bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
2 Kings 11
2 Kings 11
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 12 →
1
Готолија, мајката на Охозија, кога виде дека синот нејзин умре, стана и го истреби сиот царски род.
2
Но Јосавета, ќерката на царот Јорам, сестра на Охозија, го зеде Охозиевиот син Јоаса и тајно го зеде од убиваните царски синови, го украде него и доилката негова, и го сокрија од Готолија во спалната, и тој не беше убиен.
3
И го криеја со неа во Господовиот дом шест години, а во тоа време Готолија царуваше над земјата.
4
На седмата година Јодај испрати и ги повика стотниците од телохранителите и брзоотците, ги доведе при себеси во домот Господов, склучи со нов договор, зеде од нив клетва во домот Господов и им го покажа царскиот син;
5
и им даде заповед, велејќи: »Еве што ќе направите: едната третина од вас, што доаѓате во сабота, ќе стоите на стража при царскиот дом;
6
другата третина – при Сурските порти; и третата третина – при портите зад телохранителите, и ќе стоите на стража во домот, за да не стане насилство.
7
И два дела од вас, од сите, што одат во сабота, ќе стојат на стража при домот Господов, околу царот;
8
и опколете го царот од сите страни, секој со оружјето свое в рака; кој и да влезе во редовите, да биде убиен; и бидете при царот, кога излегува и кога влегува.«
9
Стотниците направија сѐ, што заповеда свештеникот Јодај; секој ги зеде луѓето свои, што доаѓаа во сабота и кои одеа во сабота, и дојдоа при свештеникот Јодаја.
10
И свештеникот им ги раздаде на стотниците копјата и штитовите на царот Давида, што се наоѓаа во домот на Господа.
11
И застанаа брзоодците, секој со оружје в рака, од десната страна на домот до левата страна на домот, при жртвеникот и при домот, околу царот.
12
Тогаш Јодај го изведе царскиот син, му стави царски венец и украси, го зацарија, го помазаа, ракоплескаа и извикуваа: »Да живее царот!«
13
Го чу Готолија гласот на растрчаниот народ и отиде при народот во домот Господов.
14
А таму: ете, царот стои на повисоко место, според обичајот, и кнезовите и трубите до царот; сиот народ на земјата се весели, и трубат со труби. Готолија ја раскина облеката своја и извика: »Заговор, заговор!«
15
Свештеникот Јодај им заповеда на стотниците, војводите и војската, и им рече: »Изведете ја надвор од редовите, а кој ќе тргне по неа, убивајте го со меч!« Свештеникот мислеше да не ја убијат во домот Господов.
16
И направија место и таа мина низ коњскиот влез за царскиот двор и таму беше убиена.
17
И склучи Јодај завет меѓу Господа, меѓу царот и народот, тие да бидат народ Господов.
18
Тогаш сиот народ отиде во домот на Ваала, ги срушија жртвениците негови, и идолите негови сосема ги уништија, и Вааловиот жрец Матана го убија пред жртвениците. А свештеникот установи надзорништво над домот Господов.
19
И ги зеде стотниците и телохранителите и брзоодците и сиот народ од земјата, и го придружија царот од домот Господов, и отидоа по патот низ телохранителските порти во царскиот дом; и тој седна на царскиот престол.
20
Сиот народ на земјата се веселеше, и градот се успокои. А Готолија ја убија со меч во царскиот дом.
21
Јоас беше на седум години, кога стана цар.
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 12 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25