bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
2 Samuel 2
2 Samuel 2
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 3 →
1
Потоа Давид Го праша Господа, велејќи: „Да одам ли во некој од Јудините градови?“ И Господ му рече: „Оди.“ Давид пак праша: „Каде да одам?“ И Тој му рече: „Оди во Хеврон.“
2
И Давид отиде таму со двете жени свои: јизреелката Ахиноам и кармелитката Авигеја, бившата Навалова жена.
3
Давид ги одведе и луѓето што беа со него, секој со челадта своја, и се населија во градот Хеврон.
4
И дојдоа мажите Јудини и таму го помазаа Давид за цар над Јудиниот дом. Тогаш му јавија на Давид дека жителите од Јавеш Галаадски го погребале Саул.
5
И Давид испрати гласници до жителите на Јавеш Галаадски да им кажат: „Благословени да сте пред Господ, поради тоа што ја направивте таа милост на господарот свој Саул, и што сте го погребале;
6
и Господ нека ве награди со милост и верност; и јас ќе ви направам добро, поради тоа што го направивте вие ова.
7
А сега нека се зацврстат рацете ваши и бидете храбри, зашто господарот ваш Саул умре, и домот Јудин ме помаза мене за цар.“
8
Но Авенир, син на Нир и началник над Сауловата војска, го зеде Ишбошет, Сауловиот син, го одведе во Маханаим,
9
и го постави за цар над Галаад, Ашур и Јизреел, над Ефрем и Венијамин и над сиот Израел.
10
А Ишбошет, Сауловиот син, беше на четириесет години, кога се зацари над Израел, и царуваше две години. Само Јудиниот дом остана со Давид.
11
Давид царуваше во Хеврон над Јудиниот дом, за време од седум години и шест месеци.
12
Потоа отиде Авенир, Нировиот син, и слугите на Сауловиот син Ишбошет, од Маханаим во Гаваон.
13
Излезе и Јоав, синот на Саруја, со Давидовите слуги и се сретнаа кај Гаваонскиот Поток, и застанаа еден од едната страна на потокот, а другиот — од другата страна на потокот.
14
А Авенир му рече на Јоав: „Нека станат момците и нека се борат пред нас.“ И Јоав рече: „Нека станат.“
15
И станаа, та отидоа дванаесет Венијаминци од страната на Ишбошет, Сауловиот син, и дванаесетте Давидови слуги.
16
И тие се фатија еден со друг за главите, си забија еден на друг меч во слабините и паднаа заедно. И тоа место беше наречено Хелкат-Цурим, а се наоѓа во Гаваон.
17
И во оној ден стана многу жестока борба, а Авенир со израелските луѓе беше победен од Давидовите слуги.
18
Таму беа тројца синови на Саруја: Јоав, Авеса и Асаил. А Асаил беше со лесни нозе, како срна во полето.
19
Асаил почна да го гони Авенира и го гонеше, без да скршне ни десно, ни лево од стапките на Авенир.
20
Авенир се сврте назад и рече: „Ти ли си, Асаиле?“ Тој одговори: „Јас сум.“
21
И Авенир му рече: „Скршни десно или лево, избери си еден од момците и земи го неговото оружје.“ Но Асаил не сакаше да го остави.
22
И Авенир повторно му рече на Асаил: „Остави ме, да не те соборам на земја; со какво лице тогаш ќе се јавам пред братот твој Јоав?“
23
Но оној не сакаше да отстапи. Тогаш Авенир го сврте копјето и го прободе во стомакот; копјето мина низ него, и тој падна таму и умре на местото. Сите што минуваа низ тоа место, каде што беше паднал и умрел Асаил, застануваа.
24
Јоав и Авеса го гонеа Авенир. Сонцето веќе беше зајдено кога стигнаа до ридот Ама, спроти Гијах, на патот за Гаваонската пустина.
25
А Венијаминовите синови се собраа околу Авенир и образуваа чета и застанаа на врвот од еден рид.
26
И Авенир извика кон Јоав и рече: „Вечно ли меч ќе нѐ проголтува? Зарем не знаеш, крајот ќе биде горчлив? И кога ќе им кажеш на луѓето да престанат да ги гонат браќата свои?“
27
А Јоав рече: „Се колнам во Бога! Ако ти не проговореше, луѓето без престанок ќе ги гонеа браќата свои сѐ до изутрината.“
28
И Јоав затруби со труба и сиот народ застана, и повеќе не ги гонеа Израелците; битката престана.
29
Авенир, пак, и луѓето негови врвеа преку полето целата ноќ, го преминаа Јордан, минаа преку целиот Битрон и стигнаа во Маханаим.
30
Се врати и Јоав од гонењето на Авенир и го собра сиот народ, а од Давидовите слуги, освен Асаил, недостигаа деветнаесет души.
31
А Давидовите слуги убија од Венијаминовите и Авенировите луѓе, триста и шеесет души.
32
И го зедоа Асаил и го погребаа во Витлеем, во гробот на татко му. А Јоав со луѓето свои одеше цела ноќ и во зорите стигна во Хеврон.
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24