bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Proverbs 16
Proverbs 16
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 17 →
1
Човекот смислува во срцето, а од Господа е што ќе одговори јазикот.
2
На човекот сите негови патишта му изгледаат чисти, а Господ ги испитува духовите.
3
Препушти му ги на Господа своите дела, и твоите намери ќе се сигурни.
4
Господ создаде сè за сопствена цел, па и нечесниот за денот на злото.
5
Омразен Му е на Господа секој со гордо срце, таков навистина не останува без казна.
6
Со милост и вистина се очистува неправдата, и со стравот од Господа се отстранува злото.
7
Кога на Господа Му се мили човековите патишта и неговите непријатели ги помирува со него.
8
Подобро е малку со правда, отколку големи приходи со неправда.
9
Човековото срце го смислува својот пат, но Господ ги управува неговите чекори.
10
Вдахновена одлука е во усните на царот: неговата уста нема да згреши во пресудата.
11
Чесните ваги и премерувањата Му припаѓаат на Господа; сите тегови во торбите се Негово дело.
12
Омразено им е на царевите да се врши беззаконие, зашто престолот се уцврстува со правда.
13
Пријатни им се на царевите праведни усни, и тие го љубат оној кој зборува вистина.
14
Царевиот гнев е вестител на смртта, но мудриот човек го ублажува.
15
Во ведрото лице на царот е живот, и неговата милост е како облак со пролетен дожд.
16
Пополезно е да се стекне мудрост, отколку злато, и придобивањето на разум е поскапоцено, отколку среброто.
17
Патот на праведните е: да се отстрануваат од злото, и кој внимава на својот пат, го чува својот живот.
18
Гордоста врви пред гибелта, и високоумноста пред паѓањето.
19
Подобро е да се биде кроток со понизните, отколку да се дели плен со горделивите.
20
Кој внимава на зборот, наоѓа добро, и кој се надева на Господа, блажен е.
21
Мудриот во срцето се наречува разумен, и слаткото зборување го зголемува знаењето.
22
Разумот е извор на живот на оние што го имаат, а на безумните им е казна нивната глупост.
23
Срцето на мудрецот ја вразумува неговата уста; му го умножува знаењето на усните.
24
Љубезните зборови се мед во саќи, сладост на душата и лек на коските.
25
Некој пат му се чини прав на човекот, а на крајот води кон смртта.
26
Гладот на трудбеникот работи за него, зашто го тера неговата уста.
27
Никаквецот приготвува само зло и во усните му е пламенен оган.
28
Лукавиот човек сее раздор, и клеветникот ги разделува најверните пријателите.
29
Насилникот го заведува својот ближен и го наведува на лош пат.
30
Кој намигнува со очите, смислува опакост, а кој ги стиска усните, веќе смислил пакост.
31
Седите коси се венец на слава; се наоѓаат на патот на правдата.
32
Кој е долготрпелив подобар е од јунакот, и кој владее со себе, подобар е од освојувачот на град.
33
Во пазувата се фрла жрепката, но од Господа е секоја одлука.
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 17 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31