bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Luke 16
Luke 16
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 17 →
1
А на учениците Свои им рече: »Еден човек беше богат и имаше настојник; и тој беше наклеветен пред него дека го растура неговиот имот.
2
И кога го повика, му рече: ‚Што е ова што слушам за тебе? Дај сметка за раководењето, зашто веќе не ќе можеш да бидеш настојник.‘
3
А настојникот си рече во себе: ‚Што да правам? Господарот мој го одзема од мене раководењето на куќата; да копам, не можам; да просам – се срамам.
4
Знам што да правам, за да ме примат во своите домови, кога ќе бидам отстранет од раководењето на куќата.‘
5
И кога ги повика должниците на својот господар, секого поодделно, му рече на првиот: ‚Колку му должиш на мојот господар?‘
6
Тој одговори: ‚Сто мери елеј.‘ И му рече: ‚Земи си ја потврдата, седни бргу и напиши: »педесет!«‘
7
Потоа му рече на другиот: ‚А ти, колку должиш?‘ Тој одговори: ‚Сто мери пченица.‘ И му рече: ‚Земи си ја потврдата и напиши: »осумдесет!«‘
8
И го пофали господарот несправедливиот настојник, оти постапил досетливо; зашто синовите на овој свет во својот род се подосетливи од синовите на светлината.
9
И јас ви велам: создадете си пријатели со неправедно богатство, па, кога осиромашите, да ве примат во вечните живеалишта.
10
Верниот во малку и во многу е верен, а несправедливиот и во многу и во малку е несправедлив.
11
Па така, ако во неправедното богатство не бевте верни, кој ќе ви го довери вистинското?
12
И ако во туѓото не бевте верни, кој ќе ви го даде вашето?
13
Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или на едниот ќе му угоди, а другиот ќе го презре. Не можете да служите на Бога и на Мамона.«
14
Сето тоа го слушаа фарисеите, што беа среброљупци, и Му се потсмеваа.
15
И им рече: »Вие се прикажувате пред луѓето за праведни, но Бог ги знае вашите срца; зашто, она што е за луѓето високо, пред Бога е мерзост.
16
Законот и Пророците беа до Јована; а оттогаш царството Божјо се благовестува и секој со усилие влегува во него.
17
Но полесно им е на небото и на земјата да преминат, отколку една црта од Законот да пропадне.
18
Секој, што ја остава жената своја и се жени со друга, прељубодејствува, и секој, што се жени со напуштена, прави прељуба.
19
Еден човек беше богат и се облекуваше во порфир и свила, и секој ден живееше раскошно и се веселеше.
20
Имаше исто така, и еден сиромав, по име Лазар, кој струплив лежеше пред вратата негова;
21
и сакаше да се нахрани со трошките што паѓаа од трпезата на богатиот; и кучињата доаѓаа и ги лижеа раните негови.
22
Умре сиромавиот и ангелите го однесоа во крилото Авраамово; умре и богатиот и го погребаа.
23
И во пеколот, кога беше во маки, ги подигна очите свои и го виде оддалеку Авраама и Лазара во крилото негово,
24
и, откако извика, рече: ‚Оче Аврааме, смилуј се на мене и прати го Лазара да го накваси својот прст во вода и да ми го разлади јазикот, оти многу страдам во овој пламен!‘
25
Но Авраам рече: ‚Синко, сети се, дека ти си го добил своето добро уште додека беше жив, а Лазар злото; сега, пак, тој се утешува, а ти страдаш.
26
Освен тоа, меѓу вас и нас постои голема провалија така што оние, кои би сакале да дојдат при вас, не можат; а исто така и оние оттаму – при нас.‘
27
А тој пак рече: ‚Тогаш те молам, оче, прати го во татковата ми куќа,
28
зашто имам петмина браќа, та да им посведочи, за да не дојдат и тие во ова место на маките!‘
29
Авраам му рече: ‚Тие го имаат Мојсеја и Пророците; нив нека ги слушаат!‘
30
А тој рече: ‚Не, оче Аврааме, туку, ако некој од мртвите отиде при нив, тогаш ќе се покајат.‘
31
Авраам му рече: ‚Штом Мојсеја и Пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да му поверуваат.‘«
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 17 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24