bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Galatians 3
Galatians 3
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 4 →
1
О, неразумни галатјани! Кој ве маѓепса, та не се покорувате на вистината, вие, пред чии очи Исус Христос беше насликан како распнат помеѓу вас?
2
Само ова сакам да го дознаам од вас: Духот го добивте преку делата на Законот или преку слушнатото од верата?
3
Толку ли сте неразумни? Откако почнавте со Духот, со телесноста ли сега завршувате?
4
Зар напразно толку многу страдавте? Да беше само напразно!
5
Оној што ви Го дарува Духот и прави меѓу вас чуда, тоа го прави преку делата на Законот или преку слушнатото од верата?
6
Така, Авраам Му поверува на Бога, и тоа му се сметаше за праведност.
7
Тогаш знајте дека оние што се од верата, тие се Авраамови синови.
8
И Писмото, предвидувајќи дека Бог преку вера ги оправдува незнабошците, однапред му благовестеше на Авраам: „Во тебе ќе бидат благословени сите народи.“
9
Па така, оние што се од верата, се благословени заедно со верниот Авраам;
10
а сите оние, што се од делата на Законот, под клетва се. Зашто е напишано: „Проклет да е секој што не го живее и не го исполнува сето она што е напишано во книгата на Законот!“
11
А дека никој не се оправдува пред Бога преку Законот, се знае, бидејќи: „Праведниот ќе живее преку верата.“
12
А Законот не е од верата, туку: „Оној човек што ќе ги исполни овие работи, тој ќе биде жив преку нив.“
13
Христос нѐ откупи од проклетството на Законот, откако поради нас стана проклетство, зашто е напишано: „Проклет да е секој што виси на дрво!“,
14
за благословот, даден на Авраам, да дојде преку Исус Христос врз незнабошците, па преку верата да Го примиме ветеното од Духот.
15
Браќа, зборувам како човек: и утврдениот човечки завет никој веќе не го растура, ниту му додава нешто.
16
Но ветувањата му беа дадени на Авраам и на неговиот потомок. Не е речено: „И на потомците“, како за мнозина, туку како за еден: „И на твојот потомок“, Кој е Христос.
17
Ова сакам да го кажам: Заветот, настанат четиристотини и триесет години подоцна, не го укинува Заветот што претходно беше утврден од Бога во Христос, та ветувањето да ја изгуби силата.
18
Зашто, ако наследството е добиено по Законот, тоа веќе не е според ветувањето; туку Бог му го дари на Авраам по ветување.
19
Тогаш, зошто е Законот? Тој е додаден поради престапите, додека не дојде потомокот на кого се однесува ветувањето, и е предаден преку ангели, преку рака на посредник.
20
Но каде што е само еден, нема посредник – а Бог е еден.
21
Па така, Законот противен ли е на Божјите ветувања? Никако! Зашто, ако беше даден Закон што ќе можеше да животвори, тогаш навистина оправданието ќе произлегуваше од Законот.
22
Но Писмото ги затвори сите под грев, па преку верата во Исус Христос да им се даде ветеното на оние кои веруваат.
23
Пред да дојде верата, ние бевме под стража на Законот, заклучени за верата која требаше да се открие.
24
И така, Законот ни стана воспитувач за Христос, за да бидеме оправдани преку верата;
25
а откако дојде верата, ние веќе не сме под раководство на воспитувач.
26
Зашто сите сте синови Божји преку верата во Христос Исус;
27
сите, што се крстивте во Христос, во Христос се облековте.
28
Нема веќе ни Јудеец, ни Елин, ни роб, ни слободен; нема ни машко, ни женско; зашто сите вие сте едно во Христос Исус.
29
А ако сте Христови, тогаш сте Авраамово потомство, наследници по ветувањето.
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6