bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Proverbs 14
Proverbs 14
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 15 →
1
Мудрата жена го изградува нејзиниот дом, а лудата го разурнува со рацете.
2
Кој живее од чесност, се бои од Господа, а кој оди по страничен пат, Го презира.
3
Во устата на лудиот е прачката за неговата гордост, а мудроста ја пазат сопствените усни.
4
Каде нема волови, јаслите се празни, а жетвата е изобилна од силата на воловите.
5
Вистинскиот сведок не лаже, а лажниот сведок шири лага.
6
Потсмевачот бара мудрост и не ја наоѓа, а разумниот лесно доаѓа до знаење.
7
Оди си од безумниот човек, зашто нема да запознаеш усни што зборуваат знаење.
8
Мудроста на мудриот човек е во тоа: што внимава на својот пат, а глупоста на безумникот е заблуда.
9
На лудите гревот им е шега, а среде праведните е Божјата наклонетост.
10
Срцето ја познава својата душевна мака, и неговата радост не може да ја дели никој друг.
11
Домот на нечесните ќе пропадне а живеалиштето на праведниците ќе процвета.
12
Некој пат му се чини на човекот прав, а на крајот води кон смртта.
13
И во смеата срцето чувствува болка, а после веселбата доаѓа тага.
14
Лукавиот се сити со своите престапи, а добриот човек со својот труд.
15
Глупавиот верува на секој збор, а умниот внимава на својот чекор.
16
Мудриот се бои и се отклонува од злото, а безумниот се распалува и е смел.
17
Избувливиот човек прави лудости, и зломисленикот ќе биде замразен.
18
Глупавите ја наследуваат лудоста, а мудрите ги овенчува знаењето.
19
Лошите се поклонуваат пред добрите, и нечесните пред вратите на праведникот.
20
Сиромавиот им е омразен и на своите пријатели, а богатиот има многу другари.
21
Греши кој го презира својот ближен, а блазе на оној кој е милостив кон сиромасите.
22
Не одат ли по заблуда оние што смислуваат зло? А зар не се добрината и верноста со оние што смислуваат добро.
23
Од секој труд има полза, а од брбливоста на усните само сиромаштво.
24
На мудрите венец им е нивното богатство, а глупоста на безумните е нивната лудост.
25
Вистинскиот сведок избавува души, а лажниот сведок истура лаги.
26
Во стравот од Господа е голема верба, и е прибежиште за неговите синови.
27
Стравот од Господа е извор на животот; Тој избавува од стапицата на смртта.
28
Многуброен народ е слава за царот, а без луѓе владетелот пропаѓа.
29
Кој се гневи бавно има големо разбирање, а избувливиот во дух покажува глупост.
30
Тивкото срце е живот на телото, а љубомората е гнилеж во коските.
31
Кој го угнетува бедниот, го навредува неговиот Творец, а кој е милостив кон бедниот Го почитува.
32
Нечесниот пропаѓа заради сопствената пакост, а праведникот и при самата смрт наоѓа засолниште.
33
Мудроста почива во разумно срце, а што е во безумниот тоа и се покажува.
34
Правдата го возвишува народот, а гревот е срам на народите.
35
Царската наклонетост е кон разумниот слуга а неговиот гнев - против оној кој го срами.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31