bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Luke 4
Luke 4
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 5 →
1
Исполнет со Дух Свети, Исус се врати од Јордан, и беше одведен од Духот во пустина.
2
Четириесет дена Го искушуваше ѓаволот, и ништо не јаде во тие дни; а кога изминаа тие, најпосле огладне.
3
И Му рече ѓаволот: »Ако си Син Божји, кажи му на овој камен да стане леб.«
4
А Исус му одговори и рече: »Напишано е дека не само со леб ќе живее човекот, туку и со секој збор Божји.«
5
И кога Го одведе на една висока планина, ѓаволот Му ги покажа наеднаш сите царства во светот.
6
И Му рече ѓаволот: »Тебе ќе Ти ја дадам сета оваа власт, и нивната слава, зашто мене ми е предадена, и ја давам кому што сакам.
7
Ако ми се поклониш, сето тоа ќе биде Твое.«
8
Но Исус му одговори и рече: »Бегај од Мене, сатано, оти е напишано: ‚На Господа, Твојот Бог, клањај Му се и само Нему служи Му!‘«
9
И Го одведе во Ерусалим, и Го постави на храмовиот покрив, па Му рече: »Ако си Син Божји, фрли се одовде долу!
10
Зашто е напишано: ‚На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе, да Те запазат;
11
и на раце ќе Те земат, да не би некако да ја сопнеш ногата Своја на камен‘.«
12
И Исус му одговори и рече: »Кажано е: ‚Не искушувај Го Господа, својот Бог!‘«
13
Па како заврши ѓаволот со сите искушенија, отиде од Него за некое време.
14
И се врати Исус во Галилеја во силата на Духот; и се разнесе глас за Него по целиот тој крај.
15
А Он поучуваше по синагогите нивни, прославуван од сите.
16
И дојде во Назарет, каде што беше одраснал, и по обичајот Свој влезе еден саботен ден во синагогата, па застана да чита.
17
Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија; и Он, штом ја отвори, го најде местото каде што беше напишано:
18
Духот Господов е врз Мене; затоа Ме помаза да им соопштам радосна вест на бедните. Ме прати да ги исцелам сокрушените по срце, да им проповедам на заробените ослободување и на слепите прогледување, да ги пуштам на слобода напатените;
19
да ја проповедам благопријатната година Господова!
20
И кога ја затвори книгата и му ја даде на слугата, седна; а очите на сите во синагогата беа вперени во Него.
21
И почна да им говори: »Денес се исполни ова Писмо, што го чувте.«
22
И сите Му посведочија, и се восхитуваа на Неговите благодатни зборови, што излегуваа од устата Негова, и велеа: »Не е ли Овој синот на Јосифа?«
23
А Он им рече: »Секој од вас сигурно ќе Ми приговори: ‚Лекаре, излекувај се Сам! Направи го и овде, во Твојот роден крај, она, што чувме дека се случило во Капернаум.‘«
24
Па им рече: »Вистина ви велам: ниеден пророк не е мил во земјата своја.
25
Навистина ви кажувам: имаше многу вдовици во Израилот, во деновите на Илија, кога се затвори небото три години и шест месеци и настана голем глад по целата земја;
26
и при ниедна од нив не беше пратен Илија, но само кај вдовицата во Сарепта Сидонска;
27
и мнозина беа лепрозни во Израилот, при пророкот Елисеј, и ниеден од нив не се очисти, освен Сириецот Нееман.«
28
А кога го чуја тоа, сите во синагогата се исполнија со гнев;
29
па како станаа, Го истераа надвор од градот и Го одведоа на врвот од еден рид, каде што беше соѕидан нивниот град, за да Го турнат одозгора.
30
Но Он си помина меѓу нив и си отиде.
31
И слезе во Капернаум, во градот Галилејски, и ги поучуваше во саботните денови.
32
И се чудеа на Неговата наука, зашто словото Му беше со власт.
33
Во синагогата се наоѓаше еден човек, во кого имаше нечист бесовски дух, и тој извика гласно:
34
О, што имаш со нас, Ти, Исусе Назарејче? Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам кој си, Ти си Светец Божји.
35
А Исус му забрани, говорејќи: »Молкни и излези од него!« Па откако го кутна насреде, бесот излезе од него и ништо лошо не му направи.
36
И сите се уплашија, и расудуваа, говорејќи меѓу себе: »Какви се овие зборови, со власт и сила им заповеда на нечистите духови и тие излегуваат?«
37
Па се разнесе глас за Него по сите околни места.
38
Штом излезе од синагогата, влезе во куќата Симонова; а бабата на Симона имаше силна треска, и Го помолија за неа.
39
И како застана над неа, Он ја отстрани треската, и таа ја остави; и жената веднаш стана и им служеше.
40
И на зајдисонце, сите, што имаа болни од разни болести, ги доведуваа при Него; а Он, возлагајќи раце над секого од нив, ги исцелуваше.
41
Од мнозина излегуваа бесови со викање, и велеа: »Ти си Христос, Син Божји!« А Он забрануваше и не им позволуваше да кажуваат, оти знаат дека е Он Христос.
42
Кога се раздени, Он излезе и отиде на осамено место, а луѓето Го бараа па, кога дојдоа при Него, Го задржуваа да не си оди од нив.
43
А Он им рече: »И на другите градови треба да им соопштам радосна вест за царството Божјо, оти за тоа сум пратен.«
44
И проповедаше по синагогите галилејски.
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 5 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24