bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
2 Kings 24
2 Kings 24
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 23
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 25 →
1
Во неговите дни се крена вавилонскиот цар Навуходоносор; и Јоаким му стана потчинет за три години, но подоцна се одметна од него.
2
И Господ испрати против него мноштво Халдејци, и многу Сиријци, и многу Моавци, и многу Амонити, – ги испрати против Јуда, за да го погуби, според словото на Господа, што го беше изрекол преку Своите слуги – пророците.
3
Тоа стана со Јуда по заповед на Господа, за да го отфрли од лицето Свое за гревовите на Манасија, за сѐ она, што тој го беше извршил;
4
и за невината крв, што ја пролеа, исполнувајќи го Ерусалим со невина крв, Господ не сакаше да прости.
5
Другите работи на Јоакима и за сѐ она што тој го беше извршил, опишано е во летописите на јудејските цареви.
6
И почина Јоаким при татковците свои, а место него стана цар синот негов Јехониј.
7
Египетскиот цар веќе не излегуваше од земјата своја, зашто вавилонскиот цар беше презел сѐ, од Египетскиот поток до реката Ефрат, што му припаѓаше на египетскиот цар.
8
Јехониј беше на осумнаесет години кога стана цар, и царуваше три месеци во Ерусалим; мајка му се викаше Ниста, ќерка на Елнатана, од Ерусалим.
9
И тој го правеше она, што не беше угодно пред очите на Господа, во сѐ онака, како што вршеше татко му.
10
Во она време слугите на вавилонскиот цар Навуходоносор настапија кон Ерусалим, и градот беше опколен.
11
Вавилонскиот цар Навуходоносор дојде до градот, што слугите негови го опседнаа.
12
Тогаш јудејскиот цар Јехониј отиде при вавилонскиот цар, тој, и мајка му, и слугите негови, кнезовите негови, и дворјаните негови, – и го зароби вавилонскиот цар во осмата година од царувањето свое,
13
и ги изнесе оттаму сите ризници на домот Господов и ризниците на царскиот дом; и ги здроби, како што беше рекол Господ, сите златни садови, кои Соломон, царот Израилев, ги беше направил за храмот Господов;
14
и го исели целиот Ерусалим, и сите кнезови, и сета храбра војска, – беа преселени десет илјади, – и сите дрводелци и ковачи; никој не остана, освен сиромасите на таа земја.
15
Тој го пресели Јехонија во Вавилон; исто така и мајка му на царот, и жените на царот, и големците негови, и големците на земјата ги одведе од Ерусалим за да ги насели во Вавилон.
16
И сета војска, на број седум илјади, и уметници и градежници илјада, сите јунаци, способни за војна, ги одведе вавилонскиот цар за да ги насели во Вавилон.
17
И вавилонскиот цар го направи цар Матанија, стрикото на Јехонија, место него, и му го промени името во Седекиј.
18
Седекиј беше на дваесет и една година, кога стана цар, и царуваше единаесет години во Ерусалим; мајка му се викаше Амитал, ќерка на Јеремија, од Ливна.
19
И тој го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа, во сѐ онака како што го правеше тоа Јоаким.
20
Гневот на Господа над Ерусалим и над Јуда беше толку голем, што Он ги отфрли од лицето Свое. И Седекиј се одметна од вавилонскиот цар.
← Chapter 23
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 25 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25