bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Daniel 12
Daniel 12
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
1
„И во тоа време ќе се крене Михаил, големиот кнез, кој ги брани синовите на твојот народ, и ќе настане време тешко, какво што немало откако постојат луѓето, па сѐ до денес; но ќе се спасат во тоа време од твојот народ сите, кои ќе се најдат дека се запишани во Книгата.
2
И многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат — едни за живот вечен, а други за вечен срам.
3
Разумните ќе сјаат како светила на небото, и оние што мнозина повратиле кон правда — како ѕвездите, во веки, засекогаш.
4
А ти, Даниеле, сокри ги овие зборови и запечати ја оваа книга до последното време; мнозина ќе талкаат овде-онде, обидувајќи се да разберат што се случува.“
5
Тогаш јас, Даниел, погледав и ете пред мене стојат други двајца, еден од едната страна на реката, а друг од другата страна на реката.
6
Едниот му рече на човекот со ленена облека, кој стоеше над реката: „Кога ќе биде крајот на овие чудни работи?“
7
И чув, кога човекот со ленената облека, што се наоѓаше над реката, откако ја крена десната и левата рака кон небото, се заколна во вечно Живиот дека сето тоа ќе се изврши за време од три и пол години, кога ќе заврши истоштувањето на Светиот Народ.
8
Јас го чув тоа но не го разбрав, па затоа прашав: „Господаре мој, како ќе заврши сето тоа?“
9
Тој одговори: „Оди си Даниеле, зашто тие зборови се сокриени и запечатени до последното време.
10
Многумина ќе се очистат, ќе се избелат и ќе бидат искушани; безбожниците ќе си останат безбожни, и никој од нив нема тоа да го разбере, само мудрите ќе разберат.
11
Од времето, кога ќе се прекрати секојдневната жртва и ќе се постави Гнасниот Пустошник, ќе минат илјада двесте и деведесет денови.
12
Блажен е оној што чека и ќе дочека илјада триста триесет и пет дена.
13
А ти оди кон својот крај, и отпочини. И ќе останеш да го добиеш својот дел на крајот од времето.“
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12