bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Matthew 14
Matthew 14
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 15 →
1
Во она време четворовласникот Ирод го чу гласот за Исуса;
2
и им рече на своите слуги: „Тоа е Јован Крстител; тој воскреснал од мртвите, и затоа силните дела дејствуваат во Него.”
3
Зашто Ирод го фати Јована, го врза и го стави во затвор, заради Иродијада, жената на брата си Филипа;
4
бидејќи Јован му велеше: „Не ти е дозволено да ја имаш.”
5
И сакајќи да го убие, се боеше од народот, зашто го држеше за пророк.
6
А кога се празнуваше Иродовиот роденден, Иродијадината ќерка играше среде и му угоди на Ирода,
7
затоа, тој со клетва и вети да и даде, што и да му побара.
8
А таа, наговорена од својата мајка, рече: „Дај ми ја тука на послужавник главата на Јован Крстител.”
9
И царот се ожалости, но заради клетвите и заради оние што седеа со него, заповеда да и ја дадат,
10
и испрати, па го обезглавија Јована во затворот.
11
И неговата глава беше донесена на послужавник и дадена на девојката, а таа ја однесе на мајка си.
12
И неговите ученици дојдоа, го зедоа телото и го погребаа, и отидоа и Му јавија на Исуса.
13
А кога го чу тоа Исус, се повлече оттаму со кораб, во пусто место, насамо. Но мноштвата чуја и Го следеа пеш од градовите.
14
И кога излезе виде големо мноштво, беше поттикнат со сожалување кон нив и ги исцели нивните болни.
15
А кога се свечери Неговите ученици дојдоа при Него и Му рекоа: „Местово е пусто и времето е веќе поодминато; распушти ги мноштвата да отидат по селата за да си купат храна.”
16
Но Исус им рече: „Нема потреба да одат, дајте им вие да јадат!”
17
А тие Му рекоа: „Тука немаме ништо, но само пет лебови и две риби.”
18
А Тој им рече: „Донесете Ми ги тука.”
19
И заповеда народот да седне по тревата; ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото и благослови; ги раскрши лебовите и им ги даде на учениците, а учениците на мноштвата.
20
И сите јадоа и се наситија; и го дигнаа преостанатото од парчињата, дванаесет кошеви полни.
21
А оние, кои јадеа, беа околу пет илјади мажи, освен жените и децата.
22
И веднаш ги натера Исус учениците Свои да влезат во кораб и да отидат пред Него на другата страна, додека да го распушти народот.
23
И штом го распушти народот, се искачи на гората, за да се моли насамо. А кога се свечери, беше Сам таму.
24
А коработ веќе беше многу стадии далеку од брегот, измачуван од брановите, зашто ветерот беше спротивен.
25
А во четвртата ноќна стража дојде при нив, одејќи по морето.
26
Кога Го видоа како оди по морето, учениците се исплашија и рекоа: „Тоа е привидение!” и извикаа од страв.
27
А Исус веднаш им проговори и рече: „Бидете храбри! Јас Сум! Не бојте се.”
28
А Петар Му одговори и рече: „Господи, ако си Ти, нареди ми да дојдам при Тебе по водата.”
29
Тој пак рече: „Дојди!” И Петар слезе од коработ и одеше по водата да дојде при Исуса.
30
Но кога го виде силниот ветер, се исплаши, почна да тоне и извика, велејќи: „Господи, спаси ме!”
31
А Исус веднаш ја испружи раката, го фати и му рече: „Маловерен, зошто се посомнева?”
32
И кога влегоа во коработ, ветрот престана.
33
А оние, кои беа во коработ, дојдоа и Му се поклонија, велејќи: „Навистина Ти си Божји Син.”
34
И кога преминаа, дојдоа во Генисаретската земја.
35
И кога Го познаа луѓето од тоа место, испратија по целата онаа околија и Му ги донесоа сите кои беа болни,
36
и Го молеа да се допрат само до ресите на Неговата облека; и колку и да се допреа, сите се исцелуваа.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28