bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Galatians 4
Galatians 4
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 5 →
1
Но ви велам: додека наследникот е малолетен, тој со ништо не се разликува од роб, иако е господар на сѐ;
2
туку е под настојници и управители до рокот определен од таткото.
3
Така и ние, додека бевме малолетни, бевме поробени од стихиите на светот;
4
но, кога се исполни времето, Бог Го испрати Својот Син, Кој се роди од жена и Кој се роди под Законот,
5
за да ги откупи оние што се под Законот, та да го примиме посинувањето.
6
А бидејќи вие сте синови, Бог во вашите срца Го испрати Духот на Својот Син, Кој извикува: „Ава, Оче!“
7
Затоа не си веќе роб, туку син; а ако си син, тогаш си и Божји наследник преку Христос.
8
Но тогаш, бидејќи не Го познававте Бога, им робувавте на оние кои по својата природа не се богови;
9
а сега, откако Го познавте Бога, или, подобро, откако Бог ве позна вас, како сега повторно се навраќате кон слабите и бедни стихии, на кои сакате одново да им робувате?
10
Внимавате на деновите, месеците, времињата и годините.
11
Се плашам за вас, да не сум се трудел напразно меѓу вас.
12
Ве молам, браќа, станете како мене, зашто и јас станав како вас. Вие со ништо не сте ме навредиле:
13
знаете дека, кога за првпат ви благовестев, тоа бев заради телесната немоќ,
14
но вие не го презревте искушението на моето тело, ниту се згрозивте од него, туку ме примивте како Божји ангел, како Христос Исус.
15
Колку ли само големо беше вашето блаженство тогаш? Ви сведочам дека, ако беше можно, и своите очи ќе си ги извадевте и ќе ми ги дадевте.
16
Зар ви станав непријател затоа што ви ја зборувам вистината?
17
Нивната ревност кон вас не е за добро, туку сакаат да ве одвојат од мене, за да ревнувате за нив.
18
Добро е секогаш да ревнувате во доброто, а не само кога сум присутен меѓу вас.
19
Чеда мои, за кои сум пак во родилни маки, сѐ додека Христос не се вообличи во вас,
20
би сакал сега да бидам присутен меѓу вас и да ви се обратам со поинаков тон, бидејќи сум во недоумица за вас.
21
Кажете ми вие, кои сакате да бидете под Законот: зарем не го слушате Законот?
22
Зашто е напишано дека Авраам имаше два сина, еден од слугинката и еден од слободната.
23
Но оној што беше од слугинката, се роди по тело; а оној што беше од слободната – по ветување.
24
А ова е речено сликовито; бидејќи двете жени се двата завета: едниот од Синајската Гора, која раѓа за ропство, а тоа е Агара.
25
Зашто Агара е Синајската Гора во Арабија и соодветствува на сегашниот Ерусалим, кој робува со своите чеда;
26
а горниот Ерусалим е слободен: тој е мајка на сите нас.
27
Зашто е напишано: „Развесели се неплодна, ти што не раѓаш; воскликни и извикај ти, која не си искусила родилни маки; бидејќи напуштената има многу повеќе чеда од онаа која има маж.“
28
Ние, пак, браќа, сме како Исак, чеда на ветувањето.
29
Но, како што тогаш, оној што се роди по тело, го гонеше родениот по дух, така е и сега.
30
А што вели Писмото? „Истерај ги слугинката и нејзиниот син, зашто синот на слугинката нема да биде наследник заедно со синот на слободната!“
31
И така, браќа, ние не сме чеда на слугинката, туку на слободната.
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 5 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6