bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Daniel 8
Daniel 8
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 9 →
1
Во третата година од царувањето на царот Валтазар, јас Даниел, имав второ видение по оние што ми се беа јавиле порано.
2
И видов во видението, и кога гледав, јас бев во Суза, престолнината на Еламската област, и видов во видението како да бев покрај реката Улај.
3
Ги кренав очите и видов: а таму покрај реката стои еден овен: тој имаше два рога, обата високи, но едниот беше повисок од другиот и повисокиот израсна подоцна.
4
Видов како тој овен бодеше кон запад, кон север и кон југ и ниеден ѕвер не можеше да устои против него, и никој не можеше да се избави од него; тој вршеше што сакаше и се осили.
5
Со внимание го гледав тоа и ете, од запад идеше еден козел, со таква брзина што не го допираше тлото; и тој козел имаше силен рог меѓу очите свои.
6
Се впушти врз оној овен што имаше рог и кога го видов како стои крај реката, тој се фрли врз него со силна јарост.
7
И видов кога тој се приближи до овенот, свирепо се фрли на него и му ги скрши двата рога; и на овенот не му стигаа силите да устои против него, па затоа го кутна на земја и го згази, и немаше никој овенот да го избави од него.
8
Тогаш козелот многу се возгордеа; но кога се засили, големиот рог му се скрши и на тоа место му изникнаа четири, свртени спрема четирите страни на светот.
9
И од едниот од нив излезе мал рог, кој нарасна многу спрема југ и спрема исток и спрема Ветената Земја,
10
па се издигна до небесната војска, собори на земјата дел од таа војска и од ѕвездите и ги смачка;
11
се издигна дури и до Водачот на таа војска, ги запре секојдневните жртви и го урна местото на Неговата светиња;
12
и народот беше предаден заедно со секојдневните жртви поради бесчестието; а тој, откако ја собори вистината на земјата, дејствуваше и успеваше.
13
И чув како еден ангел прашуваше друг, велејќи: „До кога ќе трае тоа од видението за секојдневната жртва и за бесчесното опустошување, што ги пази светилиштето и војската небесна?“
14
Другиот му рече: „Две илјади и триста вечери и утрини; и тогаш светилиштето ќе се очисти.“
15
И кога јас, Даниел, го гледав тоа видение и замолив за неговото значење, ете пред мене застана некаков лик на човек.
16
И чув од средината на реката Улај човечки глас, кој извика и рече: „Гавриле, објасни му го тоа видение!“
17
И се приближи тој до местото каде што стоев и кога дојде, јас се уплашив и паднав ничкум; а тој ми рече — знај сине човечки дека видението се однесува на крајот од времето.
18
И кога зборуваше тој со мене, јас лежев ничкум на земјата во несвест; но тој се допре до мене и ме исправи на моето место,
19
па ми рече: „Еве ти откривам што ќе биде во последните денови на гневот; зашто тоа се однесува на крајот од определеното време.
20
Овенот што го виде — неговите два рога — тоа се мидискиот цар и персискиот.
21
А косестиот козел е царот на Јаван, додека големиот рог што се наоѓа меѓу неговите очи, тоа е нејзиниот прв цар:
22
Четирите рога што израснаа кога првиот се скрши, тоа се четирите царства што ќе произлезат од тој народ, но нема да ја имаат неговата сила.
23
А кон крајот на царството нивно, кога отстапниците ќе ја исполнат мерката на своите беззаконија, ќе се издигне еден цар бесрамен и искусен во сплеткарење;
24
неговата моќ ќе се зацврсти, иако не со неговата сила; тој ќе врши големи пустошења и ќе успева, ќе дејствува и ќе погубува јунаци и народи на светиите;
25
заради лукавоста негова ќе напредува и сплеткарството во раката негова; во срцето ќе се возгордее и без повод ќе погуби мнозина; тој ќе се крене против Кнезот над кнезовите, но ќе биде победен — не со човечка рака.
26
А и видението за вечерта и утрината за кое ти се рече ќе се исполни, но ти сокри го тоа видение зашто се однесува на далечни времиња.“
27
Јас, Даниел, истоштен и болен бев неколку дни, потоа станав и почнав да се занимавам со царските работи; се чудев на тоа видение и не го разбирав.
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 9 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12