bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
2 Samuel 18
2 Samuel 18
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 17
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 19 →
1
Давид ги прегледа луѓето што беа со него, и постави над нив илјаданачалници и стотници.
2
Давид ги испрати луѓето: една третина под водство на Јоав, една третина под водство на Авеса, синот Саруев, брат Јоавов, една третина под водство на Гетчанецот Итај. Тогаш царот им рече на луѓето: „И јас ќе дојдам со вас.“
3
Но луѓето му одговорија: „Не доаѓај, зашто, ние и да избегаме, тоа нема да се забележи; и половината од нас да умре, тоа исто така нема да се забележи; ти, бидејќи сам чиниш колку десет илјади од нас, затоа подобро е за нас да ни помагаш од градот.“
4
Царот им рече: „Што ќе најдете за добро, тоа и ќе го направам.“ И царот се задржа кај портите, и сиот народ излегуваше по стотици и по илјади.
5
Царот им заповеда на Јоав, Авеса и Итај, велејќи: „Зачувајте ми го момчето Авесалом.“ И сите слушнаа што им заповедаше царот на сите началници за Авесалом.
6
Излегоа луѓето во полето против Израелците, и започна битка во Ефремовата Гора.
7
И народот Израелов беше победен од Давидовите луѓе; тој ден таму имаше голем пораз, — беа убиени дваесет илјади души.
8
А битката се прошири по целата онаа земја, и гората проголта повеќе луѓе, отколку што се истреби со мечот во тој ден.
9
Авесалом се сретна со Давидовите слуги; тој јаваше маска. Кога маската навлезе под гранките на еден голем даб, косата на Авесалом му се заплетка во гранките од дабот, и тој почна да виси меѓу небото и земјата, а маската што беше под него избега.
10
Некој го виде тоа и му јави на Јоав, велејќи: „Ете, јас го видов Авесалом како виси на дабон.“
11
Јоав му кажа на човекот што му го соопшти тоа: „Ете, си видел; зошто не го кутна таму на земја? Ќе ти дадев десет шекели сребро и еден појас.“
12
И оној му одговори на Јоав: „Да ставеа во рацете мои и илјада шекели сребро, и тогаш не би кренал рака врз царскиот син; зашто ние чувме дека царот ти заповеда тебе, на Авеса и на Итај, велејќи: ‚Зачувајте ми го момчето Авесалом‘;
13
и да бев постапил поинаку во опасност по животот свој, тоа не би останало сокриено од царот, па и ти би станал против мене.“
14
Јоав рече: „Нема зошто да се занимавам со тебе.“ И зеде во рацете три стрели и ги забоде во срцето на Авесалом, кој уште беше жив на дабот.
15
Тогаш го опколија Авесалом десет момци, Јоавови оруженосци, го удираа и го умртвија.
16
И затруби Јоав со труба и луѓето што го гонеа Израел, се вратија, бидејќи Јоав го штедеше народот.
17
Го зедоа Авесалом, го фрлија во гората, во длабока јама, и натрупаа врз него голема грамада камења. И сите Израелци се разбегаа, секој во шаторот свој.
18
Уште додека беше жив, Авесалом си беше изградил споменик во Царската Долина; зашто велеше: „Јас немам син за да се зачува споменот за името мое.“ И до денес тој се нарекува Јад Авесалом.
19
Ахимаац, синот Садоков, му рече на Јоав: „Ќе трчам да му јавам на царот дека Господ преку Својот суд го спаси од рацете на непријателите негови.“
20
Но Јоав му рече: „Нема да бидеш известувач на добра вест денес; друг ден ќе јавиш, а не денес, зашто царевиот син умре.“
21
Јоав му рече потоа на Кушиј: „Оди, јави му на царот што си видел.“ И Кушиј му се поклони на Јоав и отрча.
22
Но Ахимаац, Садоковиот син, настојуваше и му велеше на Јоав: „Што и да биде, и јас ќе трчам по Кушиј“, а Јоав му одговори: „Што ти треба да трчаш, синко? Добра вест нема да однесеш.“
23
Ахимаац рече: „Така нека биде, но јас ќе отрчам.“ Тогаш Јоав му рече: „Трчај.“ И Ахимаац потрча по напречен пат и го престигна Кушиј.
24
Во тоа време Давид седеше меѓу двете порти. И стражарот излезе под вратната стреа откај ѕидот, ги крена очите и виде, еден човек трча.
25
И стражарот извика и му соопшти на царот. А царот рече: „Ако е сам, вест носи во устата своја.“ А оној сѐ повеќе и повеќе се приближуваше.
26
Стражарот виде друг човек дека трча; и стражарот му викна на вратарот: „Ете, уште еден човек трча.“ Царот рече: „И тој е известувач.“
27
Стражарот рече: „Го гледам одењето на првиот, тоа прилега на одењето на Ахимаац, Садоковиот син.“ А царот рече: „Тој е добар човек и доаѓа со добра вест.“
28
Ахимаац извика и му рече на царот: „Мир!“ И му се поклони на царот со лицето до земја и рече: „Благословен Господ, Бог твој, Кој ги предаде луѓето што беа кренале рака против мојот господар, царот!“
29
А царот праша: „Здраво ли е момчето Авесалом?“ Ахимаац одговори: „Видов голема мешаница, кога царскиот служител Јоав го испраќаше својот слуга; но не знам што стануваше таму.“
30
Царот рече: „Помести се и застани тука.“ И тој се помести и застана.
31
Ете, пристигна и Кушиј по него. И Кушиј му рече на царот: „Добра вест за господарот мој, царот! Господ ти направи денес правда, спасувајќи те од раката на сите што беа станале против тебе.“
32
А царот го праша Кушиј: „Здраво ли е момчето Авесалом?“ Кушиј одговори: „Да даде Бог со непријателите на мојот господар, царот, и со сите зломисленици против тебе да се случи истото што го снајде момчето!“
← Chapter 17
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 19 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24