bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Proverbs 19
Proverbs 19
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 18
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 20 →
1
Подобар е сиромавиот кој живее во непорочност, отколку човек со нечесни усни и при тоа и безумен.
2
Ревносна душа без разумност не е добра, и кој оди брзо, се сопнува.
3
Безумието го расипува животот на човекот, а срцето му се лути на Господа!
4
Богатството прибавува многу пријатели, а бедниот го остава и неговиот пријател.
5
Лажливиот сведок не останува без казна, и кој шири лаги, нема да избега.
6
Мнозина му ласкат на лицето на дародавецот, и секој му е пријател на дарежлив човек.
7
Бедниот го мразат сите негови браќа, уште повеќе се оддалечуваат од него, неговите пријатели. Тој копнее за добри зборови, но не ги наоѓа.
8
Кој стекнува разумност, си ја сака душата, а кој го чува разумот, наоѓа среќа.
9
Лажливиот сведок не останува без казна, и кој шири лаги, ќе пропадне.
10
Не му прилега на безумен да живее раскошно, уште помалку на слуга да владее над кнезовите.
11
Благоразумието го запира човекот од гнев, и чест му е да ја прости грешката.
12
Гневот на царот е како рикање на лав, а неговата благонаклонетост како роса на трева.
13
Безумниот син е несреќа за својот татко, и женините препирки се постојано прокиснување.
14
Куќата и богатството се наследуваат од татковците, а благоразумната жена е од Господа.
15
Мрзливоста навлекува врз човекот длабок сон, и неработливата душа гладува.
16
Кој се придржува до заповедта, го чува својот живот, а кој не внимава на своите патишта умира.
17
На Господ му позајмува кој е милостив кон бедниот, и Тој ќе му го плати добротворството.
18
Казнувај го својот син додека има надеж, и не се возбудувај од неговото викање.
19
Кој е јаростен, ќе биде казнет, ако сакаш да му помогнеш ќе направиш полошо.
20
Слушај совет и примај поука, за да станеш мудар во твоите последни денови.
21
Има многу замисли во човековото срце, но што ќе науми Господ, тоа и ќе биде.
22
Чест за човекот е неговото добротворство, и сиромавиот е подобар од лажливецот.
23
Стравот од Господа дава живот, и кој ќе се исполни со него, злото не го посетува.
24
Мрзливецот ја макнува раката во чинијата, но не ја принесува до својата уста.
25
Ако го удриш потсмевнувачот, и простиот ќе се изитри. Ако го изобличиш разумниот, тој ќе го сфати знаењето.
26
Срамен и расипан син е оној, кој го запустува таткото и ја истерува мајката.
27
Престани, сине мој, да ги слушаш поуките што одведуваат од зборовите на сознанието.
28
Нечесниот сведок и се потсмевнува на правдата, и устата на нечесниот ја голта неправдата.
29
Подготвени се казните за потсмевнувачите, и ударите за плеќите на безумните.
← Chapter 18
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 20 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31