bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Mark 1
Mark 1
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 2 →
1
Почеток од Евангелието на Исуса Христа, Син Божји,
2
како што е напишано кај пророците: »Еве, Јас го испраќам пред лицето Твое Мојот ангел, кој што ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.«
3
Гласот на оној, што вика во пустината: пригответе го патот на Господа, израмнете ги патеките Негови.
4
Се јави Јован, крштавајќи во пустината, и проповедаше покајно крштавање за проштавање на гревовите.
5
И излегуваа при него од целата Јудејска страна и од Ерусалим, и сите се крштаваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови.
6
А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и јадеше скакулци и див мед.
7
И проповедаше, велејќи: »По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови.
8
Јас ве крстив со вода, а Он ќе ве крсти со Дух Свети.«
9
А во оние дни дојде Исус од Назарет Галилејски и се крсти од Јована во Јордан.
10
И кога излегуваше од водата, веднаш виде како се отвораат небесата, и Духот, во вид на гулаб, како слегува на Него.
11
И се чу глас од небесата: »Ти си Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја.«
12
Веднаш потоа Духот Го изведе во пустина.
13
И беше таму, во пустината, четириесет дни искушуван од сатаната; беше со ѕверови и ангелите Му служеја.
14
А потоа, кога Јован беше предаден, дојде Исус во Галилеја и ја проповедаше радосната вест за царството Божјо,
15
и велеше: »Времето се исполни и царството Божјо наближи, покајте се и верувајте во Евангелието.«
16
И, одејќи покрај Галилејското Море, го виде Симона и брата му Андреја, како фрлаат мрежа во морето, зашто беа рибари.
17
Исус им рече: »Врвете по Мене, и Јас ќе ве направам ловци на луѓе!«
18
И тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.
19
Па, штом одмина малку, го виде Јакова Зеведеев и брата му Јована, исто така во кораб, како ги крпат мрежите свои;
20
веднаш ги повика и нив. И тие, оставајќи го татка си Зеведеја во коработ со наемниците, тргнаа по Него.
21
И дојдоа во Капернаум; и веднаш во саботата влезе Он во синагогата и поучуваше.
22
И се чудеа на Неговата наука, оти Он ги учеше како Оној што има власт, а не како книжниците.
23
Имаше во синагогата нивна човек со нечист дух, и извика, говорејќи:
24
О, што имаш Ти со нас, Исусе Назарејче! Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам Кој си Ти, Светец Божји!
25
Но Исус му забрани, велејќи: »Молкни и излези од него!«
26
Тогаш го стресе нечистиот дух, па извика со висок глас и излезе од него.
27
И сите се стресоа од ужас, така што еден со друг се прашуваа и велеа: »Што е ова?! И какво е ова ново учење, што со власт и на нечистите духови им заповеда, и тие Му се покоруваат?«
28
И одеднаш се разнесе глас за него по целиот крај Галилејски.
29
Па, како излегоа од синагогата, дојдоа со Јакова и Јована во куќата на Симона и Андреја.
30
А баба му на Симона лежеше од треска; и веднаш Му јавија за неа.
31
И кога пристапи, ја фати за рака и ја подигна; и треската веднаш ја остави; и таа стана; и почна да ги послужува.
32
А приквечер, кога заоѓаше сонцето, носеа при Него секакви болни и бесни.
33
И целиот град се беше собрал пред портата.
34
И излекува мнозина што страдаа од разни болести; истера многу бесови и не им позволуваше на бесовите да кажуваат, дека знаат оти е Он Христос.
35
А утредента, во темни зори, стана, излезе и отиде во пусто место, и таму се молеше.
36
А Симон, и оние што беа со Него, поитаа по Него;
37
па, кога Го најдоа, Му рекоа: »Сите Те бараат.«
38
А Он им рече: »Да појдеме до блиските села и градови, и таму да проповедам, зашто затоа сум излегол.«
39
И проповедаше во нивните синагоги по цела Галилеја и изгонуваше бесови.
40
И дојде при Него еден лепрозен, па, молејќи Го, падна пред Него и Му рече: »Ако сакаш, можеш да ме очистиш.«
41
А Исус, кога се смилува, протегна рака, се допре до него и му рече: »Сакам! Очисти се!«
42
И штом го рече тоа, се изгуби лепрата од него, и тој стана чист;
43
па, како го отпушти, му заповеда
44
и му рече: »Гледај, никому ништо да не кажуваш; но оди, покажи му се на свештеникот и принеси дар за очистување, како што заповедал Мојсеј – ним за сведоштво.«
45
А тој, штом излезе, почна да раскажува многу и да разгласува, така што Исус не можеше јавно да влезе во градот, а се задржуваше надвор, во осамотени места. И приоѓаа кај Него отсекаде.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16