bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Mark 4
Mark 4
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 5 →
1
И пак почна да поучува покрај морето. И се собра околу Него многу народ, така што влезе во кораб и седеше на морето, а целиот народ беше на копното, покрај морето.
2
И ги поучуваше многу со параболи; и им рече во Својата поука:
3
”Слушајте! Ете, излезе сејач да сее.
4
И кога сееше, едно зрно падна покрај патот, и дојдоа птици и го исколваа.
5
Друго падна на каменлива почва, каде немаше многу земја; и никна брзо, зашто немаше длабока земја.
6
А кога сонцето изгреа, овена и бидејќи немаше корен се исуши.
7
И друго падна во трње, и трњето израсна и го загуши, па не донесе плод.
8
А друго падна на добра земја и донесе плод, кој напредуваше и растеше, и принесе: едно триесет, и друго шеесет, а друго сто.”
9
И рече: „Кој има уши да слуша, нека слуша!”
10
А кога остана Сам, Го прашаа за параболата оние, кои беа околу Него со Дванаесетмината.
11
И им рече: „Вам ви е дадена тајната на Божјото Царство, а на оние кои се надвор, сè биднува во параболи,
12
за ‘гледајќи да гледаат и да не видат; и слушајќи да слушаат, а да не разбираат, за да не се покајат и да не им биде простено’.”
13
И им рече: „Не ја разбирате ли оваа приказна? А како ќе ги разберете сите параболи!
14
Сејачот сее слово.
15
Оние, покрај патот, каде се сее словото, се оние кај кои - кога ќе го чујат - веднаш доаѓа сатаната и го грабнува словото, посеано во нив.
16
Исто, посеани врз каменлива почва се оние, кои - штом го чујат словото - го примаат со радост,
17
но немаат во себе корен, туку се непостојани, и кога ќе дојде неволја или гонење заради словото, веднаш се соблазнуваат.
18
А другите, што се посеани во трње, тоа се оние, кои го чуле словото,
19
но светските грижи, и измамливоста на богатството, и желбите за други работи, кога ќе влезат го загушуваат словото, и останува без плод.
20
А посеаните на добра земја се оние, кои го слушаат словото, го примаат и донесуваат плод: еден триесет, и еден шеесет, и еден сто.
21
И им рече: „Затоа ли се внесува светилка за да се стави под вршник или под легло, а не за да се стави на светилникот?
22
Зашто ништо не е скриено, што не ќе биде откриено; или што е направено тајно, а да не излезе на видело.
23
Кој има уши да слуша, нека слуша!”
24
И им рече: „Внимавајте што слушате! Со каква мера мерите, со таква ќе ви се мери, и ќе ви се придаде вам, кои слушате.
25
Зашто кој има, ќе му се даде; а кој нема, ќе му се одземе и она што го има.”
26
И велеше: „Така, Божјото Царство е како кога човек ќе фрли семе во земја;
27
и спие и станува ноќе и дење, а семето никнува и расте, а самиот не знае како.
28
Земјата сама од себе донесува плод, најнапред стебло, после клас - потоа клас полн со зрна.
29
А кога плодот узрее, веднаш испраќа срп, зашто настанала жетва.”
30
И велеше: „Со што да го споредиме Божјото Царство? Со каква парабола да го претставиме?
31
Тоа е како синаповото зрно, што кога се сее во земјата, е помало од сите семиња на земјата;
32
но кога е посеано, израснува и станува поголемо од сите зеленчуци и пушта големи гранки, така што небесните птици можат да се гнездат под неговата сенка.”
33
Со многу такви параболи им го кажуваше словото, колку што можеа да слушаат.
34
А без параболи ништо не им говореше, но насамо им објаснуваше сè на Своите ученици.
35
И вечерта на истиот ден им рече: „Да преминеме на другата страна!”
36
И кога го отпуштија народот Го зедоа Исуса со себе, како што беше во коработ; и други кораби беа со Него.
37
И се подигна силна бура, а брановите се префрлуваа во коработ, така што коработ веќе се полнеше.
38
А Тој при кормилото спиеше на перница. И Го разбудија и Му рекоа: „Учителе, зар не Ти е грижа, што ние загинуваме?”
39
И стана, му се закани на ветрот и му рече на морето: „Стивни! Молкни!” И ветерот стивна и настана голема тишина.
40
И им рече: „Зошто се плашите толку? Како немате вера?”
41
И ги опфати голем страв, и говореа еден на друг: „Кој е Овој, што и ветерот и морето Му се покоруваат?”
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 5 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16