bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
2 Samuel 6
2 Samuel 6
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 7 →
1
Давид пак собра избрани луѓе од Израел, триесет илјади.
2
Па стана и тргна Давид и сиот народ што беше со него, од Ваал Јудин за да го пренесе оттаму Божјиот ковчег, над кој се повикува името на Господ Саваот, Кој седи на херувими.
3
И го поставија Божјиот ковчег на нова кола и го изнесоа од Авинадавовата куќа, која беше на ридот. А синовите Авинадавови Оза и Ахио ја водеа новата кола.
4
Ја поведоа со Божјиот ковчег од Авинадавовата куќа, која беше на ридот; и Ахио одеше пред ковчегот Господов.
5
А Давид и сите синови Израелови свиреа пред Господ на различни свирки од кипарисово дрво, на гусли, на псалтири, на тимпани, на цитри и на кимвали.
6
И кога дојдоа до Нахоновото гумно, Оза посегна со раката кон Божјиот ковчег и се фати за него, бидејќи воловите го беа наведнале.
7
Но Господ се разгневи на Оза, и за дрскоста Бог го удри на истото место, и тој умре таму крај Божјиот ковчег.
8
Давид се нажали поради тоа што Господ така го удри Оза. Тоа место и сега се нарекува Фарес Оза.
9
Тој ден Давид се исплаши од Господ и рече: „Како ќе дојде кон мене ковчегот Господов?“
10
И Давид не сакаше да го пренесе ковчегот Господов кај себе, во Давидовиот град, и го остави во куќата на Аведар, кој потекнуваше од Гет.
11
И остана ковчегот Господов во домот на Гетчанецот Аведар три месеци; и Господ го благослови Аведар и сиот негов дом.
12
Му јавија на цар Давид и му рекоа: „Господ го благослови домот на Аведар и сѐ што е во него, поради Божјиот ковчег“; Давид отиде и свечено го пренесе Божјиот ковчег од куќата на Аведар во Давидовиот град.
13
И штотуку оние што го носеа ковчегот Господов, изминаа шест чекори, тој принесе жртва едно јунче и еден овен.
14
Давид играше со сета сила пред Господ, а беше облечен со ленен ефод.
15
Така Давид и целиот Израелов дом го носеа ковчегот Господов со извици и звуци од труба.
16
Кога ковчегот Господов влегуваше во Давидовиот град, Михала, Сауловата ќерка, гледаше од прозорецот нејзин и, откако го виде царот Давид како скока и игра пред Господ, го презре во срцето свое.
17
Го донесоа ковчегот Господов и го поставија на местото негово среде скинијата, која Давид ја беше направил за него: и Давид принесе сепаленици пред Господ и жртви за помирување.
18
Кога Давид заврши со принесувањето сепаленици и жртви за помирување, тој го благослови народот во името на Господ Саваот;
19
и му раздаде на сиот народ, на целото множество Израелци, и на мажи и на жени, на секого по еден леб, по парче печено месо и по еден колач од суво грозје. Потоа сиот народ се разотиде, секој во куќата своја.
20
Кога се врати Давид за да го благослови домот свој, Михала, Сауловата ќерка, излезе и му рече: „Колку се прослави денес царот Израелов, разголувајќи се пред очите на слугинките од слугите свои, како што се разголува прост човек.“
21
А Давид ѝ одговори на Михала: „Пред Господ, Кој ме одбра мене наместо твојот татко и целиот негов дом, поставувајќи ме за водач на народот Господов — Израел; пред Господ ќе свирам и ќе играм;
22
и уште повеќе ќе се понизам, и уште помал ќе станам во своите очи, и при сето тоа, пред слугинките, за кои говориш, јас ќе бидам славен.“
23
А Михала, Сауловата ќерка, остана без рожба до денот на својата смрт.
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 7 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24