис пред Господ.
11
Така прави при секој принос на јунец, на овен, и на јагне или јаре;
12
според бројот на жртвите, што ги принесувате, така правете при секоја од нив, според бројот нивни.
13
Секој тукашен така треба да прави, кога принесува жртва за благопријатен мирис пред Господ;
14
и кога меѓу вас има придојден или кој и да било меѓу вас во поколенијата ваши, и принесе жртва за благопријатен мирис пред Господ, и тој треба да прави така, како што правите вие;
15
за вас, народот Господов, и за придојдениот, кој живее меѓу вас, законот да биде еден, вечниот закон во родовите ваши: што сте вие, тоа да биде и придојдениот пред Господ;
16
еден закон и еднакви права да има, и за вас, и за придојдениот, кој живее меѓу вас.“
17
Му рече уште Господ на Мојсеј, велејќи:
18
„Кажи им на синовите израилски и речи им: кога ќе влезете во земјата, во која ве водам,
19
и ќе почнете да јадете леб од таа земја, оставете и дел за Господ;
20
од првините на тестото принесете; леб принесете од гумното.
21
Од првината на тестото ваше принос принесувајте Му на Господ во родовите ваши.“
22
„Ако погрешите поради незнаење и не ги исполните сите тие заповеди, кои Господ му ги кажа на Мојсеј,
23
сѐ она, што ви заповеда Господ Бог преку Мојсеј, од денот, кога Господ ви заповедал, и за во иднината во родовите ваши,
24
ако грешката е направена неволно од народот, тогаш целото општество нека принесе еден јунец (без недостаток) за сепаленица, за благопријатен мирис на Господ, заедно со лебен принос и прелив, според прописите, и еден козел – жртва за грев.
25
И свештеникот ќе го ослободи од грев целото општество на синовите израилски, и ќе им се прости, зашто тоа било грешка, и тие принеле свој дар на Господ и жртва за грев пред Господ, поради своето незнаење.
26
И ќе му биде простено на целото општество на синовите израилски и на придојдениот, кој живее меѓу нив, зашто целиот народ го направил тоа поради незнаење.
27
Ако некој сам згреши не сакајќи, нека принесе едногодишна коза заради својот грев.
28
И свештеникот ќе ја ослободи од грев таа душа, која не сакајќи направила пред Господ грев, и таа ќе биде очистена и ќе ѝ биде простено.
29
Еден закон да биде за сите вас, како за жителите од синовите израилски, така и за придојдениот, кој живее меѓу вас, кога некој ќе погреши несакајќи.
30
Ако некој од тукашните или од придојдените изврши нешто со дрскост, тој Го хули Господа; да се истреби таа душа од народот свој;
31
зашто тој го презрел зборот на Господ и ја нарушил заповедта Негова; да биде истребена таа душа; гревот нејзин да биде врз неа.“
32
Кога синовите израилски беа во пустината, најдоа еден, како собира дрва во саботен ден;
33
и оние, што го најдоа, како собира дрва, го приведоа кај Мојсеј и Арон и кај целото општество;
34
и го затворија, бидејќи уште не беше решено, што да се прави со него.
35
И му рече Господ на Мојсеј: „Тој човек треба да умре; целото општество да го убие со камења надвор од населбата.“
36
Тогаш целото општество го изведе надвор од населбата, и го убија со камења, и тој умре, како што му заповеда Господ на Мојсеј.
37
И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
38
„Објави им на синовите израилски и кажи им да си прават реси по полите на своите облеки во поколенијата свои, и во ресите, што се по полите, да ставаат нишки од сина преѓа,
39
и тие да ви бидат на ресите, па, кога ги гледате, да се потсетувате на сите заповеди Господови и да ги извршувате и да не се поведувате по срцето свое и очите ваши, кои ве водат во заблуда.
40
Да ги помните и извршувате сите Мои заповеди и да бидете свети пред вашиот Бог.
41
Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве изведе од египетската земја, за да ви бидам Бог. Јас сум Господ, Бог ваш.“
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 16 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36