bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
2 Kings 7
2 Kings 7
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 8 →
1
Тогаш Јелисеј рече: »Чујте го словото Господово: Вака вели Господ: ‚утре во ова време една мера чисто брашно ќе чини една сикла, и две мери јачмен една сикла при портите на Самарија.‘«
2
А дворјанинот, врз чија рака се потпираше царот, му одговори на Божјиот човек и рече: »Ако Господ отвореше дури и прозорци на небото, и тогаш ќе можеше ли да се случи такво нешто?« А тој рече: »Ете, со очите свои ќе го видиш тоа, но не ќе јадеш од него.«
3
При влезот на портите имаше четворица лепрозни, и тие си говореа еден на друг: »Зашто да седиме тука, очекувајќи ја смртта?
4
Ако сакаме да одиме во град, во градот има само глад, и таму ќе умреме; ако, пак, седиме тука, пак ќе умреме. Подобро да одиме во сирискиот логор: ако нѐ остават живи, ќе живееме; ако нѐ убијат, ќе умреме.«
5
И станаа во самрак, за да одат во сирискиот логор. И дојдоа до крајот на сирискиот логор, и ете, таму нема ниеден човек.
6
Зашто Господ беше направил така, што во сирискиот логор се чу топот од коли, ржење на коњи, шум од голема војска. И Сиријците си беа рекле еден на друг: »Навистина, израилскиот цар ги најмил против нас хетејските и египетските цареви, за да нѐ избркаат.«
7
Затоа беа станале и избегале во темнината и ги оставиле шаторите свои, и коњите свои, и ослите свои – целиот логор, како што си бил, и беа избегале, за да се спасат.
8
И лепрозните дојдоа до крајот на логорот, влегоа во еден шатор, јадеа и пиеја, и зедоа оттаму сребро, и злато, и облека, па отидоа, та ги сокрија. Влегоа и во друг шатор, и оттаму зедоа плен, па отидоа и го сокрија.
9
И си рекоа еден на друг: »Не правиме добро. Овој ден е ден за радосна вест; ако се забавиме и чекаме да се раздени, ќе бидеме виновни. Затоа да одиме и да соопштиме во царскиот дом.«
10
Дојдоа, ги повикаа царските вратари и им раскажаа, велејќи: »Бевме во сирискиот логор, и ете, таму нема ни човек, ни глас човечки, туку само врзани коњи, и врзани осли, а шаторите, оставени како што си се.«
11
Вратарите извикаа и ја соопштија веста во самиот царски двор.
12
Преку ноќта царот стана и им кажа на слугите свои: »Ќе ви кажам, што прават со нас Сиријците. Тие знаат, дека страдаме од глад, та излегле од логорот, да се сокријат во нивите, мислејќи вака: кога ќе излезат од градот, живи ќе ги фатиме и ќе навлеземе во градот.«
13
Одговори еден од слугите негови и му рече: »Да земеме пет коњи, што сѐ уште останаа во градот, зашто од сето израилско мноштво, само тоа остана во него, од целото множество на Израилците само тоа остана што не загина, та да испратиме и да видиме.«
14
И зедоа два впрегнати коња. И царот испрати по сириската војска, велејќи: »Одете и видете!«
15
И одеа по нив до Јордан; а тоа, целиот пат беше посеан со облеки и други предмети, што Сиријците ги беа исфрлиле во брзото свое бегање. Се вратија пратениците и му јавија на царот.
16
Тогаш народот излезе и го разграби сирискиот логор, и една мера чисто брашно стана за сикла, и две мери јачмен – за сикла, според словото Господово.
17
И царот го остави при портите оној големец, врз чија рака се потпираше, и народот го притисна при портите, и тој умре, како што беше рекол Божјиот човек, што го кажа кога царот беше при него.
18
Кога Божјиот човек му беше зборувал на царот вака: »Две мери јачмен за сикла, и една мера чисто брашно за сикла ќе биде утре во ова време пред портите на Самарија,«
19
тогаш тој големец му одговори на Божјиот човек и рече: »Ако Господ дури и прозорци отвореше на небото, и тогаш можеше ли да биде такво нешто?« А тој му рече: »Со очите свои ќе го видиш тоа, но нема да јадеш од него.«
20
Така и стана со него: и го изгази народот пред портите, и тој умре.
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 8 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25