bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Mark 9
Mark 9
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 10 →
1
И им рече: „Вистина ви велам - има некои меѓу овие, кои стојат тука, кои нема да вкусат смрт, додека не го видат Божјото Царство дојдено во сила.”
2
И по шест дни, Исус ги зеде Петра, Јакова и Јована и ги изведе само нив на една висока планина, насамо, и се преобрази пред нив;
3
и неговите облеки станаа блескави и многу бели, како што белител на земјата не може да ги избели.
4
И им се јави Илија со Мојсеја, и разговараа со Исуса.
5
А Петар проговори и Му рече на Исуса: „Рави! Учителе, добро е да сме тука; да направиме три шатори: еден за Тебе, еден за Мојсеј и еден за Илија.”
6
Имено, не знаеше што да рече, зашто беа многу уплашени.
7
И дојде облак и ги засени, а од облакот се чу глас: „Овој е Мојот возљубен Син! Слушајте Го Него!”
8
И одеднаш кога се обѕрнаа, веќе никого не видоа покрај себе, освен Исуса.
9
А кога слегуваа од гората, им заповеда никому да не му кажуваат што видоа, додека Човечкиот Син не воскресне од мртвите.”
10
И тие го држеа цврсто тој збор, но меѓусебно расправаа: што значи - да се воскресне од мртви?
11
И Го прашаа: „Зошто книжниците велат дека првин Илија треба да дојде?”
12
А Тој им рече: „Илија ќе дојде првин, и ќе воспостави сè. А како е напишано за Човечкиот Син: дека треба многу да пострада и да биде презрен?
13
Но, Јас ви велам, дека Илија дојде, и постапија со него, како што сакаа, како што е напишано за него.”
14
И кога дојдоа при учениците, видоа многу големо множество околу нив и книжници, кои се препираа со нив.
15
И штом целото множество Го виде, се зачудија, и се стрчаа и Го поздравуваа.
16
И ги праша: „За што се препирате со нив?”
17
А еден од народот му одговори: „Учителе, Ти го доведов сина си, во кого е нем дух;
18
и кога го фаќа, го кутнува, а тој се пени, чкрта со забите и се здрвува. Им реков на Твоите ученици да го истераат, но не можеа.”
19
А Тој одговори и рече: „О неверен роде, до кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете го при Мене!”
20
И Му го доведоа. А штом духот го виде, веднаш го стресе и тој падна на земја, се тркалаше и се пенеше.
21
Тогаш го праша татка му: „Колку време има откако му се случува ова? А тој рече: „Од детството,
22
а често го фрла во оган и во вода - за да го погуби. Но, ако можеш нешто, смилувај ни се и помогни ни!”
23
Исус пак му рече: „Ако можеш нешто! Сè е можно на оној, кој верува!”
24
Таткото на детето веднаш извика и рече: „Верувам! Помогни му на моето неверие!”
25
А Исус штом виде дека придојдува народ, му се закани на нечистиот дух и му рече: „Нем и глув душе, Јас ти заповедам, излези од него и повеќе не влегувај во него!”
26
И извика, и го стресе силно детето и излезе. И беше како мртво, така што мнозина велеа дека умрело.
27
А Исус го фати за рака, го поткрена и тоа стана.
28
А кога дојде во една куќа, Неговите ученици Го прашаа насамо: „Зошто ние не можевме да го истераме?”
29
И им одговори: „Овој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост.”
30
И кога замина оттаму, минуваа низ Галилеја, и не сакаше некој да научи за тоа;
31
имено, ги поучуваше Своите ученици и велеше: „Човечкиот Син ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат; и откако ќе Го убијат, Тој ќе воскресне на третиот ден.
32
Но тие не го разбраа тој збор, а се боеја да Го прашаат.”
33
И дојдоа во Капернаум, и кога беше во куќата, ги праша: „За што се расправавте патем?”
34
А тие молчеа, зашто патем се расправаа меѓусебно за тоа кој е поголем.
35
Тој пак седна, ги повика Дванаесетте и им рече: „Кој сака да биде прв, нека биде последен и слуга на сите!”
36
Тогаш зеде едно детенце, го постави меѓу нив, го прегрна и им рече:
37
”Кој прима едно такво дете во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Ме прима Мене, туку Оној Кој Ме испратил.”
38
Јован Му рече: „Учителе, видовме еден - кој во Твое име - изгонуваше зли духови, а не оди по нас, и му забранивме, зашто не оди по нас.”
39
А Исус рече: „Не бранете му! Зашто нема никој, кој би правел чудо во Мое име и да може веднаш потоа да говори зло за Мене.
40
Зашто, кој не е против нас, тој е со нас.”
41
И кој ќе ве напои со чаша ладна вода во Мое име, затоа што сте Христови, вистина ви велам, нема да ја изгуби својата награда.
42
А кој соблазни едно од овие мали, кои веруваат во Мене, подобро ќе му биде да му обесат на вратот воденички камен и да биде фрлен во морето.
43
И ако твојата рака те соблазнува, отсечи ја. Подобро е да влезеш без рака во животот, отколку со двете раце да отидеш во пеколот, во неизгорлив оган,
44
каде нивниот црв не умира, и огнот не изгорува.
45
Ако твојата нога те соблазнува, отсечи ја! Подобро е за тебе да влезеш во животот хром, отколку со двете нозе да бидеш фрлен во пеколот,
46
каде нивниот црв не умира, и огнот не изгорува.
47
И ако и твоето око те соблазнува, извади го! Подобро е за тебе да влезеш во Божјото Царство со едно око, отколку да бидеш со двете очи фрлен во пеколот,
48
каде нивниот црв не умира, и огнот не изгорува.
49
Зашто секој ќе биде посолен со оган, и секоја жртва ќе се осоли со сол.
50
Солта е добра, но ако солта стане несолена, со што ќе ја поправите? Имајте сол во себе и имајте мир помеѓу себе.”
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 10 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16