bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Numbers 16
Numbers 16
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 17 →
1
Кореј, синот на Јицхар, синот на Каат, синот Левиев, како и Датан и Авирон, синовите на Елијав, и Тој, синот на Пелет, потомци Рувимови,
2
востанаа против Мојсеј заедно со двесте и педесет мажи од синовите израилски, началници на народот, претставници во собранието, мажи познати.
3
И се собраа против Мојсеј и Арон и им рекоа: „Доста ви е толку; целото општество, сите се свети, и меѓу нив е Господ! А вие зошто се поставувате погоре од народот Господов?“
4
Кога го чу тоа, Мојсеј падна ничкум
5
и му кажа на Кореј и на сите негови соучесници, велејќи: „Утре ќе покаже Господ, кој е Негов, и кој е свет, за да го приближи кон Себеси; и кого Тој ќе го избере, него и ќе го доближи до Себеси.
6
Еве што ќе направите: Кореј и сите негови соучесници, земете си ги кадилниците
7
и утре ставете во нив оган и сипете во нив темјан пред Господ; кого Господ ќе го избере, тој и ќе биде свет. Доста ви е толку Левиеви синови!“
8
И му рече Мојсеј на Кореј: „Чујте Левиеви синови!
9
Малку ли ви е тоа, што Бог Израилев ве оддели од израилското општество и ве приближи кон Себеси, за да служите при скинијата Господова и да стоите пред народот, служејќи за Него?
10
Тој те приближи тебе и заедно со тебе сите твои браќа, Левиеви синови, а вие барате уште и да свештенодејствувате.
11
И така, ти и целата твоја дружина сте се собрале против Господ. Што е Арон, па негодувате против него?“
12
Мојсеј испрати да ги повикаат Датан и Авирон, Елијавовите синови. Но тие рекоа: „Нема да одиме!
13
Малку ли ти беше, што нѐ изведе од земјата, каде што тече мед и млеко, за да нѐ погубиш во пустината, а сакаш уште и да господариш над нас!
14
Нѐ воведе ли во земјата, каде што тече мед и млеко, и ни даде ли да владееме ниви и лозја? Или сакаш да им ги извадиш очите на тие луѓе? Нема да одиме!“
15
Мојсеј се јадоса многу, и Му рече на Господ: „Не свртувај го погледот Свој кон нивниот принос; на никого од нив не сум му зел магаре, никому од нив не сум му направил зло.“
16
И му рече Мојсеј на Кореј: „Утре ти и целиот твој народ застанете пред лицето Господово, ти и Арон, и другите,
17
па секој нека ја земе кадилницата своја, и ставете во нив темјан, и донесете ја пред лицето Господово секој својата кадилница – двесте и педесет кадилници; и ти и Арон, секој својата кадилница.“
18
И сите ги зедоа своите кадилници, ставија во нив оган, ставија во нив темјан, и застанаа при влезот од скинијата на собранието; исто така и Мојсеј и Арон.
19
И Кореј го собра против нив целото општество при влезот од скинијата на собранието. И славата Господова се јави пред целото општество.
20
И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:
21
„Секој од вас нека се истави од тие луѓе, и во еден миг ќе ги истребам.“
22
А тие паднаа ничкум и рекоа: „Боже, Боже на духовите во сите тела, Ти што даваш живот на секоја плот! Еден човек згреши, а Ти на целото општество ли се гневиш?“
23
И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
24
„Кажи му на народот: ‚отстапете наоколу од живеалиштата на Кореј, Датан и Авирон!‘“
25
И стана Мојсеј и отиде кај Датан и Авирон, и по него отидоа и старешините израилски.
26
И му рече на народот: „Тргнете се од шаторите на тие луѓе со жестоко срце и не се допирајте до ништо нивно, за да не загинете (заедно со нив) во сите нивни гревови!“
27
Тие се тргнаа наоколу од живеалиштата на Кореј, Датан и Авирон; а Датан и Авирон излегоа и застанаа пред вратите на шаторите свои и жените нивни, и синовите нивни, и малите деца нивни!
28
Тогаш Мојсеј рече: „По ова ќе познаете дека Господ ме испрати да ги извршам сите овие дела, а не го правам тоа сам од себеси.
29
Ако умрат тие, како што умираат сите луѓе, и ги стигне таква казна, каква што ги стигнува сите луѓе, тогаш Господ не ме пратил;
30
но, ако Господ изврши нешто необично, и земјата ја отвори устата и ги голтне (нив и домовите нивни, и куќите нивни) со сѐ што имаат, и тие слезат живи во адот, тогаш уверете се дека овие луѓе Го разгневиле Господа.“
31
Штом ги изговори тие зборови, земјата се распука под нивните нозе,
32
и земјата ја отвори устата своја и ги голтна нив и семејствата нивни, како и сите луѓе на Кореј со сиот нивен имот,
33
и тие слегоа живи во адот со сѐ што беше нивно, и земјата ги покри, и нив ги снема од заедницата израилска.
34
Сите Израилци, што беа околу нив, се разбегаа од нивното викање, зашто си рекоа: „Бегајте, за да не нѐ голтне и нас земјата.“
35
Оган излезе од Господ и ги изгори оние двесте и педесет мажи, што беа принеле темјан.
36
И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
37
„Кажи му на Елеазар, синот на свештеникот Арон, да ги собере (бронзените) кадилници на изгорените и огнот да го исфрли, бидејќи тие се осветија,
38
кадилниците на овие грешници поради нивната смрт, да се сплескаат на листови за оковување на жртвеникот, зашто тие ги донесоа пред лицето Господово, и затоа се осветија; и тие ќе бидат опомена за синовите на Израил.“
39
Тогаш свештеникот Елеазар, ги зеде бакарните кадилници, што ги беа донеле изгорените, и ги сплескаа на листови за оковување на жртвеникот,
40
за да помнат синовите израилски, па никој надворешен, кој не е од Ароновото семе, да не принесува темјан пред Господ, за да не стане и со него она, што стана со Кореј и соучесниците негови, како што му беше рекол Господ преку Мојсеј.
41
На вториот ден целото општество на синовите израилски се побуни против Мојсеј и Арон и рече: „Вие го уништивте народот Господов.“
42
И кога се собра народот, за да ги нападне Мојсеј и Арон, тие се свртеа кон скинијата на собранието, и ете, ја покри облак и славата Господова се јави.
43
И се приближија Мојсеј и Арон кон скинијата на собранието.
44
И му рече Господ на Мојсеј (и на Арон), велејќи:
45
„Отстранете се од тие луѓе и Јас во еден миг ќе ги погубам!“ Но тие паднаа на колена.
46
И му рече Мојсеј на Арон: „Земи ја кадилницата, стави во неа оган од жртвеникот, сипи темјан и носи го тоа што поскоро кај народот и помоли се за нив, зашто гнев излезе од лицето на Господ, и почна да ги погубува луѓето.“
47
И направи Арон, како што рече Мојсеј, и се најде кај народот, и ете веќе почна помор меѓу народот. И тој исипа темјан и се помоли за народот:
48
застана меѓу мртвите и живите, и поморот престана.
49
Изумреа од поморот четиринаесет илјади и седумстотини души, освен умрените по делото на Кореј.
50
Тогаш Арон се врати кај Мојсеј, при влезот од скинијата на собранието, откако престана поморот.
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 17 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36