bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
2 Kings 3
2 Kings 3
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 4 →
1
Јорам, синот Ахавов, стана цар над Израилот во Самарија во осумнаесеттата година на јудејскиот цар Јосафат и царуваше дваесет години.
2
Тој вршеше она што беше неугодно пред очите на Господа, макар и не така, како татко му и мајка му, зашто ја собори статуата на Ваала, што беше ја напарвил татко му;
3
при сето тоа тој остана во гревовите на Јеровоама, Наватовиот син, што беше го навел на грев Израилот, и не отстапуваше од нив.
4
Моавскиот цар Моса имаше многу добиток и му испраќаше на израилскиот цар по сто илјади овци и по сто илјади неистрижени овни.
5
Но, штом умре Ахав, моавскиот цар се одметна од израилскиот цар.
6
Во она време царот Јорам излезе од Самарија и ги преброи сите Израилци,
7
па отиде и испрати да му кажат на јудејскиот цар Јосафата: »Моавскиот цар се одметна од мене; одиш ли со мене во војна против Моава?« Тој одговори: »Одам; како што ќе отидеш ти, така и јас, како твојот народ, така и мојот народ, како твоите коњи, така и моите коњи.«
8
И рече: »По кој пат да одам?« Тој рече: »По патот низ Едомската пустиња.«
9
И тргнаа израилскот цар, јудејскиот цар и едомскиот цар, и одеа по заобиколен пат седум дена, и немаше вода за војската и за добитокот, што одеше по нив.
10
Тогаш рече израилскиот цар: »Ах! Господ ги изведе овие тројца цареви, за да ги предаде во раката на Моава.«
11
Но Јосафат рече: »Нема ли тука пророк Господов, па преку него да го прашаме Господа?« Одговори еден од слугите на израилскиот цар и рече: »Тука е Јелисеј, Сафатовиот син, кој полеваше вода на Илиевите раце.«
12
И рече Јосафат: »Во него има слово Господово.« И отидоа при него израилскиот цар и Јосафат и едомскиот цар.
13
И му рече Јелисеј на израилскиот цар: »Што имаш ти со мене! Оди кај пророците на татковците свои и кај пророците на мајка си своја.« И му кажа израилскиот цар: »Не, зашто Господ ги изведе овде овие тројца цареви, за да ги предаде во раката на Моава.«
14
И рече Јелисеј: »Жив Господ Саваот, пред Кого стојам! Ако не го почитував Јосафата, јудејскиот цар, не би те погледнал и не би те видел;
15
туку повикајте ми гуслар.« И кога гусларот свиреше на гуслата, тогаш раката Господова се допре до Јелисеја,
16
и тој рече: »Вака говори Господ: ‚Направете ја оваа долина јама до јама;‘
17
зашто вака вели Господ: нема да видите ветар и нема да видите дожд, а оваа долина ќе се наполни со вода, од која ќе пиете вие и ситниот и крупниот добиток ваш;
18
но тоа е малку пред очите на Господа: Он и Моава ќе го предаде во рацете ваши,
19
и ќе ги поразите сите укрепени градови и сите главни градови, и ќе ги исечете сите добри дрвја, и ќе ги запрете сите извори, и сите добри ниви и ќе ги затрупате со камења.«
20
Утредента, кога се вознесуваше лебен принос, наеднаш потече вода по патот од Едом, и земјата се наполни со вода.
21
Кога слушнаа Моавците, дека царевите доаѓаат да војуваат со нив, беа собрани сите, што носат појас и постари, па застанаа на границата.
22
Изутрината станаа рано, кога сонцето изгреа над водата; на Моавците таа вода оддалеку им се прични црвена како крв.
23
И тие рекоа: »Тое е крв; се степале царевите меѓу себе и се истребиле еден со друг. А сега на плен, Моаве!«
24
И тие дојдоа до израилскиот логор. Станаа Израилците и фатија да ги поразуваат Моавците, кои почнаа да бегаат од нив, а тие продолжуваа да налетуваат врз нив и да ги поразуваат.
25
И ги разрушија градовите, и во секоја добра нива секој фрли по еден камен, и ја наполнија, и сите водни извори ги затрупаа, и сите плодни дрвја ги исекоа, така што во Кир-Харемет останаа само камења. И го заобиколија праќкашите и го разрушија.
26
Тогаш моавскиот цар виде дека ја губи битката, и зеде со себе седумстотини души, кои ракуваа со меч, за да се пробијат кон едомскиот цар, но не можеа.
27
И тој го зеде својот првороден син, кому му се паѓаше да царува место него, и го принесе како жртва сепаленица врз ѕидот. Тоа предизвика големо негодување кај Израилците, и тие се повлекоа од него и се вратија во земјата своја.
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25