bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
2 Kings 4
2 Kings 4
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 5 →
1
Една од жените на пророчките синови со плачење му говореше на Јелисеја: »Твојот слуга, мажот мој, умре; а ти знаеш, дека твојот слуга се плашеше од Господа; сега дојде заемодавачот да ги земе двете мои деца за робје.«
2
Јелисеј ѝ рече: »Што да направам за тебе? Кажи ми што имаш дома?« Таа одговори: »Слугинката твоја ништо нема во домот свој, освен еден сад со масло.«
3
А тој рече »Оди и побарај садови однадвор, од сите твои соседи, празни садови; собери доволно,
4
потоа оди и затвори ја вратата зад себе и зад синовите свои и налевај во сите тие садови; полните ставај ги настрана.«
5
Таа си отиде од него и ја затвори вратата зад себеси и зад синовите свои. Тие ѝ подаваа, а таа налеваше.
6
Кога беа наполнети садовите, таа му рече на синот свој: »Дај ми уште еден сад.« Тој ѝ рече: »Нема повеќе садови.« И маслото престана да тече.
7
Таа дојде и му раскажа на Божјиот човек. Тој ѝ рече: »Оди, продај го маслото и исплати ги долговите свои; а со тоа, што ќе остане, ќе живееш со синовите свои.«
8
Еден ден Јелисеј отиде во Сонам. Таму една богата жена го покани во домот свој да јаде леб, и тој, секогаш кога ќе минеше, навратуваше таму да јаде леб.
9
Таа му рече на мажот свој: »Ете, јас знам, дека Божјиот човек, кој постојано минува покрај нас, е свет;
10
да му направиме мала горна соба над ѕидот и да му ставиме таму легло и маса, и стол и светилник, та кога доаѓа кај нас, да се повлекува таму.«
11
Еден ден Јелисеј отиде таму, се качи во горната соба своја и си легна таму,
12
па му кажа на слугата свој Гиезиј: »Повикај ја таа Сонамка.« Тој ја повика, и таа застана пред него.
13
И му рече: »Кажи н: ‚ете, ти толку се грижиш за нас; што да направиме за тебе? Има ли потреба да му проговориме за тебе на царот, или на војводата!‘« Таа одговори: »Не, јас живеам меѓу народот свој.«
14
Јелисеј продолжи и рече: »Тогаш што да направиме за неа?« И рече Гиезиј: »Ете, таа нема син, а мажот нејзин е стар.«
15
И рече Јелисеј: »Повикај ја.« Тој ја повика, и таа застана на вратата.
16
Јелисеј ѝ рече: »По една година, во ова исто време, ти ќе држиш на раце син.« Таа рече: »Не, господару мој, човеку Божји, немој да ја лажеш слугинката своја.«
17
И жената остана бремена и роди син на другата година, во она исто време, како што ѝ кажа Јелисеј.
18
Детето порасна и еден ден отиде кај татка си, при жетварите.
19
И му кажа на татка си: »Главата, главата ме боли.« А тој му рече на слугата свој: »Одведи го кај мајка му!«
20
Го зеде и го одведе кај мајка му. И тоа седеше во скутот нејзин до пладне и умре.
21
Таа отиде и го положи во леглото на Божјиот човек, го затвори и излезе,
22
па го повика мажот свој и рече: »Испрати ми еден од слугите и една од ослиците; ќе одам кај Божјиот човек и ќе се вратам.«
23
А тој ја праша: »Зошто ќе одиш при него? Денес не е нов месец, не е ни сабота.« Но таа рече: »Добро е.«
24
И ја оседла ослицата и му кажа на слугата свој: »Води и врви; не запирај додека не ти кажам.«
25
И тргнаа и дојдоа при Божјиот човек, на гората Кармил. А кога Божјиот човек ја виде оддалку, му кажа на слугата свој Гиезија: »Еве ја онаа Сонамка;
26
отрчај да ја пресретнеш и да ја прашаш: ‚здрава ли си, здрав ли е мажот нејзин, здраво ли е детето?‘« – Таа одгорови: »Здрави сме.«
27
А кога дојде при Божјиот човек на гората, се фати за нозете негови. И Гиезиј се доближи, за да ја отстрани; но Божјиот човек рече: »Остави ја, душата ѝ е огорчена, а Господ ја сокри од мене и не ми јави.«
28
И таа рече: »Барав ли јас од мојот господар син? Не зборував ли: немој да ме лажеш?«
29
Тој тогаш му рече на Гиезија: »Опаши се преку половината и земи го стапот мој во раката и врви; ако сретнеш некого, не го поздравувај; а ако некој те поздрави, не му одговарај; и стави го стапот врз лицето на детето!«
30
А мајката на детето рече: »Жив Господ и жива ти душата! Нема да те оставам.« Тогаш и тој стана и тргна по неа.
31
Гиезиј отиде пред нив и го стави стапот врз лицето на детето. Но не се чу ни глас, ни одговор. И му излезе во пресрет, му соопшти и рече: »Детето не се разбудува.«
32
И Јелисеј влезе во куќата, и ете, умрено дете лежи на леглото негово.
33
И влезе, ја затвори вратата зад себе и му се помоли на Господа;
34
потоа се качи, легна врз детето, ја стави устата своја врз неговата уста, очите свои врз неговите очи, и дланките свои врз неговите дланки, и се простре врз него, и телото на детето се загреа.
35
Јелисеј стана и почна да оди по собата натаму – наваму; потоа пак се качи и се простре врз него. И детето кивна седумпати и ги отвори очите свои.
36
И тој го повика Гиезија и му рече: »Повикај ја Сонамката!« И тој ја повика. Таа дојде при него, и тој рече: »Земи си го синот свој!«
37
Таа се доближи, падна пред нозете негови и се поклони до земја; потоа го зеде синот свој и излезе.
38
А Јелисеј се врати во Галгал. Во таа земја имаше глад, и синовите пророчки седеа пред него. И тој му кажа на слугата свој: »Стави го големиот котел и свари леќа за пророчките синови.«
39
И излезе еден од нив во полето да собира зелен; најде еден корен од дива лоза, и набра од неа полн скут диви плодови; се врати и ги стави во котелот со леќа, зашто не ги познаваше.
40
Им поставија да јадат. Но штом почнаа да ја јадат леќата, извикаа и велеа: »Смрт има во котелот, човече Божји!« И не можеа да јадат.
41
А тој рече: »Дајте брашно!« И го истури во котелот и му рече на Гиезија: »Стави им на луѓето, нека јадат.« И во котелот не остана ништо отровно.
42
Дојде некој си од Ветарис и му донесе на Божјиот човек лебна првина – дваесет јачмени лепчиња и млади зрна во класови. И рече Јелисеј »Дај им на луѓето да јадат.«
43
И рече слугата негов: »Што ќе им дадам на сто души?« А тој рече: »Дај им да луѓето, нека јадат, зашто така вели Господ: ќе се наситат, и ќе остане.«
44
Тој им даде, и тие се наситија, и остана уште, според словото Господово.
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 5 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25