bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Daniel 7
Daniel 7
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 8 →
1
Во првата година на Валтазар, вавилонскиот цар, Даниел виде сон пророчки и виденија во главата своја врз своето легло. Тогаш тој го запиша тој сон, откако го забележа главното.
2
Велеше вака: Видов во ноќното свое видение, а таму, четири небесни ветра го брануваа Големото Море,
3
и четири големи ѕвера излегоа од морето, секој поинаков од другиот.
4
Првиот беше како лав, но со крилја орлови: додека гледав, му ги искубаа крилјата и потоа беше кренат од земјата, се исправи на нозете како човек и му се даде човечко срце.
5
И ете, уште еден ѕвер, втор, сличен на мечка, стоеше од едната страна и имаше три ребра во устата негова, меѓу забите; нему му беше речено ова: стани и јади многу месо!
6
Потоа видов, пак, уште еден ѕвер, како леопард: на грбот имаше четири крилја од птица, и четири глави имаше тој ѕвер, и му беше дадена власт.
7
Потоа видов од ноќните виденија и ете, четврти ѕвер, страшен и ужасен и многу силен; имаше големи железни заби; тој јадеше и здробуваше, а остатоците ги газеше со нозете; тој се разликуваше од сите претходни ѕверови, и имаше десет рогови.
8
Ги гледав тие рогови, и ете, меѓу нив се појави уште еден мал рог, а три од првите рогови беа од корен истргнати пред него; на тој рог имаше очи, како човечки очи, и уста што горделиво се фали.
9
Видов најпосле дека се поставија престоли и седна Старец; облеклото му беше бело како снег, а косата на главата Негова како чиста волна; престолот Негов личеше на огнен пламен, со тркала како оган што пламти.
10
Река огнена излегуваше и минуваше пред Него; илјада илјади му служеа, и десетина илјади по десет илјади стоеја пред Него; седнаа судиите и книгите се отворија.
11
Тогаш видов дека за искажаните горди зборови, што рогот ги говореше, ѕверот беше убиен пред очите мои и телото негово смачкано и предадено на оган за да изгори.
12
И од другите ѕверови власта беше одземена и животот нивни се продолжи само до извесно време и до рок.
13
Видов во ноќните виденија, а тоа на небесните облаци како да идеше Синот Човечки, дојде до Старецот и застана пред Него.
14
И Нему Му се даде власт, слава и царство, за да Му служат сите народи, племиња и јазици; владението Негово е владение вечно, кое нема да измине, и царството Негово нема да се разруши.
15
Духот мој затрепери во мене, Даниел, во телото мое и виденијата ме вознемирија.
16
Се приближив до еден од оние што стоеја напред и го прашав за вистинското значење на сето тоа, и тој почна да зборува со мене и ми ја објасни смислата на реченото:
17
Овие големи ѕверови, четири на број, означуваат дека четири царства ќе се издигнат од земјата.
18
Потоа, светиите на Севишниот ќе го земат царството и ќе владеат со него во векови.
19
Тогаш замолив точно објаснување за четвртиот ѕвер што се разликуваше од сите и кој беше многу страшен, со железни заби и бронзени нокти изедуваше и трошеше, а остатоците ги газеше со нозете,
20
и за десетте рогови што беа на неговата глава и за другиот што се појави, пред кој паднаа трите, за оној ист рог, на кој имаше очи и уста што зборуваа горделиво и како да стана поголем од другите.
21
Видов како тој рог водеше борба со светиите и ги надвиваше,
22
додека најпосле не дојде Старецот по определени дни и судот беше даден на светиите од Севишниот, па настапи време светиите да го завладеат царството.
23
Освен тоа тој рече: Четвртиот ѕвер го означува четвртото царство што ќе постои на земјата, различно од сите царства и што ќе ја голтне целата земја, ќе ја гази и ќе ја измачува.
24
А десетте рогови значат дека од тоа царство ќе се кренат десет цареви и потоа ќе се појави друг, поинаков од поранешните и ќе ги покори трите цара.
25
И против Севишниот ќе зборува и ќе ги угнетува светиите на Севишниот; дури ќе си помисли да ги измени празниците нивни и закони, па тие ќе бидат предадени во раката негова за време од три и пол години.
26
Потоа небесниот Суд ќе ја одземе од него власта и сосема ќе го уништи и докрајчи,
27
а царството и власта и царското величие по целиот поднебесен свод ќе му се даде на народот од светиите на Севишниот, чие царство е царство вечно и сите великодостојници ќе Му служат и ќе Му се покоруваат Нему.
28
Тука е крајот на овој извештај. Мене, Даниел, силно ме вознемирија размислувањата мои, и лицето ми пребледе, но словото го запазив во срцето свое.
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 8 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12