bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Luke 13
Luke 13
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 14 →
1
Во тоа време дојдоа некои и Му кажаа за Галилејците, чија крв Пилат ја смешал со нивните жртви.
2
Исус им одговори и рече: »Мислите ли дека тие Галилејци беа најгрешни од сите Галилејци, та така пострадаа?
3
Не, ви велам: ако не се покаете, сите така ќе изгинете.
4
Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа најгрешни од сите жители на Ерусалим?
5
Не, ви велам: но ако не се покаете, сите така ќе изгинете.«
6
И ја кажа оваа парабола: »Некој човек имаше во своето лозје посадено една смоква, па дојде да бара од неа плод, и не најде.
7
Тогаш му рече на лозарот: ‚Ете, три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, и не наоѓам; пресечи ја; зошто само да ја испостува земјата?‘
8
А тој му одговори и рече: ‚Господаре, остави ја и оваа година, дури да ја опкопам и ѝ ставам ѓубре;
9
па, ако роди, добро; ако ли не, тогаш в година ќе ја пресечеш‘.«
10
Во една од синагогите поучуваше Он во сабота.
11
И ете, дојде една жена која беше опседната од дух на немоќта осумнаесет години; таа беше згрбавена и никако не можеше да се исправи;
12
штом ја виде Исус, ја повика и ѝ рече: »Жено, се ослободуваш од болеста своја.«
13
И ги стави рацете Свои врз неа; и таа веднаш стана и Го славеше Бога.
14
А старешината на синагогата, негодувајќи што ја излекува Исус во сабота, одговори и му рече на народот: »Има шест дена во кои треба да се работи; тогаш доаѓајте и лекувајте се, а не во саботен ден!«
15
Но Господ му одговори и рече: »Лицемере, не го одврзува ли секој од вас својот вол, или осле, од јаслите во сабота и не го води ли да го напои?
16
А оваа ќерка Авраамова, што ја врзал сатаната еве веќе осумнаесет години, не требаше ли да се ослободи од тие врски во саботен ден?«
17
И кога го зборуваше ова, сите што беа против Него се засрамија; а целиот народ се радуваше за сите славни дела, извршени од Него.
18
А Он рече: »На што прилега царството Божјо и со што да го споредам?
19
Тоа е како синапово зрно, што го зема човек и го посадува во градината своја, каде што израстува и станува големо дрво; па и птиците небески си прават гнезда на неговите гранки.«
20
И пак рече: »Со што да го споредам царството Божјо?
21
Тоа прилега на квас што го зема жена и го става во три мери брашно, додека скисне сето.«
22
И минеше низ градови и села и поучуваше, патувајќи кон Ерусалим.
23
Некој, пак, Му рече: »Господи, малку ли се оние што ќе се спасат?« А Он рече:
24
»Потрудете се да влезете низ тесната врата; зашто ви велам: мнозина ќе сакаат да влезат и не ќе можат.
25
Кога ќе стане домаќинот и ќе ја затвори вратата на куќата, а вие, стоејќи однадвор, ќе почнете да чукате и да викате: ‚Господи, Господи, отвори ни!‘ Он ќе ви одговори и рече: ‚Не ве знам од каде сте.‘
26
Тогаш ќе почнете да зборувате: ‚Ние јадевме пред Тебе и пиевме; и по нашите улици Ти поучуваше.‘
27
А Он ќе рече: ‚Ви велам, не ве познавам од каде сте; отстапете од Мене сите што вршите неправда!‘
28
Таму ќе биде плач и крцкање со заби, кога ќе ги видите Авраама, Исака и Јакова, и сите пророци во царството Божјо, а себе – истерани надвор.
29
И ќе дојдат од исток и запад, и север и југ, и ќе седнат на трпезата во царството Божјо.
30
И ете, има последни, што ќе бидат први, а има и први, што ќе бидат последни.«
31
Во тој ден пристапија некои од фарисеите и Му рекоа: »Излези и оди си одовде, оти Ирод сака да Те убие!«
32
И им рече: »Одете и кажете ѝ на таа лисица: еве, истерувам бесови, и лекувам денес и утре – и на третиот ден ќе свршам;
33
но Јас треба да врвам денес, утре и задутре, бидејќи не бива пророк да загине надвор од Ерусалим.
34
Ерусалиме, Ерусалиме, ти што ги убиваш пророците и со камења ги засипуваш пратените при тебе, колкупати сакав да ги соберам чедата свои, како квачка пилињата свои под крилја, но не сакавте.
35
И ете, домот ваш ќе ви се остави пуст. И Јас ви велам, дека нема да Ме видите сѐ дури не дојде времето да кажете: ‚Благословен е Оној што иде во името Господово!‘«
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 14 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24