bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Proverbs 15
Proverbs 15
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 16 →
1
Благиот одговор ја ублажува јароста, а грубиот збор го зголемува гневот.
2
Јазикот на мудрите луѓе го прославува знаењето, а устата на безумните истурува глупост.
3
Господовите очи се на секое место и ги набљудуваат и лошите и добрите.
4
Благиот јазик е дрво на животот, а пакосниот е рана за духот.
5
Безумниот ја презира поуката на својот татко, а кој прима укор, е благоразумен.
6
Во праведниковиот дом има големо изобилство, а нечесниот ја печали својата пропаст.
7
Усните на мудрите сеат знаење, а срцето на безумникот е непостојано.
8
Жртвата на нечесниот Му е омразена на Господа, а мила Му е молитвата на праведните.
9
Патот на нечесните Му е омразен на Господа, а возљубен Му е оној, кој оди по правдата.
10
Тешка казна го чека оној кој го остава правиот пат, а ќе умре кој го мрази изобличувањето.
11
И Пеколот и Гибелта стојат пред Господа, а колку повеќе срцата на човечките синови.
12
Потсмевачот не го љуби оној што го кори: тој не се дружи со мудрите.
13
Веселото срце го разведрува лицето, а болката во срцето тешкотија е за духот.
14
Разумното срце бара знаење, а безумничката уста се занимава со глупост.
15
За натажениот сите денови се зли, а кому срцето е весело, на гозби е постојано.
16
Подобро е малку со страв од Господа, отколку големо богатство и немир со него.
17
Подобар е оброк со зеленчук каде е љубовта, отколку згоен вол каде е омразата.
18
Гневливиот човек заметнува препирка, а стрпливиот ја стивнува расправата.
19
Патот на мрзливиот е како глогово трниште, а патеката на праведникот е разгазена.
20
Мудриот син го весели таткото, а безумниот ја презира својата мајка.
21
Лудоста е веселба за неразумниот, а разумниот човек оди право.
22
Не успеваат намерите, каде што нема советување, а се остваруваат каде има многу советници.
23
Човекот се радува на одговорот на својата уста, и зборот во право време колку е добар!
24
За разумниот човек патот на животот оди нагоре, за да се отстрани од пеколот, што е долу.
25
Господ го разурнува домот на гордите, а ја поставува меѓата на вдовицата.
26
Омразени му се на Господа лошите мисли, а чистите зборови му се мили.
27
Користољубивиот го разурнува својот дом, а кој го мрази поткупот, ќе живее.
28
Праведниковото срце смислува одговор, а устата на нечесниот зборува злоба.
29
Далеку е Господ од нечесните, а ја слуша молитвата на праведните.
30
Бистриот поглед го развеселува срцето, и радосната вест ги гои коските.
31
Увото што го послушува спасоносното изобличување живее меѓу мудреците.
32
Кој отфрла поука ја презира сопствената душа, а кој прима поправка, се здобива со разум.
33
Стравот од Господа е училиште на мудроста, зашто смиреноста оди пред славата.
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 16 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31