bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Luke 24
Luke 24
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 23
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
1
Во првиот ден на седмицата, многу рано, тие дојдоа на гробот, носејќи ги приготвените мириси, а заедно со нив беа и некои други;
2
но плочата на гробот ја најдоа превртена.
3
И како влегоа, не го најдоа телото на Господа Исуса.
4
И додека се чудеа на тоа, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во светли облеки;
5
тие се уплашија и ги наведнаа лицата кон земјата, а овие им рекоа: »Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите?
6
Он не е овде, а воскресна; сетете се како ви рече, кога беше уште во Галилеја,
7
говорејќи, дека Синот Човечки треба да биде предаден на луѓе грешници и да биде распнат, и на третиот ден да воскресне.«
8
И се сетија на Неговите зборови.
9
Па штом се вратија од гробот, им го соопштија сето тоа на единаесетте и на сите други.
10
А тие беа Марија Магдалина, и Јоана, и Марија Јаковова и други со нив, што им го кажаа тоа на апостолите.
11
И нивните зборови им изгледаа како лага, и не им поверуваа.
12
Но Петар стана и отиде бргу до гробот, и кога се наведна, го виде внатре само покровот и се врати, чудејќи се сам во себе за она што станало.
13
Во истиот ден двајца од нив одеа во едно село, по име Емаус, кое беше оддалечено од Ерусалим шеесет стадии;
14
и зборуваа помеѓу себе за сите овие настани.
15
И кога разговараа и се запрашуваа еден со друг, Сам Исус се приближи и одеше со нив;
16
но очите им се замрежија за да не Го познаат.
17
А Он им рече: »Какви се тие зборови што ги разменувате помеѓу себе одејќи и зошто сте нажалени?«
18
Едниот од нив, по име Клеопа, Му одговори и рече: »Единствен туѓинец ли си ти во Ерусалим, та не си разбрал, што стана во него овие дни?«
19
И ги праша: »Што?« Тие Му одговорија: »Она што стана со Исуса Назареецот, Кој беше пророк, силен на дело и на слово, пред Бога и пред сиот народ;
20
дека нашите првосвештеници и управници Го предадоа да биде осуден на смрт и Го распнаа;
21
а ние се надевавме оти е Он Оној што треба да го избави Израилот; но и покрај сето тоа, денес е веќе трет ден, откако стана ова.
22
А и некои жени од нашите нѐ исплашија; тие биле рано на гробот,
23
и не го нашле телото Негово; и кога се вратија, рекоа дека им се јавиле ангели и дека им кажале оти е Он жив.
24
Отидоа на гробот и некои од нашите и најдоа исто така, како што рекоа жените; но Него не Го виделе.«
25
Тогаш им рече: »О, безумни и тврди по срце, да верувате во сѐ што рекле пророците!
26
Не требаше ли така да пострада Христос и да влезе во Својата слава?«
27
Па, како почна од Мојсеја и од сите пророци, им зборуваше што е кажано за Него во целото Писмо.
28
И тие се приближија до селото, во кое одеа; а Он се направи како да сака да продолжи.
29
Но тие Го задржаа, велејќи: »Остани со нас, оти денот превали и наскоро ќе се стемни!« Он влезе и остана со нив.
30
А кога седеше со нив на трпеза, зеде леб, го благослови, го прекрши и им подаде;
31
тогаш им се отворија очите и тие Го познаа; но Он стана невидлив за нив.
32
И си рекоа еден на друг: »Зар не гореа срцата наши, кога ни зборуваше по патот и кога ни го објаснуваше Писмото?«
33
Па во истиот час станаа, се вратија во Ерусалим и ги најдоа собрани единаесетте и оние што беа со нив,
34
каде што говореа дека Господ навистина воскреснал и му се јавил на Симона.
35
И тие кажаа за она, што им се случи по патот и како Го познаа, кога го прекршувал лебот.
36
Додека тие уште зборуваа за тоа, Сам Исус застана среде нив и им рече: »Мир вам!«
37
А тие, така збунети и уплашени, помислија оти гледаат дух.
38
Но Он им рече: »Што се плашите и зошто такви мисли влегуваат во срцата ваши?
39
Видете ги рацете Мои и нозете Мои: Јас сум Истиот; допрете се до Мене и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, Јас имам.«
40
А кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете.
41
Но, додека тие од радост уште не веруваа и се чудеа, Он им рече: »Имате ли овде нешто за јадење?«
42
Тие Му дадоа парче риба печена и мед со саќе.
43
И кога зеде, јадеше пред нив.
44
Па им рече: »Ете, тоа е она за што ви зборував уште додека бев со вас, оти треба да се исполни сѐ што е напишано за Мене во Законот Мојсеев и кај Пророците, и во Псалмите.«
45
Тогаш им го отвори умот за да ги разбираат Писмата,
46
и им рече: »Така е напишано и така требаше да пострада Христос и да воскресне од мртвите на третиот ден,
47
и да биде проповедано во Неговото име и покајание и проштавање на гревовите кај сите народи, почнувајќи од Ерусалим;
48
а вие сте сведоци за ова.
49
И ете, Јас ќе го испратам врз вас ветувањето од Мојот Отец; а вие останете во градот Ерусалим, дури не се облечете во сила одозгора.«
50
И ги изведе надвор во Витанија, па кога ги подигна рацете, ги благослови.
51
И кога ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небото;
52
тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост.
53
И беа постојано во храмот, каде што Го прославуваа и благословуваа Бога. Амин!
← Chapter 23
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24