bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Mark 2
Mark 2
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 3 →
1
И кога по неколку дена пак дојде во Капернаум; се чу дека е во куќа.
2
И се собраа мнозина, така што немаше веќе место пред вратата; и им го проповедаше Словото.
3
И дојдоа при Него носејќи фатен, кого го носеа четворица.
4
И како не можеа да го донесат до Него, заради народот, го открија покривот над местото каде што беше, и го пробија и ја спуштија постелата, на која лежеше фатениот.
5
А Исус, кога ја виде нивната вера, му рече на фатениот: „Синко, ти се опростуваат гревовите.”
6
А некои од книжниците седеа таму и размислуваа во своите срца:
7
”Што зборува Овој вака? Тој хули! Кој може да опростува гревови, освен Еден Бог?”
8
И Исус веднаш штом созна со Својот дух дека тие размислуваат така во себе, им рече: „Зошто размислувате така во своите срца?
9
Што е полесно да му се рече на фатениот: ‘Ти се опростуваат гревовите,’ или да му се рече: ‘Стани и земи ја својата постела, и оди!’
10
Но за да знаете дека Човечкиот Син има власт да ги опростува гревовите на земјата, му рече на фатениот:
11
”Тебе ти зборувам - стани, подигни ја својата постела и оди си дома!”
12
И стана, веднаш ја подигна постелата, и излезе пред сите, така што сите се восхитуваа и Го славеа Бога, велејќи: „Такво нешто уште никогаш не видовме!”
13
И излезе пак покрај морето; и целото множество доаѓаше при Него, и го поучуваше.
14
И минувајќи, го виде Левија Алфеев, како седи во царинарницата, и му рече: „Врви по Мене!” И тој стана и тргна по Него.
15
И кога прилегна покрај трпезата во неговата куќа, многу цариници и грешници беа покрај трпезата, со Исуса и со Неговите ученици, зашто ги имаше мнозина, и врвеа по Него.
16
А кога книжниците и фарисеите Го видоа како јаде со грешниците и цариниците, им рекоа на Неговите ученици: „Зошто јаде и пие заедно со цариниците и грешниците?”
17
А Исус, кога го чу тоа, им рече: „Не им треба лекар на здравите, туку на болните. Не дојдов да ги викам праведните - туку грешниците на покајание.”
18
Јовановите ученици и фарисеите постеа. И дојдоа и Му рекоа: „Зошто Јовановите ученици и учениците на фарисеите постат, а Твоите ученици не постат?”
19
Исус им рече: „Можат ли сватовите да постат додека е младоженецот со нив? Додека го имаат со себе младоженецот, не можат да постат.
20
Но, ќе дојдат дни кога ќе им го грабнат младоженецот од нив; и тогаш - во тој ден - ќе постат.
21
Никој не пришива крпа од ново сукно врз стара облека. Инаку, закрпата го кине од неа новото од старото, и скинатото ќе биде полошо.
22
И никој не налева ново вино во стари мевови; инаку новото вино ќе ги скине мевовите, па ќе пропаднат и виното и мевовите. Туку, ново вино - во нови мевови!”
23
А кога во сабота одеше низ посевите, Неговите ученици почнаа да прават пат, кинејќи класје.
24
И фарисеите Му рекоа: „Гледај! Зошто го прават во сабота тоа што не е дозволено?”
25
Им рече: „Зар никогаш не сте читале, што направи Давид кога беше во неволја и кога огладне тој и оние, кои беа со него?
26
Како влезе во Божјиот дом, во времето на првосвештеникот Авијатар, и ги изеде поставените лебови, кои никој не смее да ги јаде, освен свештениците; и им даде на оние, кои беа со него!”
27
И им рече: „Саботата е воспоставена заради човекот, а не човекот заради саботата.
28
Така, Човечкиот Син е Господар и на саботата.”
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16