bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Galatians 5
Galatians 5
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 6 →
1
Па така, стојте цврсто во слободата, со која Христос нѐ ослободи, и не се подавајте повторно под ропски јарем!
2
Еве, јас, Павле, ви велам: ако се обрезувате, Христос нема да ви биде од никаква полза.
3
И повторно му сведочам на секој човек што се обрезува дека тој е должен да го извршува целиот Закон.
4
Сите што посакавте да се оправдувате со Законот, Го изгубивте Христос, отпаднавте од благодатта;
5
бидејќи ние, во Духот, се надеваме и очекуваме оправдание од верата.
6
Зашто во Христос Исус ниту обрезанието има сила, ниту необрезанието, туку верата, која дејствува преку љубовта.
7
Вие добро трчавте; кој ви попречи да ѝ се покорувате на вистината?
8
Таквото убедување не е од Оној што ве повика.
9
Малку квас го потквасува целото тесто.
10
Јас сум уверен за вас во Господ дека нема да мислите инаку; а оној што ве збунува – кој и да бил – ќе претрпи осуда.
11
Но ако јас, браќа, сѐ уште го проповедам обрезанието, тогаш зошто и понатаму ме гонат? Во тој случај соблазната од крстот е укината.
12
Камо да беа отсечени оние што ве збунуваат!
13
Бидејќи вие, браќа, сте повикани кон слобода; но не слобода за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг.
14
Зашто, целиот Закон се исполнува во еден збор: „Љуби го својот ближен како себеси.“
15
Ако, пак, меѓу себе се гризете и јадете, пазете да не се истребите еден со друг.
16
Ви велам: живејте по Духот, и нема да им угодувате на телесните страсти.
17
Зашто, телото го посакува она што е противно на духот, духот, пак – противното на телото; а тие се спротивставени меѓусебно, за да не го правите она што го сакате.
18
Ако ве води Духот, вие не сте под Законот.
19
Делата на телото се познати. Тие се: прељуба, блуд, нечистота, разврат,
20
идолопоклонство, магија, непријателства, кавги, љубомора, јарост, препирки, раздори, поделби,
21
завист, пијанство, срамни гоштевки и други слични работи; ве предупредувам, како што ве предупредив и порано, дека оние што го прават тоа, нема да го наследат царството Божјо.
22
А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност,
23
кротост, воздржливост. Против такви нема закон.
24
Оние, пак, кои се Христови, го распнаа своето тело со неговите страсти и похоти.
25
Ако живееме според Духот, според Духот и да постапуваме.
26
Да не бараме лажна слава, еден со друг да не се раздразнуваме, еден на друг да не си завидуваме.
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6