bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Matthew 13
Matthew 13
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 14 →
1
Во оној ден Исус излезе од куќата и седна покрај морето.
2
И големи мноштва се собраа до Него, така што Тој влезе во кораб и седна, а сето мноштво стоеше на брегот.
3
И им говореше многу во параболи, велејќи: „Ете, сејач излезе да сее,
4
и кога сееше, некои зрна паднаа покрај патот, и птици дојдоа и ги исколваа.
5
Други паднаа на каменити места, каде немаше многу земја, и набргу никна, зашто немаше длабока земја.
6
А кога изгреа сонцето, изгореа, и бидејќи немаа корен, се исушија.
7
Други паднаа меѓу трње, и трњето израсна и ги загуши.
8
Други паднаа на добра земја и дадоа плод: едното сто, другото шеесет, а другото триесет.
9
Кој има уши да слуша, нека слуша!”
10
И учениците Му се приближија и Му рекоа: „Зошто им зборуваш во параболи?”
11
А Тој им одговори и рече: „Затоа што вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено.
12
Зашто кој има, ќе му се даде и ќе има изобилие; а кој нема, ќе му се одзеде и она, што го има.
13
Затоа им зборувам во параболи, зашто гледаат и не видуваат, слушаат и не чујат, ниту разбираат.
14
И врз нив се исполнува пророштвото на Исаија, кое вели: ‘Со уши ќе слушате и нема да разбирате; со очите ќе гледате и нема да видите.
15
Зашто срцето на овој народ отапело; и со ушите тешко слушаат, и ги затворија своите очи; за да не гледаат со очите, или да слушаат со ушите, и да разберат со срцето и да се обратат, и Јас да ги исцелам.’
16
А вашите очи се блажени, зашто гледаат; и вашите уши зашто слушаат.
17
Зашто вистина ви велам, дека мнозина пророци и праведници посакуваа да видат што гледате вие, и не видоа, и да чујат што слушате вие, и не чуја.”
18
”И така, чујте ја вие параболата за сејачот.
19
Кога некој го слуша словото за царството, а не го разбира, тогаш доаѓа лукавиот и го граби тоа што е посеано во неговото срце; тоа е, што е посеано покрај патот.
20
А посеаното на каменити места е оној, кој го слуша словото и веднаш го прима со радост,
21
но нема корен во себе, и привремен е, и кога ќе настане неволја или гонење заради словото, веднаш се соблазнува.
22
А посеаното меѓу трње е оној, кој го слуша словото, но грижите за светов и измамата на богатството го загушуваат словото, и станува неплоден.
23
А посеаното на добра земја е оној, кој го слуша словото и го разбира; кој навистина раѓа плод и донесува: едниот стократно, другиот шеесет, и другиот триесет.”
24
Им претстави и друга парабола, велејќи: „Царството небесно е слично на човек, кој посеал добро семе на својата нива.
25
Но, кога луѓето спиеја, дојде неговиот непријател и посеа какол меѓу пченицата и си отиде.
26
А кога посевот порасте и донесе плод, тогаш се покажа и каколот.
27
А слугите на домаќинот пристапија и му рекоа: ‘Господару, зар не посеа добро семе на својата нива? Тогаш, откаде е каколот во неа?’
28
А тој им рече: ‘Човек непријател го направи тоа.’Слугите пак му рекоа: ‘Сакаш ли тогаш да одиме и да го исплевиме?’
29
А тој рече: „Не, да не би корнејќи го каколот, да ја откорнете со него и пченицата.
30
Оставете ги нека растат двете заедно до жетвата. А во времето на жетвата ќе им речам на жетварите: ‘Соберете го најнапред каколот и врзете го во снопови, за горење; а житото приберете го во мојата житница’.”
31
Друга парабола им претстави, велејќи: „Царството небесно е слично на синаповото зрно, кое човекот го зеде и го посеа на својата нива;
32
тоа е навистина најмало од сите семиња, но кога е пораснато, поголемо е од зеленчуците и станува дрво, така што птиците небесни доаѓаат и се гнездат на неговите гранки.”
33
Друга парабола им кажа: „Царството небесно е слично на квас, што го зема жена и го сокри во три мери брашно, додека скисне сето.”
34
Сето ова Исус им го кажа на народот во параболи, и без парабола Тој не им говореше;
35
за да се исполни реченото преку пророкот, кој вели: „Ќе ја отворам Својата уста во параболи; ќе го објавам сокриеното од создавањето на светот.”
36
Тогаш ги отпушти мноштвата и дојде во куќата. И Неговите ученици дојдоа при Него и рекоа: „Објасни ни ја параболата за каколот на нивата.”
37
А Тој им одговори и рече: „Сејачот на доброто семе е Синот Човечки.
38
Нивата е светот; доброто семе, тоа се синовите на Царството; а каколот се синовите на лукавиот,
39
а непријателот, што го посеа, е ѓаволот. Жетвата е свршетокот на векот, а жетварите се ангели.
40
Како што каколот се собира и се гори во оган, така ќе биде и на свршетокот на векот.
41
Синот Човечки ќе ги испрати Своите ангели, кои ќе ги соберат од Неговото царство сите соблазни, и оние, кои вршат беззаконие,
42
и ќе ги фрлат во огнена печка; таму ќе биде плач и чкртање со заби.
43
Тогаш праведниците ќе светнат како сонце во Царството на својот Татко. Кој има уши да слуша, нека слуша!”
44
”И пак, царството небесно е слично на благо сокриено во нивата, кое човекот го нашол и го скрил, па во својата радост оди и продава сè што има, и ја купува таа нива.”
45
”И пак, царството небесно е слично и на трговец, кој бара убави бисери.
46
А кога најде еден скапоцен бисер, оди и продава сè што има, и го купува.”
47
”И пак, царството небесно уште е слично на мрежа, фрлена во морето, која собира риби од секаков вид.
48
Кога се наполни, ја извлекоа на брегот и седнаа, па ги собраа добрите во садови, а лошите ги исфрлија.
49
Така ќе биде и на свршетокот на векот; ангелите ќе излезат и ќе ги одделат злите од среде праведните,
50
и ќе ги фрлат во огнена печка; таму ќе биде плач и чкртање на заби.”
51
Исус им рече: „Дали го разбравте сето ова?” Му рекоа: „Да Господи!”
52
А Тој им рече: „Затоа секој книжник, поучен за царството небесно, прилега на домаќин, кој од својата ризница изнесува ново и старо.”
53
И се случи кога Исус ги сврши тие параболи, да замине оттаму.
54
И штом дојде во Својот роден крај, ги поучуваше во нивните синагоги, така што се зачудуваа и зборуваа: „Откаде Му се на Овој оваа мудрост и силни дела?
55
Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не ли се вика Марија, а Неговите браќа: Јаков, Јосиф, Симон и Јуда?
56
И Неговите сестри не се ли сите со нас? Откаде Му е тогаш на Овој сето тоа?”
57
И се соблазнуваа во Него. А Исус им рече: „Пророкот не е без чест, освен во својата татковина и во својот дом.”
58
И не изврши таму многу силни дела, заради нивното неверување.
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 14 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28