bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Matthew 7
Matthew 7
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 8 →
1
„Не судете, за да не бидете судени!
2
Зашто со каков суд судите, со таков ќе ви се суди; и со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери.”
3
” Зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат, а не ја забележуваш гредата во твоето око?
4
Или, како ќе му речеш на брата си: ‘Дозволи ми, да ти ја извадам раската од твоето око; а, пак, ете, во твоето око има греда?’
5
Лицемере, извади ја првин гредата од твоето око, па тогаш ќе видиш јасно, како да ја извадиш раската од окото на брата си.”
6
”Не давајте им го она што е свето на кучињата; ниту фрлајте ги своите бисери пред свињите, за да не ги изгазат со своите нозе, и да се завртат и да ве раскинат.”
7
”Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори.
8
Зашто секој кој моли, добива; кој бара, наоѓа, и на оној кој чука, ќе му се отвори.
9
Или, кој е тој човек меѓу вас, кој на својот син ако му побара леб, ќе му даде камен?
10
Или, ако му побара риба, ќе му даде ли змија?
11
И така, ако вие, кои сте зли, знаете да им давате добри дарови на своите чеда, колку повеќе вашиот Татко, Кој е во небесата, ќе им даде добра на оние, кои Го молат?”
12
”И така, сè што сакате да ви прават луѓето, правете им и вие така; зашто тоа е Законот и пророците.”
13
”Влезете низ тесната врата, зашто широка е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст, и мнозина се, кои влегуваат низ неа.
14
Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се кои го наоѓаат.”
15
”Пазете се од лажните пророци, кои ви доаѓаат во овча облека, а внатре се грабливи волци.
16
Ќе ги препознаете по нивните плодови. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка?
17
Така, секое добро дрво раѓа добри плодови, а лошото дрво раѓа лоши плодови.
18
Не може добро дрво да дава лоши плодови, нити лошо дрво да дава добри плодови.
19
Секое дрво, ако не раѓа добри плодови, се сече и се фрла во оган.
20
И така: ќе ги препознаете по нивните плодови.”
21
”Не секој, што Ми вели: ‘Господи, Господи!’ ќе влезе во царството небесно, а оној, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата.
22
Мнозина ќе Ми речат во оној ден: ‘Господи, Господи, не пророкувавме ли во Твое име; не изгонувавме ли бесови во Твое име; и не правевме ли многу чуда во Твое име?’
23
И тогаш Јас ќе им изјавам: ‘Никогаш Јас не сум ве познавал; одете си од Мене вие, кои правите беззаконие!’
24
”И така, секој, кој ги слуша овие Мои зборови и ги исполнува, ќе го споредам Јас со благоразумен човек, кој ја изградил својата куќа на камен.
25
И заврна пороен дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, но таа не се разурна, зашто беше заснована на камен.
26
И секој, кој ги слуша овие Мои зборови, а не ги исполнува, ќе биде спореден со безумен човек, кој ја изградил својата куќа на песок.
27
И заврна пороен дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, и таа падна, и нејзиното паѓање беше големо.”
28
И кога Исус ги заврши овие зборови, народот се чудеше на Неговото учење;
29
зашто ги учеше како Оној, Кој има власт, а не како нивните книжници.
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 8 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28