bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Luke 22
Luke 22
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 23 →
1
Се приближуваше празникот Бесквасници, наречен Пасха;
2
а првосвештениците и книжниците гледаа како да Го погубат, оти се плашеа од народот.
3
И влезе сатаната во Јуда, наречен Искариот, еден од бројот на дванаесетте.
4
И кога отиде, се договори со првосвештениците и началниците, како да им Го предаде.
5
Тие се зарадуваа и се согласија да му дадат сребреници.
6
И тој вети, и бараше погодно време, да им Го предаде тајно од народот.
7
И дојде денот Бесквасници, кога требаше да се заколе пасхалното јагне;
8
па ги испрати Исус Петра и Јована и им рече: »Отидете и пригответе ни пасха, за да јадеме!«
9
А тие Му рекоа: »Каде сакаш да приготвивме?«
10
Он им рече: »Ете, влегувајќи в град, ќе ве сретне човек со стомна вода; одете по него во куќата, каде што ќе влезе,
11
и кажете му на домаќинот од куќата: ‚Учителот ти вели: каде е собата, во која треба да јадам пасха со учениците Свои?‘
12
И тој ќе ви покаже голема одаја, послана; таму пригответе.«
13
Кога отидоа, најдоа како што им беше рекол и ја приготвија пасхата.
14
А кога дојде времето, Он седна на трпезата и дванаесетте апостоли со Него.
15
И им рече: »Од сѐ срце сакав да ја јадам оваа пасха со вас, пред да пострадам;
16
оти, ви велам: нема веќе да јадам од неа, дури таа не се доврши во царството Божјо.«
17
Па како ја зеде чашата, заблагодари и рече: »Земете и разделете ја помеѓу себе,
18
зашто нема да пијам од лозовиот плод, додека не дојде царството Божјо.«
19
Потоа зеде леб и заблагодари, го прекрши и им даде, велејќи: »Ова е Моето тело, што се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!«
20
Исто така и со чашата, по вечерата, велејќи: »Оваа чаша е Новиот завет со Мојата крв, која се пролива за вас.
21
Но, ете, раката на оној што Ме предава е со Мене на трпезава.
22
Синот Човечки, пак, оди, според она како што е определено, но тешко му на оној човек, што ќе Го предаде.«
23
И почнаа да се прашуваат помеѓу себе, кој ли ќе е од нив што ќе го направи тоа?
24
А се појави помеѓу нив и препирка, кој од нив да се смета за поголем.
25
Но Он им рече: »Царевите владеат над народите, а оние што управуваат над нив се викаат добротвори.
26
Вие, пак, немојте така; но поголемиот меѓу вас да биде како најмалиот, и тој, што е старешина, да биде како слуга.
27
Зашто кој е поголем: тој што седи на трпеза, или оној што слугува? Зар не е оној што седи? А Јас сум меѓу вас како слуга.
28
Но вие сте, кои издржавте со Мене во Моите напасти,
29
и Јас ви ветувам, како што Ми вети Мојот Отец, царство,
30
за да јадете и да пиете на трпезата Моја во царството Мое, и да седнете на престоли и да им судите на дванаесетте Израилеви колена.«
31
И рече Господ: »Симоне, Симоне, ете, сатаната посака да ве сее како пченица;
32
но Јас се молев за тебе, за да не намали твојата вера; а ти некогаш, кога ќе се обратиш, укрепи ги браќата свои!«
33
А тој Му одговори: »Господи, готов сум да одам со Тебе и в затвор, и на смрт.«
34
Но Он му рече: »Ти велам, Петре, нема денес да пропее петел, дури трипати не откажеш оти Ме познаваш.«
35
Па им рече: »Кога ве пратив без ќесе, и без торба, и без обувки, останавте ли лишени од нешто?« Тие одговорија: »Од ништо.«
36
И им рече: »Но сега, кој има ќесе, нека си го земе, исто така и торба; а кој нема, нека си го продаде облеклото и да купи нож;
37
зашто, ви велам, на Мене треба да се изврши и ова од Писмото: ‚И меѓу злочинци Го кладоа.‘ Оти она што се однесува на Мене, се исполнува.«
38
А тие рекоа: »Господи, еве овде има два ножа.« Он им одговори: »Доволни се.«
39
И кога излезе, тргна, како обично кон Елеонската Гора; по Него одеа и учениците Негови.
