bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Mark 11
Mark 11
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 12 →
1
И кога се приближија до Ерусалим, во Витфагија и Витанија, при Маслиновата Гора, Исус испрати двајца Свои ученици
2
и им рече: „Одете во селоно што е пред вас и штом ќе влезете ќе најдете врзано осле, на кое уште никој од луѓето не седел. Одврзете го и доведете го!
3
И ако ви рече некој: ‘Зошто го правите тоа?’ - речете: ‘Му треба на Господа’, и тој веднаш ќе го прати тука.”
4
И отидоа и го најдоа ослето врзано до вратата, надвор покрај патот, и го одврзаа.
5
А некои од оние, кои стоеја таму им рекоа: „Што правите? Зошто го одврзувате ослето?”
6
А тие им одговорија како што им рече Исус, и тие ги оставија.
7
И го доведоа, при Исуса, ослето, и ги ставија своите облеки врз него, и седна на него.
8
И мнозина ги постилаа своите облеки по патот, а други - гранчиња, што ги сечеа по нивите.
9
А тие кои одеа пред Него и по Него викаа: „Осана! Благословен, Кој доаѓа во Господово име!
10
Благословено царството на нашиот татко Давид, што доаѓа во името Господово! Осана во висините!”
11
И влезе во Ерусалим, во Храмот, и штом разгледа сè - бидејќи веќе беше доцна - излезе со Дванаесетмината во Витанија.
12
А утреден, кога излегоа од Витанија, Тој огладне.
13
И оддалеку виде една смоква, што имаше лисја; дојде не би ли нашол нешто на неа; а кога дојде не најде ништо освен лисја, зашто уште не беше време за смокви.
14
Тогаш проговори и и рече: „Отсега никој довека да не јаде плод од тебе!” А Неговите ученици слушаа.
15
И дојдоа во Ерусалим. И кога влезе во Храмот, почна да ги изгонува сите, кои купуваа и продаваа во Храмот. И им ги преврте масите на менувачите на сребрениците, и столиците на продавачите на гулаби.
16
И не дозволуваше некој да пренесе каков и да било сад низ Храмот.
17
И ги поучуваше, велејќи им: „Не е ли напишано: ‘Мојот Дом ќе се нарече Дом на молитва за сите народи,’ а вие направивте од него разбојничка пештера!”
18
А главните свештеници и книжниците го чуја тоа, и бараа како да Го погубат, зашто се боеја од Него; имено сиот народ беше восхитен од Неговата наука.
19
А навечер излегуваше од градот.
20
А наутро кога поминуваа, ја видоа смоквата исушена од корен.
21
А Петар се сети и Му рече: „Учителе, погледај! Се исушила смоквата, што ја проколна!”
22
Исус одговори и им рече:
23
”Имајте вера во Бога! Вистина ви велам, ако некој и рече на оваа гора: ‘Дигни се и фрли се во морето,’ а не се посомнева во своето срце, туку верува дека ќе биде она што го рече, тоа и ќе биде.
24
Затоа ви велам: сè што ќе побарате во молитва, верувајте дека го примивте, и ќе ви биде.
25
И кога стоите на молитва, проштавајте ако имате нешто против некого, за да ви ги прости и вашиот Татко, Кој е на небесата, вашите гревови.
26
Ако пак вие не проштавате, и вашиот Татко, Кој е на небесата, нема да ви ги прости вашите гревови.”
27
И дојдоа пак во Ерусалим, и кога одеше низ Храмот, дојдоа при Него главните свештеници, книжниците и старешините,
28
и Му рекоа: „Со каква власт го правиш тоа и Кој Ти ја даде таа власт да го правиш тоа?”
29
А Исус им рече: „Ќе ве прашам еден збор и одговорете Ми, и ќе ви кажам со каква власт го правам ова.
30
Јовановото крштавање од небото ли беше или од луѓето? Одговорете Ми!”
31
А тие размислуваа меѓу себе: „Ако кажеме од небото, ќе ни рече: ‘Зошто тогаш не му поверувавте?’
32
Но, ако речеме од луѓето?’ Се боеја од народот, зашто сите сметаа дека Јован беше навистина пророк.
33
Му одговорија на Исуса и рекоа: „Не знаеме!” А Исус им рече: „Ни Јас не ви кажувам, со каква власт го правам ова.”
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 12 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16