bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Luke 20
Luke 20
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 19
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 21 →
1
Кога Он, во еден од оние денови, го поучуваше народот во храмот и го проповедаше Евангелието, пристапија првосвештениците и книжниците со старешините
2
и Му рекоа, велејќи: »Кажи ни, со каква власт го вршиш тоа, или кој ти ја дал таа власт?«
3
А Он им одговори и рече: »Ќе ве прашам и Јас еден збор, и кажете Ми:
4
крштавањето Јованово од небото ли беше, или од луѓето?«
5
А тие, размислувајќи помеѓу себе, си велеа: »Ако кажеме, ‚Од небото‘, ќе рече: ‚Зошто не му поверувавте?‘
6
Ако, пак, речеме – ‚Од луѓето‘, тогаш сиот народ ќе не затрупа со камења, бидејќи е уверен дека Јован беше пророк.«
7
Па одговорија: »Не знаеме од каде е.«
8
Исус им рече: »Ни Јас нема да ви кажам, со каква власт го вршам тоа.«
9
И почна да му ја раскажува на народот оваа парабола: »Еден човек насади лозје и го предаде на лозари, па си отиде на подолго време.
10
А подоцна испрати кај лозарите еден слуга, за да му дадат од плодовите на лозјето; но лозарите го натепаа и го пуштија празен.
11
И прати одново друг слуга: но тие и него го натепаа и го понизија, па го испратија празен.
12
Испрати и трет, а тие и него го ранија и го испадија.
13
Тогаш господарот на лозјето рече: ‚Што да направам? Ќе го испратам својот сакан син; можеби, кога ќе го видат, ќе се засрамат.‘
14
Но лозарите, штом го видоа, си размислуваа меѓу себе, велејќи: ‚Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше!‘
15
И кога го изведоа надвор од лозјето, го убија. Што ќе им направи, пак, господарот на лозјето?
16
Ќе дојде и ќе ги погуби овие лозари, а лозјето ќе го предаде на други.« А оние, што слушаа, рекоа: »Да не даде Бог!«
17
Но Он, кога ги погледна, им рече: »Што значи тогаш напишаното: ‚Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот?‘
18
Секој што падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој падне, ќе го здроби.«
19
И во тој час првосвештениците и книжниците сакаа да стават рака на Него, но се плашеа од народот; оти разбраа дека за нив ја кажа оваа парабола.
20
И следејќи Го, испратија и лукави луѓе, кои се претставуваа за праведни, за да Го фатат во некој збор и да Го предадат на поглаварите и на власта управникова.
21
И Го прашаа, велејќи: »Учителе, знаеме дека право говориш и учиш, и не гледаш кој што е, туку вистински поучуваш за патот Божји;
22
позволено ли е да даваме данок на ќесарот или не?«
23
А Он го разбра нивното лукавство и им рече: »Што Ме искушувате?
24
Покажете Ми еден динариј: Чиј образ и натпис има?« Тие одговорија: »Ќесарев.«
25
Па им рече: »Дајте го ќесаровото на ќесарот, а Божјото на Бога!«
26
И не можеа да ги покудат зборовите Негови пред народот, но се почудија на одговорот Негов и замолкнаа.
27
Тогаш пристапија некои од садукеите, што тврдат дека нема воскресение, па Го прашаа, велејќи:
28
Учителе, Мојсеј ни напиша: ако некој оженет умре без деца, брат му да ја земе неговата жена, и да го подигне потомството на брата си.
29
Имаше седум браќа и првиот, откако се ожени, умре без деца;
30
жена му ја зеде вториот, но и тој умре без деца;
31
ја зеде и третиот, а така исто и сите седуммина и умреа без деца;
32
по сите нив, умре и жената.
33
При воскресението, пак, на кого од нив таа ќе му биде жена, бидејќи со седуммината живеела?
34
Им одговори Исус и рече: »Синовите од овој век се женат и мажат;
35
но оние, што ќе се удостојат да го добијат оној свет и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат,
36
и да умрат веќе не можат, оти се еднакви со ангелите и, бидејќи се синови на воскресението, тие се синови Божји.
37
А дека мртвите ќе воскреснат, тоа го посведочи и Мојсеј при капината, кога Го нарече Господа – Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.
38
А Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, оти во Него се сите живи.«
39
На тоа, некои од книжниците, рекоа: »Учителе, добро рече!«
40
И не смееја повеќе за ништо да Го прашаат. А Он им рече:
41
»Како, пак, велат дека Христос е син Давидов?
42
Та и сам Давид вели во книгата на псалмите: ‚Му рече Господ на Мојот Господ: седи од Мојата десна страна,
43
дури не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои!‘
44
И така, Давид, значи, Го нарече Господ. Како тогаш да му е Он син?«
45
И кога сиот народ слушаше, Он им рече на учениците Свои:
46
Чувајте се од книжниците, што милуваат да одат променети и сакаат поздрави по пазариштата, предни места по синагогите и да се први на гозбите;
47
што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се молат; тие ќе добијат потешка пресуда.
← Chapter 19
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 21 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24