bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
2 Kings 5
2 Kings 5
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 6 →
1
Нееман, војвода на сирскиот цар, беше голем човек пред господарот свој и почитуван, зашто преку него Господ им беше дал победа на Сиријците; и тој човек беше одличен војник, но лепрозен.
2
Еднаш Сиријците излегоа во чети и запленија од Израилската земја едно мало девојче, и тоа ѝ служеше на Неемановата жена.
3
Таа ѝ рече на господарката своја: »О, да отидеше мојот господар при пророкот, кој е во Самарија, тој ќе ја симнеше од него лепрата.«
4
Тогаш Нееман отиде и му го кажа тоа на господарот свој, велејќи: »Така и така вели девојчето, што е од Израилската земја.«
5
И сирскиот цар му рече на Неемана: »Стани, оди, јас пак, ќе испратам писмо до израилскиот цар.« Тој отиде, земјаќи со себе десет таланти сребро, шест илјади сикли злато и десет промени облека;
6
и му го однесе на израилскиот цар писмото, во кое се велеше: »Заедно со ова писмо, ете, го испраќам при тебе Неемана, мојот слуга, да ја симнеш од него лепрата негова.«
7
Израилскиот цар, откако го прочита писмото, ја раскина облеката своја и рече: »Зар сум јас Бог, да умртвувам и да оживувам, та испраќа при мене да ја симнам од овој човек лепрата негова? Ете, знаете сега и гледајте, дека тој бара повод за непријателство против мене.«
8
Кога Божјиот човек Јелисеј чу, дека израилскиот цар ја раскинал облеката своја, испрати да му речат на царот: »Зошто ја раскина облеката своја? Нека дојде при мене и нека познае, дека има пророк во Израилот.«
9
И дојде Нееман со коњите свои и со колите свои и застана пред влезот на Јелисеевиот дом.
10
Тогаш Јелисеј го испрати при него слугата свој да му каже: »Оди, искапи се седумпати во Јордан, и телото твое ќе се обнови, и ќе бидеш чист.«
11
Се разгневи Нееман и си тргна, велејќи: »Ете, јас мислев, дека тој ќе излезе, ќе застане и ќе го повика името на Господа, својот Бог, ќе ја стави раката своја на местото и ќе ја симне лепрата;
12
зар дамаските реки Авана и Фарфар не се подобри од сите израилски води? Не можев ли да се искапам во нив и да се исчистам?« Па се сврти и си отиде налутен.
13
Му се доближија слугите негови и му рекоа, велејќи: »Оче, да беше ти кажал пророкот нешто тешко, немаше ли да го направиш. А камо ли сега, кога ти рече само: искапи се, и ќе бидеш чист!«
14
Тој отиде и се потопи во Јордан седумпати, според зборовите на Божјиот човек, и телото му се обнови како тело на мало дете и се исчисти.
15
Тогаш се врати при Божјиот човек, тој и сите придружници негови, дојде, застана пред него и рече: »Еве, познав, дека по целата земја нема Бог, освен во Израилот; прими, пак сега дар од твојот слуга.«
16
Јелисеј одгорови: »Жив Господ, пред чие лице стојам! Не примам.« Оној го принудуваше да земе, но тој не се согласи.
17
И рече Нееман: »Штом е така, нека му дадат на твојот слуга земја, колку што можат да носат две маски, зашто во иднина слугата твој нема да принесува сепаленици и жртви на други богови, освен на Господа;
18
само, еве што да ми прости Господ на слугата твој: кога мојот господар оди во домот на Римона, за да се поклони таму и се потпре врз раката моја, и јас се поклонам во домот на Римона, тогаш Господ да му прости на слугата твој за поклонувањето мое во домот на Римона.«
19
А тој му рече: »Оди си со мир!« И тој отиде од него и прилично се оддалечи.
20
Тогаш Гиезиј, слугата на Божјиот човек Јелисеја рече: »Ете, мојот господар не сакаше да го земе од раката на тој сириец Нееман, она што го беше донел. Жив Господ! Ќе потрчам по него и ќе земам нешто од него.«
21
И потрча Гиезиј по Неемана. Нееман виде, дека некој трча по него, слезе од колата да го пресретне и рече: »Дали си со мир?«
22
Тој одговори: »Со мир сум; мојот господар ме испрати да кажам: ете, сега дојдоа при мене од Ефремовата гора две момчиња од пророчките синови; дај ми еден талант сребро и две промени облека.«
23
И Нееман рече: »Земи, ако сакаш, два таланта.« И многу го молеше. Тогаш тој заврза два таланта сребро во две торби и две промени облека и им ги даде на двајцата слуги свои, та ги понесоа пред него.
24
Кога тој дојде до брегот, ги зеде од рацете нивни и ги сокри во домот свој. И ги отпушти луѓето, и тие си отидоа.
25
Кога дојде и се јави пред господарот свој, Јелисеј го праша: »Од каде доаѓаш, Гиезиј?« Тој одговори: »Никаде не одел слугата твој.«
26
Тој му рече: »Зар срцето мое не те придружуваше, кога оној човек се врати од колата своја да те пресретне? Време ли е да се земе сребро и да се зема облека, или маслинови дрвја и лозја, ситен или крупен добиток, слуги или слугинки?
27
Затоа, Неемановата лепра нека се залепи на тебе и на потомството твое засекогаш.« И тој излезе од него бел како снег од лепрата.
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25