bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Daniel 3
Daniel 3
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 4 →
1
Царот Навуходоносор направи златен идол, висок шеесет лакти, шест лакти широк, и го постави во полето Дура, во областа вавилонска.
2
И нареди царот Навуходоносор да се соберат сите локални управители, намесници, војводи, врховни судии, ризничари, законодавци, судии и сите обласни управители да дојдат на свеченото откривање на идолот што го беше поставил царот Навуходоносор.
3
И се собраа локалните управители, намесниците, воените началници, врховните судии, ризничарите, правниците, судиите и сите обласни управители за откривање на идолот кој царот Навуходоносор го беше поставил, и застанаа пред идолот што го беше подигнал Навуходоносор.
4
Тогаш гласникот високо извика: „Ви се објавува вам народи, племиња и јазици —
5
штом ќе го чуете звукот на трубата, од свирката, од цитрата, од харфата и од пеењето, како и од секакви свирки, паднете ничкум и поклонете му се на златниот идол што го постави царот Навуходоносор;
6
а оној што нема да падне на колена и не се поклони, веднаш ќе биде фрлен во вжарена печка.“
7
Затоа, кога го чуја звукот од трубата, од свирката, од харфата и од другите свирки, паднаа на колена сите народи, племиња и јазици и му се поклонија на златниот идол што го беше поставил царот Навуходоносор.
8
Во тоа исто време дојдоа некои од Халдејците и ги наклеветија Јудејците.
9
Тие му рекоа на царот Навуходоносор: „Царе, жив да си довека!
10
Ти царе, даде заповед секој човек што ќе го чуе гласот од трубата, свирката, цитрата, харфата и од сите свирки да падне на колена и да му се поклони на златниот идол;
11
а оној што нема да падне и нема да му се поклони, тој треба да биде фрлен во вжарена печка.
12
Но има луѓе Јудејци што си ги поставил над работите на земјата вавилонска — Седрах, Мисах и Авденаго; тие луѓе не се покорија на твојата заповед, царе, на твоите богови не им служат и на златниот идол што го постави не му се поклонија.“
13
Тогаш царот Навуходоносор во гнев и јарост заповеда да ги доведат Седрах, Мисах и Авденаго; и ги доведоа тие луѓе пред царот.
14
Навуходоносор им рече: „Вие, Седрах, Мисах и Авденаго, умислено ли не им служите на моите богови, и на златниот идол, што го поставив, не му се поклонивте?
15
Отсега, ако сте спремни, штом ќе го чуете звукот на трубата, свирката, цитрата, харфата, пеењето и од сите други свирки, паднете на колена и поклонете му се на идолот што го направив јас; ако не се поклоните, веднаш ќе бидете фрлени во вжарена печка и тогаш кој бог ќе ве избави од раката моја?“
16
Одговорија Седрах, Мисах и Авденаго и му рекоа на царот Навуходоносор: „Нема потреба да ти одговориме на тоа.
17
Нашиот Бог, Кому Му служиме, е силен да нѐ спаси од вжарената печка, па и од твојата рака, царе ќе нѐ избави.
18
Ако пак и не се случи тоа, извесно нека ти е, царе, дека нема да им служиме на твоите богови и на златниот идол што си го поставил, нема да му се поклониме.“
19
Тогаш царот Навуходоносор се исполни со јарост и лицето негово се намурти против Седрах, Мисах и Авденаго, па заповеда да запалат печка седумпати посилна отколку што обично ја угоруваа;
20
и им заповеда на најсилните луѓе од војската своја да ги врзат Седрах, Мисах и Авденаго и да ги фрлат во вжарената печка.
21
Тогаш тие луѓе беа врзани облечени во своите облеки, со капи на главата и со другите алишта и беа фрлени во печката огнена што гореше.
22
Бидејќи царската заповед беше строга, и печката вжарена необично многу, пламенот од огнот ги умртви луѓето што ги фрлија Седрах, Мисах и Авденаго.
23
А тројцата — Седрах, Мисах и Авденаго — паднаа во вжарената печка врзани.
24
Одеднаш, царот Навуходоносор се стаписа, се крена на нозе и им рече на големците свои: „Нели беа тројца врзани што ги фрливме во огнот?“ Тие му одговорија на царот: „Навистина така беше, царе!“
25
На тоа тој рече: „Еве јас гледам четворица, како одат неврзани среде огнот и ништо не им се случува; и четвртиот личи на ангел.“
26
Тогаш Навуходоносор се приближи до отворот на распалената печка со оган и рече: „Седраху, Мисаху и Авденаго, слуги на севишниот Бог, излезете и дојдете.“ Тогаш Седрах, Мисах и Авденаго излегоа од огнот,
27
и штом се собраа локалните управители, намесниците, воените началници и советниците на царот, видоа дека огнот немал никаква сила врз телата на тие луѓе, дури и косата на главата не им беше опржена, а и облеките нивни не им беа изгорени, па дури и мирис на изгорено немаше на нив.
28
Тогаш Навуходоносор рече: „Нека е благословен Бог на Седрах, Мисах и Авденаго, Кој го испрати Својот ангел и ги избави слугите Свои што се надеваа на Него и не ја послушаа царската заповед, па ги предадоа телата свои на огнот за да не служат и да не се поклонат на друг бог, освен на својот Бог!
29
И еве, јас давам заповед, ако некој од народите, племињата и јазиците изговори хула против Бога на Седрах, Мисах и Авденаго, да се исече на парчиња и куќата да му се претвори во урнатини, зашто нема друг Бог, Кој може така да избавува.“
30
Тогаш царот ги возвиси Седрах, Мисах и Авденаго во земјата вавилонска.
31
„Царот Навуходоносор до сите народи, племиња и јазици што живеат на земјата — мирот да ви се умножи!
32
Угодно ми е да ве известам за знаците и чудесата кои Севишниот Бог ги изврши над мене.
33
Колку се големи знаците Негови и колку се силни чудесата Негови! Царството Негово е царство вечно, и владеењето Негово — од род во род.“
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12