bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
2 Samuel 16
2 Samuel 16
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 17 →
1
Кога Давид слезе од врвот на гората, ете, во пресрет му доаѓа Сива, слугата на Мемфивостеј, со две натоварени магариња со двесте лебови, сто мери суво грозје, сто низи смокви и еден мев со вино.
2
Царот го праша Сива: „Зошто ти е тоа?“ Сива одговори: „Магарињата се за царскиот дом, за јавање, лебот и плодовите — за храна на момците, а виното — за изнемоштените во пустината.“
3
Царот праша: „Каде е синот на господарот твој?“ Сива му одговори на царот: „Ете, тој остана во Ерусалим и вели: ‚токму сега домот Израелов ќе ми го врати татковото ми царство.‘“
4
И му кажа царот на Сива: „Ете, твое е сѐ што има Мемфивостеј.“ А Сива одговори, поклонувајќи се: „Можеби ќе најдам милост пред очите на мојот господар — цар!“
5
Кога царот Давид стигна до Бахурим, ете, оттаму излезе еден човек од родот на Сауловиот дом, по има Семеј, син на Гера. Тој одеше и лошо зборуваше,
6
и фрлаше камења врз Давид и врз сите слуги на царот Давид; и сите луѓе и сите храбри беа десно и лево од царот.
7
Колнејќи го него, Семеј велеше: „Истави се, убиецу, и злосторнику!
8
Господ ја сврте против тебе сета крв на Сауловиот дом, на чие место ти се зацари, и Господ го предаде царството во рацете на синот твој Авесалом; и ете, ти си во неволја, затоа што си крвопиец.“
9
Тогаш Авеса, синот на Саруја, му рече на царот: „Зошто овој мртов пес го колне царот, господарот мој? Ќе одам и ќе му ја симнам главата.“
10
Царот рече: „Што ви е вам, синови Саруеви? Оставете го нека колне, зашто Господ му заповедал да го колне Давид. И кој може да му каже: ‚Зошто правиш така?‘“
11
И Давид му рече на Авеса и на сите слуги свои: „Кога синот мој, кој излегол од телото мое, ја бара душата моја, дотолку повеќе може и еден Венијаминов син! Оставете го, нека колне, зашто Господ му заповедал;
12
можеби, Господ ќе погледне милостиво кон мојата понизност, и ќе ми воздаде Господ добро за денешното колнење!“
13
И одеа Давид и луѓето по патот свој, а Семеј врвеше покрај гората, откај неговата страна; врвеше, колнеше и фрлаше камења и земја кон него.
14
И стигна царот и сиот народ негов што беше со него, изморен, и таму си отпочинаа.
15
Авесалом, пак, и сиот израелски народ дојдоа во Ерусалим, и со него Ахитофел.
16
Кога Кушиј, Давидовиот прв пријател, дојде кај Авесалом, му рече: „Да живее царот!“
17
И Авесалом му рече на Кушиј: „Каква е таа твоја сесрдност кон твојот пријател! Зошто не отиде со пријателот свој?“
18
Кушиј му одговори на Авесалом: „Не, јас ќе одам по оној што го избра Господ и оној народ и целиот Израел; со него сум и јас, и со него ќе останам.
19
И притоа кому ќе му служам? Нели на синот негов? Како што му служев и на татко ти, така ќе ти служам и тебе.“
20
И Авесалом му рече на Ахитофел: „Дајте совет што да правиме.“
21
Ахитофел му одговори на Авесалом: „Влези кај наложниците на татко ти што тој ги остави да го чуваат домот негов; и ќе чујат сите Израелци дека си станал омразен за таткото, и ќе им зацврстат рацете на сите што се со тебе.“
22
И поставија за Авесалом шатор на покривот, и Авесалом влезе кај наложниците на татко си пред очите на сиот Израел.
23
А советите што ги даваше Ахитофел, во она време се сметаа, како кога некој би Го допрашувал Бога. Таков беше секој Ахитофелов совет како за Давид, така и за Авесалом.
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 17 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24