bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Mark 3
Mark 3
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 4 →
1
И влезе пак во синагогата, а таму имаше еден човек со исушена рака.
2
И пазеа на Него, дали ќе го исцели во саботен ден, за да Го обвинат.
3
А Он му рече на човекот со исушената рака: »Застани насреде!«
4
Ним, пак, им кажа: »Во сабота позволено ли е да прави човек добро, или зло; да спаси една душа, или да ја погуби?«
5
Па, кога ги изгледа со гнев, зашто Му беше тешко поради нивните скаменети срца, му рече на човекот: »Протегни ја раката своја!« Тој ја протегна, и таа му стана здрава, како и другата.
6
Фарисеите, штом излегоа, веднаш се собраа со иродовците на совет против Него, како да Го погубат.
7
Исус, пак, отиде со Своите ученици кон морето, и по Него одеше многу народ од Галилеја, и од Јудеја,
8
од Ерусалим, и од Идумеја и отаде Јордан. Па и од Тир и Сидон, откако чуја какви дела врши, во голем број дојдоа кај Него.
9
И им порача на учениците Свои да Му приготват кораб, поради народот, за да не Му додева;
10
зашто мнозина беше излекувал, така што сите, кои беа болни, навалуваа на Него за да се доближат до Него.
11
И нечистите духови, штом ќе Го видеа, паѓаа пред Него, викаа и говореа: »Ти си Син Божји!«
12
Но он строго им забрануваше да разгласуваат за Него.
13
Потоа се искачи на гората и ги повика при Себе оние, кои Сам ги одбра, и тие дојдоа при Него.
14
Избра дванаесетмина да бидат со Него, и да ги праќа да проповедаат;
15
и да имаат власт да лекуваат болести и да изгонуваат бесови:
16
првиот Симон, кого го нарече Петар;
17
па Јаков Зеведеев и брат му Јован, на кои им даде име Воанергес, што значи: синови на громот;
18
потоа Андреј, Филип, Вартоломеј, Матеј, Тома, Јаков Алфеев, Тадеј, Симон Кананит
19
и Јуда Искариотски, кој и Го предаде.
20
И дојдоа во една куќа; и пак се собра народ – така што и тие не можеа ни леб да јадат.
21
И кога чуја Неговите домашни, отидоа да Го приберат, оти се говореше дека не бил на Себеси.
22
А книжниците, што беа слегнале од Ерусалим, велеа дека во Него е Велзевул и дека бесовите ги истерува со силата на кнезот демонски.
23
И кога ги повика, им говореше во параболи: »Како може сатаната да изгонува сатана?
24
Ако едно царство се раздели на делови, еден против друг, тоа царство не може да се одржи;
25
и, ако еден дом се раздели на делови, еден против друг, тој дом не може да опстане;
26
ако и сатаната се дигнал против себеси, и се разделил, не ќе може да се одржи; му дошол крајот и нему.
27
Никој не може, кога ќе влезе во куќата на силен човек, да му ја ограби покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот; и тогаш ќе му ја земе покуќнината.
28
Вистина, ви велам: на човечките синови ќе им се простат сите гревови и хули, какви и да бидат тие;
29
но, кој похули на Светиот Дух, нему нема да му се прости никогаш, а ќе биде виновен пред вечниот суд.«
30
Тоа го рече, оти велеа: »Нечист дух е во Него.«
31
И дојдоа мајка Му и браќата Негови, па, стоејќи надвор, порачаа да Го викнат.
32
А околу Него седеше народ. И Му рекоа: »Ете, мајка Ти и браќата Твои, и сестрите Твои, надвор се и Те бараат.«
33
А Он им одговори, велејќи: »Која е мојата мајка, или кои се браќата Мои?«
34
Па, како ги погледна оние што седеа околу Него, рече: »Еве ги Мојата мајка и Моите браќа.
35
Зашто оној, кој ја исполнува волјата Божја, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.«
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16