bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Job 30
Job 30
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 29
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 31 →
1
А сега, ете, ми се потсмевнуваат, луѓе по години помлади од мене, чии татковци не би ги ставил ни со овчарските кучиња на своето стадо.
2
Па зошто ми е силата на нивните раце, кога ќе им ја снема нивната мажествена сила?
3
Испиена од глад и скудност; гризеа корења во пустината и густа шума по запустените урнатини.
4
Береа лобода и лисја од грмушките, како леб јадеа смреково корење.
5
Тие се протерани од човечкото општество, викаат по нив како по крадци.
6
Живееја по страшни ровови, во пештери и во пукнатини.
7
Рикањето им се креваше од честакот, лежеа стиснати по трништата.
8
Синови на навредените, род на безимените, ги протеруваа со бичеви од земјата.
9
На таквите им станав шеговита песна и сега ним им служам како приказна!
10
Се гнасат и бегаат од мене, не се стеснуваат да ми плукаат во лицето.
11
Бидејќи Бог ми го скрши лакот и ме сотре, тие ја отфрлија уздата од своите усти.
12
Изродите стануваат од мојата десна страна, тие ги тераат моите нозе во бегство, насипуваат пат на пропаст кон мене.
13
Ми ја разурнуваат патеката, за да ме сотрат, напаѓаат и никој не им брани.
14
Тие навлегуваат низ широк пролом и се тркалаат како бура.
15
Сите стравотии се свртуваат кон мене, мојот углед го снема како ветер, доброто исчезна како облак.
16
Мојата душа се разлева во мене, денови на неволја се урнаа врз мене.
17
Ноќе, болеста ги прободува моите коски, не стивнуваат болките, што ме гризат.
18
Маката ми ја смени и облеката и ме стегна како јака на облекло.
19
Ме фрли во калта долу, ете, станав како прав и пепел.
20
Викам кон Тебе, но Ти не одговараш; стојам пред Тебе, но Ти и не се грижиш.
21
Стана жесток кон мене, со претешка рака се нафрлаш кон мене.
22
Ме креваш со виор, со него ме носиш, ме вртиш силно во вртеж на бурата.
23
Да, знам дека ме предаде на смртта, на заедничкото собиралиште на сите живи.
24
Не ја испружува ли раката давеникот, не вика ли кога ќе падне во неволја?
25
Не плачев ли за страдалниците, не се ли сожали мојата душа за сиромашниот?
26
Се надевав на среќата, а дојде несреќата; ја чекав светлината, а, ете, темнина ме зави.
27
Утробата врие во мене непрекратно, ми донесува нови страдања, секој ден.
28
Одам поцрнет, но никој не ме теши; Станувам во собранието - за да извикам.
29
Станав брат на шакалите и им станав другар на ноевите.
30
Сета кожа поцрне на мене, и оган ми ги изгоре коските.
31
Мојата харфа се претвори во тажачка, а мојата свирка има глас на тажачи.
← Chapter 29
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 31 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42