bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Daniel 5
Daniel 5
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 6 →
1
Царот Валтазар приреди голема гозба за илјада свои достоинственици и заедно со нив пиеше вино.
2
Откако се напи од виното, Валтазар заповеда да се донесат златните и сребрените садови, кои татко му Навуходоносор ги беше зел од Ерусалимскиот храм за да пијат од нив царот, достоинствениците негови, жените негови и наложниците негови.
3
Тогаш ги донесоа златните садови кои беа земени од светилиштето на домот Божји во Ерусалим и пиеја од нив царот и достоинствениците негови, жените негови и конкубините негови.
4
Пиеја вино и ги славеа боговите златни и сребрени, бакарни и железни, дрвени и камени.
5
Во истиот момент се појавија прсти од човечка рака и пишуваа спроти светилникот на ѕидот од царскиот дворец, и царот ги виде прстите на раката што пишуваше.
6
Тогаш царот пребледе, мислите му се смутија, појасот на бедрата му олабави и колената негови почнаа да се удираат едно со друго.
7
Извика царот силно за да доведат маѓесници, волшебници и гледачи: царот проговори и им рече на мудреците вавилонски: „Оној што ќе го прочита тоа што е напишано и ми објасни што значи, ќе биде облечен во пурпур и околу вратот ќе му биде ставена златна веришка, а во царството мое ќе биде трет достоинственик.“
8
И влегоа сите мудреци цареви, но никој не можеше да го прочита напишаното и да му го објасни на царот значењето негово.
9
Царот Валтазар се разгневи многу и пребледе уште повеќе, а се смутија и достоинствениците негови.
10
Царицата, пак, ги чу зборовите на царот и на достоинсвениците негови и влезе во собата каде што беше гозбата; проговори царицата и рече — „Царе, да си жив довека, да не те вознемируваат мислите твои и да не пребледува лицето твое.
11
Во царството твое има човек, во кого е духот на Светиот Бог; во деновите на твојот татко се најде во него светлина, разум и мудрост како мудроста на боговите и царот Навуходоносор, твојот татко, го постави како управник над јасновидците, волшебниците и гледачите,
12
бидејќи во него, во Даниел, кому царот му го промени името во Валтазар, се најде висок дух, знаење и разум способен да толкува соништа, да толкува загадочни работи и да разјаснува тајни. Затоа нека го повикаат Даниел, и тој ќе го објасни значењето.“
13
Тогаш го воведоа Даниел кај царот, и царот проговори и му рече на Даниел: „Ти ли си Даниел, еден од заробените синови јудејски, кого мојот татко, царот, те доведе од Јудеја?
14
Сум слушал за тебе дека во тебе има дух Божји и светлина и разум и голема мудрост.
15
Еве, ми ги доведоа мудреците и маѓесниците за да го прочитаат она што е напишано и да ми објаснат што значи тоа; но тие не можеа да ми објаснат.
16
За тебе сум чул дека можеш да го објасниш значењето и да разјаснуваш тајни; па така, ако можеш да го прочиташ она, што е напишано и ми објасниш што значи, ќе бидеш облечен во скерлет и околу вратот твој ќе има златна веришка, а во царството мое ќе бидеш трет достоинственик.“
17
Тогаш Даниел одговори и му рече на царот: „Даровите нека ти останат тебе, а почестите дај му ги на друг; а напишаното ќе му го прочитам на царот и значењето ќе му го објаснам.
18
Царе, Севишниот Бог беше му дарувал на татко ти Навуходоносор царство, величие, чест и слава.
19
Пред величието што му го беше дал Тој, сите народи, племиња и јазици трепереа и се плашеа — кого сакаше го убиваше и кого сакаше — го оставаше жив; кого сакаше го издигаше, и кого сакаше го понижуваше.
20
А кога срцето негово се возгордеа и духот негов се ожесточи во дрскост, тој беше симнат од царскиот престол и славата му беше одземена,
21
а беше прогонет од луѓето и срцето негово заприлега на ѕверско, и живееше со дивите магариња; го хранеа со трева како вол, а телото негово се наквасуваше од небеската роса, сѐ додека не разбра дека над човечките царства владее Севишниот Бог и поставува над нив, кого сака.
22
А ти сине негов, Валтазаре, не покажа понизност, иако го знаеше сето тоа.
23
Туку се подигна против Небесниот Господ и садовите од Неговиот дом ти ги донесоа, па ти и твоите великодостојници, твоите жени и конкубини пиевте од нив вино и ги славевте боговите сребрени и златни, бакарни и железни, дрвени и камени, кои не гледаат, ни слушаат, ниту разбираат; а Бог, во чии раце е и твојата душа и во Кого се сите твои патишта, ти не Го прослави.
24
Заради тоа и се појавија од Него тие прсти од рака и е напишано ова писмо.
25
А еве што е напишано: Мене, Мене, Текел, Парсин.
26
А еве го значењето на зборовите: Мене — го изброи Бог царството твое и му стави крај;
27
Текел — измерен си на кантар и се најде многу лесен;
28
Парсин — царството ти е разделено и дадено им е на Мидијците и Персијците.“
29
Тогаш по заповед на Валтазар го облекоа Даниел во пурпур и му ставија околу вратот златна веришка, па го прогласи за трет великодостојник во царството.
30
Во истата ноќ Валтазар, царот халдејски, беше убиен.
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12