bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Proverbs 2
Proverbs 2
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 3 →
1
Сине мој, ако ги примиш моите зборови и ги запазиш моите заповеди во себе,
2
и со своето уво ја послушаш мудроста и го обратиш своето срце кон разумот;
3
да, ако го повикаш разумот и извикаш кон благоразумноста;
4
ако го бараш како сребро и трагаш по него како по скриено сокровиште -
5
тогаш ќе го разбереш Господовиот страв и ќе го најдеш знаењето за Бога.
6
Зашто Господ дава мудрост, од Неговата уста доаѓа знаењето и разумот.
7
Тој им ја укажува Својата помош на праведните, штит им е на оние што одат непорочно.
8
Зашто Тој ги штити патиштата на правдата и го чува патот на Своите свети.
9
Тогаш ќе ги сфатиш: правдата, правосудството и верноста, а и секој добар пат.
10
Зашто мудроста ќе влезе во твоето срце и знаењето ќе ја зарадува твојата душа.
11
Расудувањето ќе те пази тебе и разумноста ќе те чува:
12
За да те избави од лош пат, од измамлив човек,
13
од оние што ги оставаат патеките на чесноста, па одат по мрачни патишта;
14
кои се веселат правејќи зло и ликуваат во изопаченоста на лошото;
15
чии патеки се криви, и кои се опаки на своите патишта.
16
За да те избави од прељубница и од туѓинка, што ласка со зборови,
17
која го остава пријателот на својата младост и го заборава заветот на својот Бог.
18
Зашто куќата и тоне во смрт, и нејзините патишта водат кон мртвите,
19
кој влегува при неа, не се враќа никогаш, и не ги наоѓа повеќе патиштата на животот.
20
Затоа, оди по патот на добрите и држи се за патеките на праведниците!
21
Зашто само праведните ќе ја населат земјата и непорочните ќе останат на неа;
22
а беззакониците ќе бидат збришани од земјата, и богохулниците ќе бидат искоренети од неа.
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31