40
А штом дојде на тоа место, им рече: »Молете се за да не паднете во искушение!«
41
И Он се одвои од нив, колку камен што може да се фрли, па преклони колена и се молеше,
42
велејќи: »Оче, кога би сакал да Ме одмине оваа чаша! Но нека не биде Мојата волја, туку Твојата!«
43
И Му се јави ангел од небото и Го поткрепуваше.
44
Па, бидејќи се наоѓаше во внатрешна борба, поусрдно се молеше, а потта Му беше како капки крв, што паѓаа на земјата.
45
Штом стана од молитвата, дојде при учениците Свои и ги најде заспани од тага.
46
И им рече: »Зошто спиете? Станете и молете Му се на Бога, за да не паднете во искушение!«
47
И додека Он уште зборуваше, ете, се појави многу народ и пред сите одеше еден од дванаесетте, наречен Јуда, кој се приближи до Исуса да Го целива. Зашто таков знак им беше дал: »Кого ќе Го целивам, Он е.«
48
А Исус му рече: »Јудо, со целив ли Го предаваш Синот Човечки?«
49
Оние, пак, што беа со Него, кога видоа што ќе стане, Му рекоа: »Господи, да удриме ли со нож?«
50
И еден од нив го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече десното уво.
51
А Исус одговори и рече: »Оставете го тоа, запрете!« Па, кога се допре до увото негово, го излекува.
52
А на првосвештениците и црковните управници и на старешините, што беа дошле против Него, Исус им рече: »Како на разбојник сте излегле со ножеви и колови, за да Ме фатите?
53
Секој ден бев со вас во храмот и не кренавте рака на Мене, но сега е вашето време и власта на мракот.«
54
И кога Го фатија, Го поведоа и одведоа во домот на првосвештеникот. А Петар оддалеку одеше по Него.
55
Кога запалија оган во дворот и седнаа наоколу, седна и Петар меѓу нив.
56
А една слугинка, штом го виде како седи покрај огнот, погледна на него и рече: »И овој беше со Него!«
57
Но тој се одрече од Него, велејќи: »Жено, не го познавам!«
58
Малку потоа, кога го виде еден друг, рече: »И ти си од нив!« Но Петар му рече: »Човеку, не сум!«
59
А кога мина време околу еден час, друг еден почна да тврди, зборувајќи: »Навистина, и овој беше со Него, оти е Галилеец!«
60
Но Петар рече: »Човеку, не знам што зборуваш!« И одеднаш, уште дури говореше, петел запеа.
61
Тогаш Господ се заврти и го погледна Петра, а Петар се сети на Господовите зборови што му ги беше рекол: »Уште додека петел не пропее, трипати ќе се одречеш од Мене.«
62
И штом излезе надвор, заплака горко.
63
А луѓето, што го држеа Исуса, Му се потсмеваа и Го биеја.
64
Па, кога Го покрија, Го удираа по образите и Го прашуваа, велејќи: »Проречи кој Те удри?«
65
И многу други хули рекоа против Него.
66
А кога се раздени, се собраа старешините народни, првосвештениците и книжниците и Го воведоа во Синедрионот,
67
и рекоа: »Ако си Ти Христос, кажи ни!« Но Он им одговори: »И да ви кажам, нема да поверувате.
68
И да ве запрашам, нема да Ми одговорите, ниту ќе Ме пуштите.
69
Отсега Синот Човечки ќе седи оддесно на силата Божја.«
70
И сите рекоа: »Ти ли си, значи, Син Божји?« А Он им рече: »Вие велите дека сум Јас.«
71
А тие рекоа: »Какво сведоштво ни треба уште? Ние сами чувме од Неговата уста.«
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 23 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24