bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
2 Samuel 13
2 Samuel 13
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 14 →
1
Потоа се случи ова: Давидовиот син Авесалом имаше сестра убавица, по име Тамара, и Амнон, Давидовиот син, се вљуби во неа.
2
И Амнон толку се мачеше што се разболе по сестра си Тамара зашто таа беше девица, и на Амнон му се виде дека ќе биде многу тешко да направи нешто со неа.
3
Но Амнон имаше пријател, по име Јонадав, син на Шима, Давидов брат; а Јонадав беше многу итар човек.
4
И тој му рече: „Зошто толку слабееш од ден на ден, царски сине, нема ли да ми кажеш?“ Амнон му одговори: „Јас ја сакам Тамара, сестрата на братот мој Авесалом.“
5
Јонадав му рече: „Легни на леглото свое и направи се болен; и кога ќе дојде татко ти да те види, кажи му: Нека дојде сестра ми Тамара и да ми даде да јадам, и да зготви пред мои очи јадење, да го видам и да јадам од нејзините раце.“
6
Амнон легна и се направи болен, и царот дојде да го види; Амнон тогаш му рече на царот: „Нека дојде сестра ми Тамара и да приготви пред мои очи две слатки питки, та да каснам од рацете нејзини.“
7
Давид испрати човек во куќата да ѝ каже на Тамара: „Оди во куќата на братот свој Амнон и зготви му јадење.“
8
Таа отиде во куќата на својот брат Амнон, а тој лежеше. Таа зеде брашно, замеси, приготви питки пред неговите очи и ги испече;
9
ја зеде тавата и ги стави пред него, но тој не сакаше да јаде. Тогаш рече Амнон: „Нека излезат сите што се покрај мене.“ И излегоа сите луѓе што беа покрај него.
10
И Амнон ѝ кажа на Тамара: „Однеси го јадењето во внатрешната соба, и јас ќе каснам од твоите раце.“ Тамара ги зеде питките што ги беше приготвила, и му ги однесе на брата си Амнон во внатрешната соба.
11
А кога таа му стави да јаде, тој ја фати и ѝ рече: „Дојди легни со мене, сестро.“
12
Но таа рече: „Не, брате, немој да ме обесчестиш, зашто така не се постапува во Израел; не прави го тоа безумство.
13
Па јас каде ќе одам со бесчестието свое? И ти ќе бидеш безумник во Израел; разговарај со царот; тој нема да откаже да ме даде за тебе.“
14
Но тој не сакаше да ги слуша нејзините зборови; ја совлада и легна со неа.
15
Потоа Амнон ја замрази многу, така што омразата негова спрема неа беше посилна од љубовта што ја имаше кон неа; и Амнон ѝ рече: „Стани, оди си!“
16
А Тамара му рече: „Не, брате, да ме избркаш е поголемо зло од првото што ми го направи.“ Но тој не сакаше да ја слуша.
17
И го повика момчето што му слугуваше, па му рече: „Истерај ја оваа надвор и заклучи ја вратата по неа.“
18
Таа носеше шарена облека, бидејќи такви горни облеки носеа царските ќерки — девици. Слугата ја изведе надвор и ја заклучи вратата по неа.
19
Тамара си ја посипа главата своја со пепел, ја раскина својата шарена облека, со која беше облечена, ги стави рацете свои на главата своја, и така одеше и викаше.
20
А брат ѝ Авесалом ѝ рече: „Нели Амнон, братот мој, беше со тебе? Но сега молчи, сестро; тој ти е брат; не го кини срцето свое заради таа работа.“ И Тамара живееше самотно во домот на братот свој Авесалом.
21
Царот Давид слушна за сето тоа и силно се разгневи.
22
Авесалом, пак, не му рече на Амнон ни лошо ни добро; тој го намрази Амнон, поради тоа што ја обесчести сестра му Тамара.
23
По две години имаше стрижба на овци кај Авесалом во Ваал-Асор, близу до Ефрем и Авесалом ги повика сите царски синови.
24
И дојде Авесалом кај царот и рече: „Ете, кај твојот слуга денес има стрижба на овци, нека појде царот и слугите негови со твојот слуга.“
25
Но царот му рече на Авесалом: „Не, синко, нема да дојдеме сите за да не ти додеваме.“ И Авесалом го молеше многу; но тој не сакаше да оди и го благослови.
26
Тогаш Авесалом му рече: „Нека дојде со нас барем братот мој Амнон.“ А царот му рече: „Зошто да дојде со тебе?“
27
Но Авесалом го убеди и тој го пушти со него Амнон и сите царски синови.
28
Авесалом им заповеда на момците свои, велејќи им: „Гледајте, кога ќе се развесели срцето на Амнон од виното, и кога јас ќе ви кажам: удрете го Амнон, тогаш убијте го, не плашете се; тоа јас ви заповедам, бидете смели и храбри.“
29
Авесаломовите слуги направија со Амнон, како што им заповеда Авесалом. Тогаш станаа сите царски синови, се качи секој на маската своја и избегаа.
30
Кога тие беа уште на пат, дојде глас до Давид дека Авесалом ги убил сите царски синови, и дека од нив не останал ниеден.
31
Тогаш царот стана, ја раскина облеката своја, и се фрли на земјата, и сите слуги негови што стоеја крај него, ги раскинаа своите облеки.
32
Но Јонадав, синот на Шима, Давидов брат, рече: „Да не мисли господарот мој дека сите момци, царски синови се убиени: само Амнон е убиен, зашто Авесалом ја имаше таа мисла од денот, кога Амнон ја обесчести сестрата негова;
33
поради тоа, мојот господар, царот, нека не се обеспокојува од мислата дека сите царски синови умреле; умре само Амнон.“
34
А Авесалом избега. Момчето што стоеше на стража, ги крена очите и виде: ете, многу народ врви по патот низ надолнината.
35
Тогаш Јонадав му рече на царот: „Тоа се царските синови, кои доаѓаат; како што кажа твојот слуга, така навистина станало.“
36
И штом го изговори тоа, ете, пристигнаа царските синови и фатија да плачат. Па и царот и сите слуги негови плачеа многу силно.
37
Авесалом, пак, избега и отиде кај Талмај, синот на Гесурскиот цар Амихуд. И царот Давид плачеше за синот свој за сето време.
38
Авесалом избега, дојде во Гесур и таму престојуваше три години.
39
И царот Давид престана да го гони Авесалом, зашто се утеши поради смртта на Амнон.
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 14 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24