bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Mark 15
Mark 15
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 16 →
1
И веднаш наутро, првосвештениците, со старешините и книжниците и целиот Синедрион, Го врзаа Исуса, Го одведоа и му Го предадоа на Пилата.
2
И Пилат Го праша: „Ти ли си Јудејскиот Цар?” А Тој му одговори и рече: „Ти велиш!”
3
Првосвештениците Го обвинуваа многу. Но Тој не одговори ништо.
4
А Пилат пак Го праша: „Ништо ли не одговараш? Гледај, колку Те оптужуваат!”
5
Но Исус веќе ништо не одговори, така што Пилат се чудеше.
6
А на секој празник им пушташе по еден затвореник, кого ќе го побараа.
7
Беше во окови наречениот Варава, со своите собунтовници, кои во буната беа извршиле убиство.
8
И народот извика гласно и почна да го бара она, што секогаш им го правел.
9
А Пилат им одговори, велејќи: „Сакате ли да ви Го пуштам Јудејскиот Цар?”
10
Зашто знаеше дека првосвештениците Го предадоа од завист.
11
Но првосвештениците го наговорија народот: подобро да им го пушти Варава.
12
А Пилат пак одговори и им рече: „Тогаш, што да направам со Оној, Кого Го викате Јудејски Цар?”
13
Но тие извикаа повторно: „Распни Го!”
14
Пилат пак им рече: „Какво зло направил?” Но тие извикаа уште посилно: „Распни Го!”
15
Тогаш Пилат, сакајќи да му угоди на народот, им го пушти Варава, а Исуса, откако Го бичуваа, Го предаде да биде распнат.
16
Војниците Го одведоа внатре во дворот, односно во преторијата, и повикаа цела чета.
17
И Му облекоа пурпурна облека; сплетоа венец од трње и го положија на Него.
18
И почнаа да Го поздравуваат: „Здраво, Јудејски Царе!”
19
И Го удираа со трска по главата, Го плукаа и паѓајќи на колена Му се клањаа.
20
А кога Му се наругаа, ја соблекоа од Него пурпурната наметка и Му ја облекоа Неговата облека, и Го поведоа да Го распнат.
21
И натераа еден минувач, Симон Киринеец, кој се враќаше од полето, татко Александров и Руфов, да го носи Неговиот крст.
22
И Го доведоа на местото Голгота, што значи Место На Черепи.
23
И Му даваа вино со смирна, но Тој не прими.
24
Потоа Го распнаа и ги разделија Неговите облеки, фрлајќи жрепка за нив - кој што да земе.
25
А беше третиот час, кога Го распнаа.
26
И беше напишан натпис, што ја означуваше Неговата вина: „Јудејски Цар.”
27
И со Него распнаа двајца разбојници; едниот оддесно, а едниот одлево, до Него.
28
И се исполни Писмото кое вели: „И Го вброија меѓу злосторници.”
29
А минувачите Го хулеа, вртејќи со своите глави и велејќи: „Уа! Ти што го уриваш Храмот и го соѕидуваш за три дни,
30
спаси Се Себеси и слези од крстот!”
31
Слично се ругаа првосвештениците, заедно со книжниците, говорејќи еден на друг: „Другите ги спаси, а Себе не може да се спаси!
32
Христос - Израелевиот Цар! Нека слезе сега од крстот, да видиме и да поверуваме!” Го навредуваа и оние, кои беа распнати со Него.
33
А во шестиот час, настана темнина по сета земја, до деветтиот час.
34
А во деветтиот час Исус извика со силен глас: „Или! Или! Лама Савахтани!” - што значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!”
35
Штом го чуја тоа, некои од оние, кои стоеја таму, рекоа:”Ете, го вика Илија!”
36
И еден отрча и накваси сунѓер во киселина, ја надена на трска и Му даде да пие, велејќи: „Оставете, да видиме дали ќе дојде Илија да Го симне!”
37
А Исус викна со силен глас и издивна.
38
И храмската завеса се расцепи надве, одозгора до долу.
39
А кога виде стотникот, кој стоеше спроти Него, дека така издивна, рече: „Навистина, Овој човек беше Божји Син!”
40
А оддалеку гледаа и жени, меѓу кои беше Марија Магдалена, Марија мајка на Јаков малиот и на Јосија и Салома,
41
кои одеа по Него, кога беше во Галилеја, и Му служеа, и многу други, кои дојдоа со Него во Ерусалим.
42
А кога веќе се свечери, бидејќи беше подготвување, односно ден спроти сабота.
43
Дојде Јосиф од Ариматеја, почитуван советник, кој и самиот го чекаше Божјото Царство, се осмели и влезе при Пилата и го побара Исусовото тело.
44
А Пилат се зачуди дека веќе починал; и го повика стотникот и го праша дали починал одамна.
45
А штом узна од стотникот, му го даде на Јосифа мртвото тело.
46
Тој купи ленено платно, Го симна, Го завитка во платното и Го положи во гроб, што беше издлабен во карпа, и навали камен пред вратата на гробот.
47
А Марија Магдалена и Марија Јосиева гледаа каде е положен.
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 16 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16