bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Galatians 6
Galatians 6
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
1
Браќа, дури и да падне човек во некаков грев, вие, духовните, поправајте го таквиот со духот на кротоста, пазејќи се и самите да не бидете искушани.
2
Носете си ги тешкотиите еден на друг – така ќе го исполните Христовиот закон.
3
Зашто ако некој мисли дека е нешто, а не е ништо, тој се мами себеси.
4
Секој нека си ги испита своите дела и тогаш ќе има пофалба пред себеси, а не пред друг.
5
Зашто секој ќе го понесе својот товар.
6
А оној што го изучува словото нека сподели сѐ што е добро со оној што го поучува.
7
Не лажете се: со Бога нема подигрување. Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее.
8
Кој сее во своето тело, од телото ќе пожнее распадливост; а кој сее во духот, од духот ќе пожнее вечен живот.
9
Да не малаксуваме правејќи добро, бидејќи во свое време ќе пожнееме, ако не се измориме.
10
И така, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на своите по вера.
11
Гледајте со колку крупни букви ви го напишав сето ова со сопствената рака.
12
Оние што сакаат да се фалат со телото, тие ве принудуваат да се обрезувате само за да не бидат гонети заради Христовиот крст.
13
Зашто и самите тие што се обрезуваат, не го запазуваат Законот, а сакаат вие да се обрезувате, за да се пофалат со вашето тело;
14
а мене, да не ми даде Господ да се фалам со ништо друго, освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку кого светот за мене е распнат, а и јас за светот.
15
Зашто во Христос Исус ниту обрезанието има некаква сила, ниту необрезанието, туку новото создание.
16
На оние што постапуваат по тоа правило, мир и милост, ним и на Божјиот Израил!
17
Отсега натаму никој да не ми досадува веќе, зашто јас ги носам белезите на Господ Исус врз своето тело.
18
Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вашиот дух, браќа. Амин!
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
All chapters:
1
2
3
4
5
6